логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Исус Христос

Во време кога се заканува земјотрес, во молитвеното правило може да ги додадеме зачалата (одломците) од Евангелието и Апостолот предвидени за вакви околности.

Исус Христос Евангелие по Матеј, зачало 27

И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. И ете, настана голема бура во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Он спиеше. Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нè, загинуваме!” А Он им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?” Потоа стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?”

Послание до Евреите, зачало 331б

Господ го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима. Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син, кого што таткото не го казнува? Ако, пак останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови. Ако се плашиме од нашите татковци, кога нè казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи? Зашто тие нè казнуваа за малку денови, според тоа како им беше угодно; а Он – за полза, та да учествуваме во Неговата светост. Секоја казна однапред не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на свикнатите на неа таа ќе им принесе мирен род на праведност. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена”, и со нозете свои „направете си прави патеки” та, она што е сакато, да не се отклони, туку поскоро да се исцели. Гледајте да не Го избегавате Оној, Кој зборува. Оти, ако не останаа неказнети оние, што му откажаа да му служат на оној, што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои се одвраќаме од Оној, Кој зборува од небесата, Чиј глас тогаш ја потресе земјата, и Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото”. Зборовите „уште еднаш” означуваат дека колебливото, како затворено, ќе се измени, та да остане само неколебливото.

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/i-nastana-golema-tishina/ .



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1471
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1827
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1636
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…