15-ти април, лето Господово 2014
Прашање: Jas sum majka na dve deca. pred godina se porodiv so vtoroto i mu blagodaram na Boga sto me blagoslovi i po vtor pat da stanam majka. Za mene semejstvoto i ljubovta sprema Boga se najbitni nesta vo zivotot.
Bi sakala da prasam kako da se zastitam od povtorna bremenost a pritoa da ne koristam bilo kakva kontracepcija bidejki i toa kako abortusot e golem grev. Mm e golem vernik i veli deka dodeka mozam treba da ragjam no zaedno ne go delime istoto mislenje. Koga ne se posti probuvam da go izbegnuvam intimno zosto iskreno ne bi mozele da isko;ime na kraj so uste deca. Nezam sto e ispravno i molam za brz odgovor.
Gospod da ni dava mir na site vo dusata,slava mu! AMIN
Одговор:
Слава му на Бога за секој благослов, а благословот за да имаме пород е еден од најголемите. Ние дома долго се двоумевме дали да имаме трето дете, но слава му на Бога, Бог ни дарува трето дете и слава му, прекрасно е! За секој дар, дали го сакаме или „не„ го сакаме треба да му благодариме на Бога! Во бракот треба да постои едномислие, за да не се осудуваме еден со друг. Што се однесува до контрацепцијата, таа е далеку од православниот став за воздржување, но кога воздржувањето е доведено во прашање, тогаш според мое мислење (можеби грешам, Бог нека ми прости)контрацепцијата секако е „помалото„ зло од абортусот, кој се смета за, и е чедоморство. Но, и за воздржувањето и за невоздржувањето и за контрацепцијата или без неа треба да има отворена согласнот од брачните другари, секако и отворен разговор низ исповед со својот духовен отец.
Преминпортал
Лето Господово 2014