логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

Како вероучители секој ден  се соочуваме со следните теми: глобализација, многујазичност, обединета Европа, взаемна зависност, толеранција, солидарност. Каков треба да биде нашиот став како православни христијани и учители кои сме повикани да ги учиме учениците дека секој народ треба да ги почитува религиозните ставови на другите народи, како и тоа дека луѓето не треба да бидат ценети според нивната вера, бидејќи самите луѓе претставуваат вредност сами по себе. Дали почитта кон друга религиозна догма претставува нејзино прифаќање? Ако е така не ли е тоа потсмевање со вистинскиот Бог?

За почеток треба да кажеме дека во нашево време се соочуваме со дилеми и прашања, настани и состојби кои претходно не им биле познати на луѓето. Порано не постоела ни глобализацијата, ни обединета Европа, ниту многујазичноста, и не можеле да постојат такви проблеми, веројатно поради специфичните околности што си ги носи секое време. Имало ереси, имало непријатели на Црквата, но тоа било нешто друго.

Споменативе теми се искушенија на нашето време и верникот е повикан да воспостави однос кон тие појави. Многу правилно е да се постави прашањето – каков треба да биде нашиот однос, не само како православни Христијани и учители, туку и како луѓе?

Во врска со ова сметам дека проблемот не е во другите луѓе, туку во самите нас. Човекот кој вика, крева врева, покажува дека самиот има проблем со верата. Кога чувствуваш дека немаш никаков проблем, кога си уверен во твојата вера, кога си сигурен дека таа вера е вистинска, кога ја живееш нејзината вистинитост, тогаш не чувствуваш никаков страв, никаква опасност, никаква тешкотија. Кога е потребно да кажеш макар два збора, ќе ги кажеш спокојно, великодушно, со мир, без да те опфаќа паника и без да правиш нешта, кои те покажуваат како човек што има внатрешни проблеми со верата. Ако ги погледнеме светите отци на Црквата, па и целиот црковен етос, ќе видиме дека тие биле луѓе уверени во надежта што ја имаат, уверени во тоа во кое веруваат. Тие не се плашеле и не чувствувале потреба да отфрлат ниту еден човек. Тоа е еден деликатен момент, со други зборови – како можеш да ги сакаш другите луѓе, да ги прифаќаш, да ги почитуваш и цениш, но да не го примаш тоа во кое тие веруваат? Каде е златната средина – и да не се откажеш од Христовата вера, верата на Црквата, и да не го отфрлиш другиот човек? Мислам дека во врска со ова треба да бидеме луѓе кои многу добро Го разбрале Христа. Човекот што го разбрал Христа го усвоил и Христовиот дух, евангелскиот дух, тој ги утешува другите луѓе, им помага, па макар понекогаш и да се наложи да не се согласи воопшто со другиот. Не се согласувам воопшто со тоа што го велиш, но тоа не значи дека сме непријатели, не значи дека те мразам, не значи дека и ти треба да ме мразиш. Те љубам, спремен сум да умрам за тебе, за да се чувствуваш пријатно, но воопшто не се согласувам со тебе. Човекот кој го има Христовиот дух во себе си е бестрастен, во него нема ни трага од злоба, нема подлост, нема никакво злодело против другиот човек, ниту пак се превознесува, туку движен од човекољубие, опстојува во своите ставови. Со други зборови, ако некој дојде и ти каже:

Сега, проклет човеку, што се тие работи, каков муслиманин, каков христијанин, сите веруваме во еден ист Бог, сето останато се ситни разлики…

а ти одвратиш:

Е, да, во право си, ситни разлики се – тогаш не зборуваш како што треба.

Но не можеш да го кажеш и другото:

Слушај, не е така! Разликата е во тоа што ти ќе одиш во адот, а јас пак во рајот!

Не можеш да ги кажеш овие зборови, бидејќи човекот којшто го има Христовиот дух во себе си не може никого да испрати во адот, според него единствениот којшто ќе оди во адот е тој самиот. Св Силуан Атонски велел: „Сите ќе се спасат само јас ќе погинам“. Дури и отците на Црквата не можеле да ја поднесат мислата дека ќе дојде мигот кога и ѓаволот, којшто е израз на целото отстапништво од Бога, вечно ќе се оддели од Бога и ќе пребива во вечна мака. Затоа Авва Исак вели дека љубовта за сета твар, горењето на срцето за сета твар значи да се молиш за луѓето, природата, животните, дури и за влекачите и демоните, односно таа изобилна љубов кај светиите  не им давала дури ни да кажат:

Сакам сатаната да појде во адот и да се раатисаме!

Нивното срце кое било исполнето со Божја љубов, не можело да ја поднесе мислата дека дури и само една Божја творба вечно ќе се мачи. Еднаш св. Силуан Атонски и неколку подвижници биле заедно, и едниот од нив за еретиците кажал вака:

Нека горат во адот и исчезнат од Божјото лице, па и ѓаволот нека појде таму. Нѐ уништи, толку маки ни причини!

Додека тој зборувал така, св. Силуан ја нишнал главата со голема вознемиреност и рекол:

Не смееме да мислиме на таков начин!

