Презвитер Горан Стојчевски
5-ти август , лето Господово 2014
Прашање од Петранка: Ви се обраќам за совет! Имено по стапувањето во брак(црковен и граѓански) живеевме скоро една година во мир и љубов. Но потоа се почна да се менува, почна да се јавува бес интолеранција нервоза и нетрпение кај нас двајцата, а како кулминација на се е што сопругот веќе нема ни сила за еднакво партиципирање и оджрување на семејството ( секогаш се чувствува уморен дури и после спиење- а здравствено е во ред.) Додатен проблем ми е што претходно често одевме во црква заедно и постевме заедно, а сега ( последнава година ), едноставно тој го одбегнува сето тоа,
Одговор:
1. Како што и самиот свети апостол Павле поучува, одкаде да знаеме дека еден човек кои не верува во Бога дека ќе биде спасен од оние што веруваат, значи наше е, ние кои веруваме да работиме на нашето спасение, да се трудиме во молитвата, во читањето на Светото Писмо, во почестото причестување со благослов на свештеник, и секако наша обврска е да се молиме и за нашите ближни, иако тие изгубиле, вера или надеж, наше е да се трудиме, а Бог ќе делува! Воопшто да не се доведете во ситуација вие да хулите на вашиот татко, а за се друго, како што рекол и Нашиот Господ, кога Го распнуваат, Боже, прости им, не знаат што прават!
2. Еден искусен православен свештеник од Америка има напишано, ако во бракот постои расправија, бракот успева. Но, за тоа, треба да се издигнеме над тие искушенија, бес, нетолеранција, нервоза и нетрпение се состојби (освен ако не се, дотолку карактерни црти) на изгубениот мир во душата, тука низ молитвата, Госпосди Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот/грешната, бараме прошка за гревовите, но бараме и да ни се врати мирот Христов во нас, па наместо на бес, да се трудиме во смиреност, во толеранција, трпение, и тие се состојби кои се вежбаат, на кои прво се присилуваме, а потоа и стануваат дел од нас. Место за префрлање вина, не треба да има, а Бог секогаш наоѓа начин да смири и да ни даде мудрост, кога ќе се оттргнеме од верата. Најважно е да се трудиме во духовниот живот, во почесто практикување на молитвата, а се друго постепено, Бог ќе дава. Почесто кажувајте ја и „Пресвата Богородица, спаси не.“