логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Георгиј Мандзаридис✤✣✤

 

Љубовта✤✣✤

Бог го љуби целиот човек, бидејќи во човечкото постоење не постои ниту еден аспект кој нема потреба од учество во Божјата љубов. Исполнувањето на првата и големата заповед станува не преку одделни пројави или жртви на човекот, туку преку неговото совршено и потполно себепринесување. Човекот е повикан да Го возљуби Бога со сето свое срце, со сета своја душа и со целиот разум. Но сепак, како би можело да се случи тоа кога тој нема власт над себеси? Како може да Го возљуби Бога, кога умот му е расеан во сетилните нешта и станал роб на страстите? Затоа и запазувањето на првата и најголема заповед бара од човекот внатрешно собирање и враќање на умот и на сите душевни сили во срцето.


Љубовта кон Бога се открива преку пазењето на Неговите заповеди: „Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби“ (Јован, 14,21). Напредувањето во љубовта кон Бога е растење во слободата, а растењето во слободата е растење во самооткажувањето. Ако човекот остане роб на страстите, тој не може да Го возљуби Бога. Но колку и да Го возљуби Бога, тој ретко стигнува до совршеното исполнување на заповедта за љубовта. Затоа обично Светиите исповедаат дека не ги запазуваат заповедите во полнота.

Вистинската љубов кон Бога го прави човекот слеп за сите Божји созданија. Како оној којшто вистински е вљубен и не гледа ништо друго освен личноста што ја љуби, така и оној којшто Го љуби Бога не гледа ништо друго освен Бога...

Божјата љубов и стравот Божји: Никој не може да Го возљуби Бога, ако пред тоа нема страв Божји, а човек не може да има страв Божји, ако не поверува во Бога. Стравот се раѓа од верата, а не верата од стравот. Очистувањето од страстите и растењето во љубовта стануваат преку стравот Божји. Совршената љубов, пак, „го изгонува стравот“ (1.Јован 4,18). Стравот е карактеристичен за почетните степени на духовниот живот. И совршениот човек има страв Божји, но тој страв добива друг облик. Тој е пронижан од љубовта којашто постепено го изгонува. Затоа има два вида на страв: почетен, предизвикан од стравот од адот и присутен кај верниците кои не постигнале совршенство, и совршен страв или стравот на совршените, којшто е плод од присуството на благодатта. Тој страв нема ништо заедничко со природниот инстинкт на стравот, туку напротив неговото присуство го ослободува човекот од секаков земен страв. Совршениот страв е поврзан со сфаќањето за величието на Божјиот дар и со стравувањето  човекот да не се покаже недостоен за своето призвание и да не падне поради својата нестабилност и немоќ. Како што оној кој се наоѓа на висок врв, не се плаши од врвот, туку од тоа да не падне од него, така и оној којшто постигнал совршенство не се плаши е од Бога, туку од тоа да не отпадне од Него, стравува да не се покаже недостоен.

Љубовта кон ближниот: Втората голема заповед која Господ ја нарекува слична на првата, е заповедта за љубовта кон ближниот. Христијанинот е повикан да го возљуби ближниот „како себеси“. На психолошко ниво, тоа значи тој да го возљуби својот ближен како што се љуби себеси. Полнотата на христијанската љубов, сепак, се открива не на психолошко, туку на онтолошко ниво. На тоа онтолошко ниво верниот не се разликува себеси од ближниот, туку го љуби ближниот како себеси, зашто тој е неговото јас во Христа.

 

Извор: Бигорски манастир



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2019
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2040
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 487
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная