СОПШТЕНИЕ (22.12.2016)
На 24 декември 2016 година во Скопје во Црквата на Рождество на Пресвета Богородица ( во центар), со почеток од 9 часот, ќе се отслужи заупокоена Литургија и помен по повод трагичната смрт на Амбасадор на Русија во Турција Андреј Карлов, на која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан“.








Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.





На 02.12.2016 година (петок), од 10,30 часот, во храмот на св. Петка, гостин ќе биде професорот на Теолошкиот факултет м-р Петко Златески. 




























