ЧУДЕСЕН НАСТАН
ОД НАШЕ ВРЕМЕ
Во 1998 година, во една прилика со моја пријателка одевме заедно по еден селски пат.
Наоколу ни жива душа. Одеднаш на крстопатот гледам – со полна брзина залетана кон нас една црна кралска дога, се дави од лаење.
Сопственикот на кучето никаде на видик. Очигледно го пуштил кучето да трча слободно, а тој седи некаде во сенка.
Во мене сѐ замре. Да бегам нема смисла, а да се скријам нема каде.
-Не плаши се, – ми рече пријателката и го прекрсти кучето, кое веќе беше на три метри од нас и рече :
– Во Името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! Запри!
Кучето застана како вкопано во земја и замолчи.
фб Православие.Мк †