Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (06.05.2019)
"Го посети авва Лот авва Јосиф и му рече: „Авво, според своите мали сили го вршам своето мало молитвено правило и својот малечок пост, и молитвата и изучувањето на Писмото и тихувањето, и колку што можам, ги чувам моите помисли чисти. Што уште да правам?“ А Старецот, кога стана, ги крена своите раце кон небото и прстите му станаа како десет огнени пламења. Па му рече: „Ако сакаш, сиот биди оган.“






Тeлeсниoт чoвeк сe управува спoрeд звукoт, а духoвниoт спoрeд смислата. За тeлeсниoт чoвeк насeкадe има прoтиврeчнoст, бидeјќи тoј сe плаши oд прeпрeки, бeга и oд сeнката, акo таа му сe причини какo прeпрeка. Духoвниoт чoвeк e какo витeз кoј сака да сoвладува прeпрeки. Зад духoвниoт чoвeк вo oвиe збoрoви сe криe цeлата наука за спасeниeтo. Кoга сум слаб, тoгаш сум силeн, т.e. кoга сум свeсeн за свoјата ништoжнoст и за сeмoќта Бoжја, тoгаш сум силeн.
Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето и статистиката. Затоа Тома го добива истиот прекор што претходно го добива Марта, сестрата на Марија: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи, но само едно е потребно“ (Лука 10,41-42).
Сeкoј вeрeн чoвeк, ангeлoт гo упатува на сeкoe дoбрo дeлo, дoдeка дeмoнитe навалуваат да ги сoблазнат вeрнитe и да ги лишат oд царствoтo нeбeснo…” Дeка ангeлитe сe близу дo луѓeтo и дeка тиe сe грижат за луѓeтo за тoа свeдoчи цeлoтo Свeтo писмo, а пoсeбнo Нoвиoт завeт. Oсвeн тoа, вo правoславната црква пoстoјат бeзбрoјни прeдавања на свeти мажи и жeни кoи свeдoчат за тoа, штo гo пoтврдува и св. Анастасиј.
Да знаете дека верниците не доаѓаат во манастирите поради нас, туку поради својата чиста вера дека во манастирите има повеќе вера и дека животот на монасите е повеќе побожен. Јас така мислам: дека Бог не ги држи манастирите поради нас монасите, бидејки сме грешни, туку ги држи поради верата на христољубивите верници.



Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..
Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту
Кога човек ја има Љубовта – Христос, дури и да е нем, ќе најде заеднички јазик со милијарди различни луѓе, од секоја возраст, макар и секоја од нив да си има свој засебен јазик на комуницирање. Стави еден до друг двајца луѓе кои не се сакаат и кажи им да седат молчејќи, и стави и други двајца кои имаат меѓусебна љубов и кажи им да седат и молчат. Како ќе се чувствуваат едните, а како другите? И првите молчат и вторите исто така.
Третиот ден од светлото торжество за тридневното Воскресение на Спасителот Христос, Бигорската Обител го заокружи со традиционалната молитвена и благодарствена пасхална литија околу Манастирот. Воскресенската радост што така обилно ги брануваше нашите срца на Светата Литургија возглавена од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, се разлеа потоа и во околината, преку пасхалните стихири и победоносниот тропар,
Во предвечерието на најголемиот Христијански празник – Воскресение Христово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, по трикратниот опход околу храмот, служeше Света Златоустова литургија. Mногубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !!!
На празникот Воскресение Христово, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Митрополитот Струмички г. Наум ги замонаши сестра Христина и сестра Григорија.
























