логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Магистерски труд на Софија Грандаковска 

 

6. Книжевната форма на молитвата во хеленската книжевност

 

 6.1. Најпарадигматичен пример за молитвени повици и истакната религиозност се среќава во тн. хиератска, света, сакрална или профетска позија. Славењето на божјите дела во овој тип поезија најчесто завршува со молитва. Водечки книжевни облици на хиератската поезија се пајанот и номосот. Номосот е религиозна песна исполнувана на празници во чест на некој бог. Од VII век пр.н.е. означува пеење за време на обреди во чест на некој празнуван култ и е наречен химна посветена на некое божество. 

6.1. Пајанот [pain]  како свечена песна посветена на одредени култови, во својата етимологија на зборот покажува идентичност со името на богот-лекар [Pain, nos], кого науката подоцна ќе го идентификува со Аполон, кој и самиот е бог на лекувањето, сфатено во возвишена смисла како светлина. Во оваа карактеристика на боговите се оцртува семантичко-семиотичката означеност на молитвената етимологија, во која стои повикот за доброто. Историографските податоци говорат дека човекот во почетокот го повикувал овој Бог молејќи му се за добро здравје, а потоа принесувајќи му и песни. Од друга страна, филолошката наука смета дека називот пајан потекнува од извикот   pain, pain. Во книжевноста (кај Хомер), го наоѓаме податокот дека Пајан е лекар на боговите. Антропоморфната карактеристика на боговите станува семантички знак во молитвениот пајан, како означител за исцелителската или оздравувачката функција на молитвениот дискурс. Затоа подвлекуваме: пајанот како песна испеана во чест на некој бог, во исто време претставува молитвена песна или песна за благодарење.Најстарите примери за употреба на пајан ги наоѓаме кај Хомер. Пример за тоа е XXII пеење [391-394], посветено на загинувањето на Хектор: 

Сега пак, ахајски момци, пајанот запејте го боен,За да се вратиме пак на корабите с трупот на Хектор.Стекофме голема слава: го убифме дивниот Хектор,Кому што Тројците в град му се молеа како на бога..[1] 

6.2. Потврда за употребата на пајанот како молитвен жанр, наоѓаме и во философската литература, во делото на Платон, во неговата Гозба или за љубовта:  

„Во времето кога ние сè уште бевме деца, му одговорив јас, поточно кога Агатон доби награда за својата прва трагедија, и утредента заедно со членовите на својот хор, принесол жртва за победата. Според обичајот гозбата е поделена во два дела: ручек и симпозиум [пијанка]. По ручекот се напивале малку вино во чест на добриот демон, потоа масите ги тргале на страна, а гостите си ги миеле рацете пред да јадат. Потоа принесувале жртва и пееле пајан [молитва].“[2]  

Философската мисла на античка Грција спознала дека од Бога може да се бара само добро, бидејќи самото добро доаѓа од него, т.е боговите (Џемс,1990, 292). Поткрепа за овој аргумент најдовме во Платоновиот Федар, во устата на Сократ: 

„Дури и во најтешките болести и страдања, кои како последица на древниот божји гнев владееле во некои семејства, занесот, кога ќе им се појавел на оние на кои тој им требал, им донесувал здравје, со тоа што нашол прибежиште во молитвите и божјите служби...“ [3] 

Во Федар од Платон како најеклатантен пример за молитва во форма на дијалог, посочуваме  во следниот извадок: 

„Сократ: Но пред да си заминеме, зар не ќе биде добро да им се помолиме на тукашните богови?Федар: Се разбира.Сократ: Драги Пане и вие богови на овој крај, дајте ми да бидам убав одвнатре, а мојата надворешност да стои во хармонија со моите внатрешни особини: мудрецот секогаш да ми изгледа богат и да имам само толку злато колку што може да го носи во себе мудрецот. Дали ми е потребно уште нешто, Федар? Јас нема ништо друго да ѝ додадам на мојава молитва.Федар: Кажи ја истата молитва и за мене, зашто на пријателите сè им е заедничко.“[4] 

6.3. Едно од најзначајните сфаќања кај хомеровскиот човек е херојското сфаќање на животот, преку кое се наоѓа начин да се надмине песимизмот, т.е. минливиот карактер на животот. Затоа, желбата за слава, правда, чест и правичност се главните атрибути на херојското сфаќање на животот, издигнати до степен на религија. Во тој контекст, Олга Фрејденберг, тргнувајќи од дихотомијата добро -лошо, содржана во етимологијата на поимот молитва, истакнува дека од функцијата на зборот добро настануваат пофалбите, славите, благословите, а од функцијата на зборот зло - војната, гневот, проклетството. (Frejdenberg, 1987, 80) Славата ја носи бесмртноста, вечноста на хомеровиот јунак, кој на тој начин ја победува смртта и се врти кон овоземните радости. Оттука лежи интересот да се опева славата која станува поезија. 

6.4. Во тесна врска со појавата на пофалбите, стои и појавата на епикинијата која се однесува на опевање на победата на јунакот, која е тесно сврзана со неговите јуначки подвизи, искушенијата низ кои минува тој, како и неговата трагична смрт, која повторно се претвора во пофалба. Така, мртвиот јунак низ говорот на молитвената инвокација и поетскиот дискурс, повторно оживува низ семантиката на славата, како највисок атрибут на едно човечко и јуначко постоење. Произлегува заклучокот дека во хеленското сфаќање - да се биде јунак и да се умре - има синонимно значење. Јунакот е изедначен со Бога. Трагичноста на јунакот ја вклучува жртвата. Молитвата е жртвување. Молитвата се упатува Богу. Оттука, јунакот е рамноправен со Бог. 

6.5. Во формите на пофалбата и епикинијата (епската стварност), се содржи  и хтоничната функција на поимот добро, врзан со потеклото на молитвата. Јунакот умирајќи, тој опеан, повторно оживува. Преку негово инвоцирање, тој оживува. Во овој контекст треба да потсетиме дека повикувањето [на името], значи и присуство на оној или она што се инвоцира. (Паризо, 1992, 138) Затоа, епската стварност кај Хомер започнува со повикот кон Музите, а потребата таа да стане поетски облик (епопеја, пофалба, епикинија и сл.), го потврдува постоењето на начинот како да се надмине минливоста на животот и да стане вечност како Бог. Тука спаѓа потеклото на молитвата: 

„Таквата реч со своите две функции претставува единствена молитва; но тоа не е ни религиозна, ни апстрактна молитва, туку нејзин конкретен предрелигиозен облик кој е претставен во Целина и таа сеуште ја нема својата идна религиозна специфичност.“[5] 

Специфичниот молитвен дискурс во хеленската книжевност се огледува и преку тоа што се негува обожувачката (адоративната) функција на молитвата. Имено кога се проколнува, се критикува божеството, всушност се повикува истото тоа божество да спаси, да исполни или да даде:

 „Повикувајќи го и величејќи го божеството, човекот секогаш моли или проколнува: дај, испрати, исполни. Непрестано потсетува дека и тој самиот давал, исполнувал. Вообичаените формули во антиката се: услиши ме, послушни ме. Јасно се гледа дека не е избришана архаичната амбивалентност на бог-човек.“[6] 

6.6. Друга поетска форма која е во тесна врска со молитвениот дискурс е елегијата [e!legoj]. Тргнувајќи од примерите на хеленската книжевност дека мртвите ги нарекувале подземни богови, тажачките кои му биле упатувани на мртвиот претставувале „молитва кон покојниот да ги пренесе пораките на другите мртви од семејството.“ (Зечевић, 1982, 45) Жалењето било изразувано низ песна која вклучува молитвен контекст.

 



[1] Хомер. Илијада, 1982, 379.
[2] Платон, 1979, 13.
[3] Платон, 1979, 122.
[4] Ib., 88.
[5] О. M. Frejdenberg, 1987, 83.
[6] Ib., 83.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1861
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2182
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2054
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная