Архимандрит Андреј Конанос: Тешко ни е да се довериме на Бога – V дел

Забелешките не се убаво нешто, престани да им правиш забелешки на другите луѓе, кој што прави, остави ги луѓето на мир. Пред извесно време беседев на таква тема: „Остави го своето дете на мир!“ Остави го, веќе си го полудела со „добрите“ поуки што му ги кажуваш, со проповедите што му ги изнесуваш, со притисокот –тоа знае што е правилно. Направи го чудото што ти го кажав претходно, промени му го животот со твојата молитва, поглед






Моќен и слаткоречив беседник за тајната на овој ден, поточно за таинствената личност на денешниот славеник, беше некогашниот светогорски собрат на нашиот Старец, Епископот Климент, кој со зборови натопени од искуство говореше за „чудесниот плод на јудејската пустина“. Притоа, игуменот зрзески го круниса своето вдахновено слово со чудотворството на Свети Јован во Македонија, карактеризирајќи ја Бигорската Обител како негов плод.

Некој стар духовник ги запраша еднаш своите ученици по што би можеле да го препознаат моментот кога престанува ноќта и започнува денот.
Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на спасението и со нашето лично спасение. Древните, катакомбни христијани во раѓањето, во родендените што денес еуфорично ги празнуваме и одбележуваме, не гледале ништо значајно. За ден на раѓање го сметале денот на својата смрт, денот на нивното претставување од овој свет.
Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм ти да сe радуваш на загубата на свoјoт Сoздатeл, свoјoт Рoдитeл? Зарeм кoга плачат ангeлитe, ти да сe вeсeлиш?
Eдна oд разликитe пoмeѓу краснoрeчивата eлинска филoзoфија и христијанската вeра e тoа штo eлинската филoзoфија дoзвoлува сè јаснo сo збoрoви да сe излoжи и сo читањe да сe разбeрe, дoдeка христијанската вeра ниту дава цeлата јаснo сo збoрoви да сe излoжи, ниту, пак, уштe пoмалку, самo сo читањe да сe разбeрe. При излагањeтo на христијанската вeра нeoпхoдeн e и примeр на излoжувачoт, а при разбирањeтo и усвoјувањeтo, oсвeн читањe,пoтрeбнo e и вeжбањe на читачoт.
Песните застапени во четвртата книга во вистинската смисла на зборот претставуваатлирски изблици на автори кои не копнеат по книжевна слава.Богатиот спектар на искрени чувства е реализиран без лажни украси и славопојки,туку во манир на едно искрено и чедно соочување со секојдневието.Преку едноставните и..
Веројатно самотијата е една од клучните невидливи алки и нишки што ги поврзуваат аскетите, уметниците и научниците од различни времиња и простори. Рајнер Марија Рилке, еден од најголемите поети на модерните времиња, има кажано дека поетот се раѓа во самотија. За да се долови осаменоста, луѓето од памтивек посочуваат на анималните симболи, па така, во еден од знаменитите романи на Херман Хесе, степскиот волк прераснува во метафора на осаменоста.
Оваа збирка песни, втемелена врз концептуален тематски и жанровски пристап, е придружена од уводна реч на авторот Кипријан Слепченски. Уводниот оглед на авторот е автоинтерпретативен, автопоетички(оглед). Во него е опеана тезата за „јазик без зборови“ (КС, 2019: 6) кој и’ претходи на песната и следи по песната. Јазикот на песната, впрочем, не е само јазик на зборови, туку во себе го вградува јазикот на звукот и созвучноста, јазикот на тишината,
Во очи на празникот на раѓањето на свети Јован Претеча, заштитникот на Светата Слепченска Претеченска обител, од сестринството на манастирот за народот, излезе од печат четвртата стихозбирка богољубива поезија Манастирски води , наречена Осамен волк. Рецензенти на книгата се академик Катица Ќулафкова, наша реномирана поетеса, литературен теоретичар и критичар, проф.др Владимир Мартиновски - поет, есеист, раскажувач,
Чистото срце е слично на добра обработена плодна земја која донесува разновидни и обилни плодови. Чистото срце раѓа кротост, смиреност и милосрдие. Во бистра вода се огледува и небото и сонцето, и таа ги освежува жедните и ја гасне телесната жед. Човечкото срце е слично на бистрата вода. Го отсликува духовното небо и духовното сонце и во него се огледува Божјата кротост, сјај и величие. Во чисто срце се отсликува светоста Божја. Вистинска светлина која го осветлува секој човек. Чистото срце е слично на оган, па како што огнот го чисти за'рѓаниот метал, така и чистото срце го изгорува гревот во себе.
Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и станале зависни од Него, Кој е единствен независен по природа. Тоа значи дека тие, присоединувајќи се кон Него, стекнале вистинска слобода во Него, го достигнале совршенството на слободата и љубовта.
Вака размислувајќи, Захариј се вознемири. А архангелот Гавриил, гледајќи ги помислите на свештеникот, веднаш му одговори кротко и со тивок глас, убедувајќи го, и рече: „Не бој се Захарија, зашто е услишена твојата молитва и твојата жена ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. Зашто јас дојдов од небото не само да ти соопштам за синот, туку му го носам и името. И мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање. Твоето чедо ќе биде дар Божји и од тебе ќе израсне овошка која ќе им даде род на сите луѓе. Ти ќе бидеш татко, а оној што ќе се роди од тебе ќе биде светилник на сиот народ“.[1]
На празникот на Свети Наум - чудотворец Охридски, во параклисот посветен на овој светител во Велес, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Присутните верници молитвено му се поклонија на големиот семакедонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови.

























