логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Магистерски труд на Софија Грандаковска 

 

5. Конститутивни елементи на хеленската молитва

 

 5.1. Во формата на хеленската молитва може да се забележи постоење поетска и интелектуална рефлексија, во којашто повторно се препознава барањето добро. Иако не можеме да зборуваме за облигаторна схема на молитвата во хеленската книжевност, сепак науката заклучува дека нејзината градба може да се редуцира на три конститутивни делови:[1] инвокација, аргумент [pars epica] и барање. Во облигаторната схема на молитвената структура, влегуваат само инвокацијата и барањето. 

5.2. Симон Пулеин[2] кој посветува голем интерес на молитвата во хеленската религија, истакнува дека е невозможно да се даде генерална дефиниција за молитвата која би ја опфатила религијата на антиката и јуадизмот меѓу 750 и 350 г.пр.н.е.,[3] бидејќи не само што тоа би претставувало невозможна мисија на еден истражувач, туку затоа што се работи за различни нивоа на култура. Иако молитвата претставува акт на комуникација со повисока реалност, тоа не би ја олеснило задачата да резултира со успех во потрагата на една дефиниција за молитвата. На пример, ако се направи компаративен преглед на хеленската и хебрејската религија, ќе можат да се подвлечат најзначајните разлики кои стојат и во молитвата: во однос на монотеизмот и политеизмот. Хелените своите молитви им ги упатувале на јунаци, а Хебреите на Јахве, во хебрејската молитва постои поимот грев, кој останува непознат за хеленската молитва итн. 

5.3. Голем дел од епиграфскиот материјал содржи молитви на хеленската книжевност.[4] Но нивната лингвистичка документарност се соочува со една дилема пред науката: дали станува збор за вистински книжевен документ најден на камена подлога во кој е содржана вистинска молитва практикувана во хеленскиот свет или пак, може да се зборува само за уметнички запис кој претрпел промени? Пулеин смета дека овие епиграфски споменици треба да бидат третирани како реалиа на религијата на Хелените, како на пример, бројните пајани посветени на Аполон, како дел од делфискиот култ.

 5.4. Постои едно интересно разгледување на Осфилд во врска со сфаќањето на молитвата и нејзините варијанти на нетипична молитва или молитва од далечина.[5] Како илустрација, посочува неколку моменти од Илијадата кои се однесуваат на критиката на боговите и во тој тип апострофирање, Осфилд гледа вид молитва:  

„Оче мој Ѕевсе, те викаат најумен тебе од ситеМажи и бесмртни бози, тук од тебе ова е сето,Оти им угодуваш ти на безочните Тројанци везден,Што им е срцето сосем неправедно, не можат заремДа се изнаситат тие од војната тешка за сите.“[6] 

Иако во ова обраќање на Менелај не постои барање, туку само жалење, својата констатација Осфилд дека на жалењето треба да се гледа молитвено, ја темели врз сфаќањето за молитвата дека таа се однесува на секој акт кој човекот му го упатува на Бога или божеството.

 



[1] C. Ausfeld, "De Graecorum Precationibus Quaes-tiones", Neue Jahrbücher, Suppl. 28 (1903), според S. Pulleyn, 1997, 505-547.
[2] S. Pulleyn, 1997. Го разработува проблемот на молитвата во грчката религија од Хомерското време до IV век.
[3] Иб., 113.

[4] J. W. Mackail. Select epigrams from the Greek anthology, 1890.

[5] Забележала С. Г.
[6] Хомер. Илијада, 13.631, ф.ф., 236, 1982.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 02, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Двобројот 1-2 за 2021 година на литературното списание „Современост“ излезе од печат

Деновиве излезе од печат редизајнираниот двоброј (1-2) на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2021 година. Двобројот опфаќа 49 прилози на 306 страници, вклучувајќи: 15 прилози поезија, 4 прозни прилози, 11 прилози од преведени…
Јуни 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Новата книга од Тихомир Јанчовски беше промовирана во „Буква“

Авторот несомнено е познавач на филозофските теории, што е видливо и во неколку синтагми и максими кои вешто ги проткајува во своите раскажувања. Како синтагми кои во историјата на филозофијата се врзуваат со Декарт, со Лајбниц или со Хусерл. Сепак, и покрај…

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Јун 10, 2021 Друго од култура 177
38.machenici1
Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони…

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Мај 17, 2021 Друго од култура 431
38.machenici1
Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 371
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум:  Фатени од гревот (31.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Фатени од гревот (31.07.2021)

Напорот да се дојде до Христос со надеж за исцеление, а наместо тоа јавно да ја слушне само причината за својата болест – гревот, и без помисла и негодување да...

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

« »