РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД
Да си замислиме дека веќе настапил стра-шниот Христов суд. Секој нека си ја испита сове-ста, нека замисли дека Судијата веќе дошол и дека се се открива и се постанува јавно. Па, ако веќе сега, додека уште не настапил денот на су-дот, туку едноставно сме се сетиле за него и само во мислите сме го доловиле, совеста е донесена во состојба на збунетост, што ли ќе биде со нас кога навистина ќе дојде денот во кој целата вселена ќе излезе на суд, каде што ќе се појават сите апостоли и архангели и другите небесни си-ли; денот кога луѓето ќе се соберат од сите краи-шта на земјата, вознесени на облаците; кога сите ќе ги обземе страв, кога насекаде ќе затрубат труби и ќе се слушаат гласови што нема да за-молчат? Ако и сега, кога влегува Царот со своја-та придружба во некој град, секој од нас, бидејќи е свесен за својата ништожност, не стекнува тол-ку задоволство од таа глетка колку што го обзема тага од причина што ни малку не може да соу-чествува во велелепноста што го опкружува Ца-рот и што не се наоѓа близу до него - што ќе биде при доаѓањето на небесниот Цар? Зар е мо-жно да ја потценуваш казната да не бидеш вбро-ен во војската на тие што ликуваат, да бидеш оддалечен засекогаш од она славје и од оние неизречиви добрини? Ама кога се овде и мракот и оковите што не се кинат, и црвот што не умира, и огинот што не се гасне, и маките и непровидна-та темнина и кога ќе се грчиме од неиздржливи болки и никој на тоа нема да обрати внимание -со што може да се спореди учеството на оние кои страдаат на овој начин? Кои од овие души се по-несреќни, кои се подостојни за сожалување? За-што, ако влегувајќи во темнината видиме некои како се исушиле од тага, други како се обремене-ти со тешки окови и како страдаат од глад, до-спеваме во состојба на ужас, па на сите начини се пазиме да не стасаме на тоа место, што ќе биде со нас кога насилно ќе не вовлечат во адот? Онде оковите не со од железо туку од оган што никогаш не се гасне; и надзорниците таму не се такви во нив да предизвикаме сострадание. Тоа ќе бидат ангели кон кои ќе се плашиме да го упа-тиме и својот поглед, бидејќи тие ќе бидат многу гневни на нас заради нашата непокорност кон Бога. Таму не е како овде: не ќе има од оние кои, за да ти ги олеснат маките, ќе ти донесат: еден сребро, друг храна, трет збор на утеха и радост; таму сите ќе бидат туѓи. Дури и Ное, Јов и Даниил да здогледаат некого од своите роднини ка-ко страда, нема да пристанат да се застапуваат за тие несреќници. Тогаш ќе ни биде одземено се-кое сострадание што е сега својствено на нашата природа. Бидејќи, ако и сега се случува родите-лите да се одречат од своите деца и да ги исклу-чат од бројот на своите роднини доколку видат дека тие живеат развратно, така и праведниците ќе постапат на овој начин, та и тие заедно со Го-спода ќе се исполнат со лутина дури и кон своите еднокрвни ближни. Затоа никој да не се надева дека ќе има утеха во оној живот доколку не на-прави ништо добро во овој, „та секој да прими што заслужил според она што Го извршил во телото свое..." (II Кор. 5:10). Мој впечаток е де-ка апостолот овде ги има во предвид и блудници-те и сите други грешници и дека сака да ги запла-ши со казните што ги очекуваат.
(Продолжува)
Подготви: Стојанка Тежак
ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ
Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци
Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004
Друго:
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ
Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ
ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ
Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА
Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