Затоа тој со солзи ги искажал многу убавите зборови во својата молитва – „Господи, те молам, да Те познаат во Светиот Дух сите народи на земјата“.

Молитвата и грижата на Црквата е целиот свет да Го познае Бога во Светиот Дух. За тоа се молиме на Бога. Не треба ниту еден човек да го осудиме на вечни маки. Тоа не е наша работа. Таа мисла не треба да не утешува, ниту да сакаме да загине некој човек од Божјото лице.

На Света Гора имаше еден простодушен монах, којшто  го сметаше св. Пајсиј за лицемер и велеше:

Ама зошто одат при тој човек-лицемер?

Тоа го велеше делумно сериозно, а делумно на шега. Еднаш бевме сите заедно и тој како на шега рече:

Во секој случај сакам Второто Пришествие да стане дење, а не ноќе. Тука беше присутен и св Пајсиј и сите се насмеавме.

Св. Пајсиј го праша:

Зошто дење, а не ноќе?

Сакам да биде дење, за да видам каде ќе појдат некои лицемери како тебе!

Тој му рече:

Слушај, ако не стане дење, да си земеш фенерче со себе си за да осветлиш, па да видиш…

Е да, шега е, но никој последовател на Христа, не може да има во срцето дури ни најпроста помисла дека постои човек кој ќе биде одделен од Бога, па макар и тој да е најлошиот на светот, најголемиот еретик и најголемиот богохулник кој постоел на земјата. Ние сме должни да се молиме за сите да Го познаат Бога во Светиот Дух и сите да го достигнат единството на верата и познанието на Светиот Дух.

И сега што да правиме во секојдневниот живот? Ако го имаме тој Божји Дух во нас, тогаш ќе можеме да врвиме по овој многу, многу познат среден пат, односно да не паѓаме ниту во едната ниту во другата крајност. Ниту да велиме:

Знаеш ли дека сите се едно исто, нема значење дали си христијанин или нешто друго!

Ниту пак да велиме:

Кој не врви по нас, ќе биде осуден.

Тоа не е наша работа, ниту едната крајност, ниту другата.

Отец Епифани Теодоропулос вели дека двете крајности во Црквата се екуменизмот и зилотизмот. Што значат тие термини?

Екуменизмот е теорија поддржана од многу луѓе, според која сите протестанти, православни, католици и останатите деноминации се гранки на едно дрво. Тоа дрво е Црквата, а ние сме одделните гранки и треба да се погрижиме да направиме сѐ што можеме, да се обединиме повторно, да не изгледаме разделени. Тоа е своевидна ерес, бидејќи ја понижува едната света соборна и апостолска Христова Црква. Или пак веруваме дека сме членови на едната света соборна и апостолска Црква, но ако кажеме дека таа  една света соборна и апостолска Црква се разделила на многу цркви, тогаш што правиме? Која е таа Црква? Зарем исчезнала? Зарем се разделила и исполнила со ереси и човечки учења? Тогаш каде е Црквата основана од Христа и апостолите? Кој раководи со неа, ако сите се гранки на едно дрво? Екуменизмот стои надвор од Црквата.

Од другата страна е зилотизмот, којшто е неговата потполно спротивставена крајност и тврди дека од Црквата треба да се оддели секој човек кој води каков и да било дијалог или зборува со кој и да било инославен. Тие луѓе се кријат зад одредени надворешни фрази кај светите отци и во каноните, за да ги оправдаат сопствените болни состојби или ставови.

Ниту едната, ниту другата крајност. Црквата треба да го следи средниот пат. Таа не може ниту да ја предава верата, на сметка на овие синкретички појави, ниту, пак, од друга страна, треба да е тој нож којшто реже и ги испраќа луѓето во вечниот оган. Црквата го благовести словото Божјо, ден за ден, секаде и секогаш. Црквата не се плаши да води дијалог со никого, не чувствува опасност и страв за својата вера. Можеме да водиме дијалог со секој човек, спремни сме да разговараме со секој што ќе побара од нас да слушне нешто за нашата вера, ние со радост ќе му одговориме, ќе го водиме тој дијалог за нашата надеж. Не за да го отфрлиме, не за да го убиеме, не за да го осудиме, туку да го кажеме тоа што секој ден го живееме. Ние ќе го претставиме тоа кое го живееме во Црквата – Божјото присуство, благодатта на Светиот Дух, живиот опит на Црквата. Тоа нешто е светлина и светлината во мракот свети и мракот не може да ја покрие. Светлината свети во мракот, светлината нема потреба од реклама, нема потреба од бои, остави ја светлината да свети и тие кои што имаат отворени очи и гледаат ќе видат, ќе ја разберат вистинската светлина и мракот ќе исчезне сам од себе си.

 

Извор: Бигорски манастир

Друго:

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2015
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2035
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 484
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Наука и Култура

Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…
Октомври 31, 2025
CAR.JUSTINIJAN.I

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I”, годинава ќе се одржи на 31 октомври до 2 ноември, а свеченото отворање ќе се случи утре (петок), со почеток од 10:00 часот, во Музејот на македонската борба.

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2317
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 780
Default Image
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1103
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Сеп 23, 2025 Ставови 972
TviTER929
Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft,…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная