„Православен календар“ – нова верзија на Андроид апликацијата за 2017 година
Достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2017 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која е надградена со тропари и кондаци за сите поголеми празници.





Преземи
Сo кoлкава слава на нeбoтo сe удoстoил св. Симeoн Бoгoпримeц, кoј Гo држeл Спаситeлoт на свeтoт вo свoитe рацe, јаснo пoкажува oвoј случај, раскажан вo житиeтo на св. Пeтар Атoнски (12. јуни). Какo вoјвoда Пeтар вo eдна битка бил зарoбeн, oкoван и фрлeн вo затвoр вo нeкoј град Самара на брeгoт на рeката Eуфрат. Тeмнувајќи дoлгo...


Љубовта кон ближниот: Втората голема заповед која Господ ја нарекува слична на првата, е заповедта за љубовта кон ближниот. Христијанинот е повикан да го возљуби ближниот „како себеси“. На психолошко ниво, тоа значи тој да го возљуби својот ближен како што се љуби себеси. Полнотата на христијанската љубов, сепак, се открива не на психолошко, туку на онтолошко ниво.
Преподобен отче Гавриле, твојот живот во овој свет се покажа како натприроден, зашто живеејќи на земјата, си останал бестрасен и си го возљубил мирот и тихувањето; следејќи го Христовиот тесен и мачен пат, си се искачил кон небесните обители, каде што се молиш за наше спасение.

"Ме прашувате за беззаконијата на децата и младината, а каде нестанаа старците? Или мислите дека сите стари лица водат ист живот како старците од селото Петру Вода? Што тука да се раскажува! Ми раскажуваше еден верник од Дорна, мој врсник, дека речиси сите негови соседи, веќе стари луѓе, деноноќно со отворени усти седат пред телевизорот, па дури и јадат и пијат, паѓаат во искушение поради она што го видоа,
























