логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Љубов и омраза
Грците се народ што немаат љубов, запишал еден руски средновековен патописец, а Прличев во песната „1762 Лето“ за нив вели дека се „лицем светци, срцем волци“. Не можам да верувам никако дека и нивниот славен поет Јанис Рицос криел во себе таква омраза, но знам дека за време на СВП како златен венценосец, тој ниту еднаш не го изговори името Македонија, кое тогаш, за разлика од денес, беше забрането да се изговара и сонува во Грција
Овој текст, според општата состојба на човекот кај нас, е пологично да го носи насловот Омраза и љубов, а не Љубов и омраза. Но бидејќи љубовта, а не омразата, е Божји темел на постоењето на светот, природно е таа секаде и во се' да стои на прво место. Ако и' го откриеме изворот, љубовта е бескрајно моќна. И со неа, како со верата за чие чудо говори Исус, можеме да кренеме планина и да ја фрлиме в море. Уште повеќе таа, како што вели Осип Мендељштам, ги движи дури и морињата и ѕвездите, целокупниот небесен механизам. Оттука и свети Павле неа ја става на прво место од редоследот на божествените вредности на душата. Дури и пред верата, која според него не вреди ни малку ако не постои љубовта.

А што се случува кај нас? Кај нас, не од вчера, а во последно време зачестено, особено во парламентот и во медиумите, меѓу политичарите и политичките колумнисти, облечени божем во интелектуално и хуманистичко руво, ја среќаваме синтагмата говорот на омраза. А никаде и никогаш, на никого не му текнува да ја употреби синтагмата говор на љубов. Со еден збор, парадоксот кај нас е во тоа што говорот на омраза најмногу го произведуваат тие што се жалат на него. Тие на кои целата душа им е составена од атомите на омразата.

Никој не сака да се сети на Исусовиот императив: љуби го ближниот свој како што се љубиш себе си. И уште повеќе: љуби го и својот непријател. Зборовите на Исус се дијагностички, откриваат дека оној што не ги сака другите всушност не се сака ни себе си. Фројд и Јунг се потоа со ова откритие. Болниот нарцистички егоизам што го поседува човекот на нашето време е всушност разорна автодеструкција (изгубена почва на светото во себе), која се трансформира во деструкција кон другите. Со таквиот, пак, болен нарцизам никогаш и никој не може да стаса до универзалниот принцип на љубовта која ги движи морињата и ѕвездите. Тука може да се стаса само до една друга зголемена патологија што го досегнува колективниот патолошки тип, а тоа е стеснетата трибалистичка свест, племенската темница на скаменетиот ум, кој никогаш не излегол на виделина на денот од пештерата на палеолитот.

Кај нас, како во „Пеколот“ на Данте, постои цела една таква шума од скаменети умови и глави задолжени по функција во парламент, медиуми, колумнистички простори итн., да произведуваат омраза, а не љубов.

Љубовта и омразата се две комплементарни супстанции на човековата душа. Античките трагичари и Шекспир тоа најубаво го спознале. Не само во христијанството туку во сите големи позитивни религии љубовта е синонимна со принципот на светлината, а омразата со принципот на темнината. Во таа смисла и не е случајно што од сите нешта, кога почнал да го создава од хаосот светот, Бог најпрвин, во првиот ден од сознавањето, ја создал светлината. Затоа што таа го содржи иманентно во себе принципот на доброто, за разлика од омразата која го содржи принципот на злото. Светлината, која во антиката (по водата, земјата, огнот и воздухот) се сметала за петти елемент, всушност е елемент над елементите. Таа не' изведува во јасна присутност на постоењето исполнето со добро и убавина.

И, љубовта како универзален божествен принцип не се однесува само на човекот туку на се' што е создадено од Бог. Макро и микрокосмичка, таа е сепроткајувачка, од најкрупните до најситните одвај видливи живи и „неживи“ (бидејќи за творецот ништо не е неживо) нешта. Таквата љубов што се еманира како бескрајна нежност е привилегија на префинетите, каков што бил, на пример, еден Махатма Ганди, кој со Исусова кроткост ги избрка од својата земја англиските воени колонизатори. Религиски тој му припаѓаше на џаинизмот, радикална индустричка секта. Но радикална, како и новозаветното христијанство, не во смисла на злото (кое кај нас и воопшто во западната цивилизација по инерција се поврзува со тој поим), туку во смисла на универзална љубов и добро во се' и кон се'. Имено, џаинистите бескрајно го љубат секој жив створ и сметаат дека не само убиството на човек, туку и убиството на најситен створ е смртен грев. Затоа тие кога одат во поле врзуваат преку уста шамија, за да не им влета во неа некоја ситна мушичка и да не бидат така одговорни за нејзината смрт. Што би рекле, пак, на тоа некои борци за човекови права со бодлива жица и динамит во рацете или челниците на НАТО-алијансата по која толку многу пекаат некои наши звучни „интелектуалци“, чија интелектуалност и хуманост не можат да ја ожалат ни три реда тажачки. Та нели интелектуалецот по дефиниција би требало да биде пацифист и човекољубец.

Она, пак, што е уште потрагично за човекот како Божјо создание, тоа е колективната патологија на омразата, кога еден народ мрази друг народ со желба да го уништи, било физички било духовно со религиско, јазичко или друг вид претопување на неговиот изворен идентитет. Таков е денес случајот, кој не е од вчера, на Грците со нас, со нивниот темен наум да не преименуваат, а со тоа и целосно обезличат, отклонувајќи не' од коренот и историјата. Тој и таков нивен наум го почувствува пред столетие и половина и генијалниот Григор Прличев, вториот Омир, што беше причина по освојувањето на победоносниот венец за поема на атинскиот конкурс (1861) да ја одбие понудената грчка стипендија за студии на Оксфорд и да го прегрне судбинскиот крст на својот народ.

Кај ретко кој друг народ, како кај грчкиот, може да се сретне таква патолошка страст да се уништи докрај друг народ. Она со што посебно се удираат в гради Грците, покрај другото, тоа е дека се најхристијански, што ќе рече најбожествен, народ меѓу христијанските народи. Но Бог не бара ѕидани цркви, туку цркви од живи срца, не бара добри зборови завиткани во лицемерство, туку добри дела, и според нив ги познава поединците и народот. Оти, како може да се објасни, на пример, добро познатиот настан во село Загоричани (1905 г.) во кој грчките андарти, славени како херои (!), ги фатиле сите селани-Македонци, сосе жените, децата и селскиот свештеник, и ги заклале во селската црква пред иконата на света Богородица. Погрозна естетика на злосторството и не може да се замисли. Цела серија на такви геноцидни погроми, посебно во Граѓанската војна (1945-1949), се извршени од страна на Грците врз Македонците. Најновиот таков нивен замислен погром сега е обидот да ни се избрише името, за што ја бараат за тоа поддршката и од ЕУ кај која најидиотски не' блокираат. Тие во таа цел ги употребуваат сите можни средства со нивната насекаде позната одисејска лукавштина или попрецизно подлост! Така следеше и онаа шизофренична изјава на Друцас дека македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк, кој се раѓа и умира како Македонец!!! Ова го потврдува она на М. Крлежа дека и глупоста е метафизичка категорија. Што се однесува пак до Друцас и истомислечките, тој и тие (ако се земе предвид раѓањето како симбол на светлина и спознание на божествениот принцип на постоењето) не се ни родиле за да можат да умрат. Тоа е неговиот и нивниот парадокс и ментална дијагноза.

Грците се народ што немаат љубов, запишал еден руски средновековен патописец, а Прличев во песната „1762 Лето“ за нив вели дека се „лицем светци, срцем волци“. И двете овие дијагностички формулации за Грците во контекст на нивниот однос кон Македонија и Македонците се за жал тажно точни. Сум се прашал одамна од кај иде таа нивна темна омраза кон нас. Не можам да верувам никако дека и нивниот славен поет Јанис Рицос криел во себе таква омраза, но знам дека за време на СВП како златен венценосец, дар на македонската универзална љубов кон се што создава убавина, тој ниту еднаш не го изговори името Македонија, кое тогаш, за разлика од денес, беше забрането да се изговара и сонува во Грција. Сум размислувал многу од каде таа патолошка омраза кај Грците. Дали не е тоа одлика на нивниот колективен архетип, кодирана во колективниот ген. Архетипски патолошки код на колективот. Нешто, на што како феномен му обрна сериозно внимание и таткото на длабинската психологија К. Г. Јунг, а кое сега почнува да го потврдува во добра мерка научно и генетиката. Веќе е јасно дека човекот не се раѓа како табула раза, како што тврдеше Џон Лок, туку дека неговиот карактерен лист е преполн со кодови уште пред раѓање, некогаш векови, па и милениуми пред него. Размислувајќи така помислив на Тројанската војна во која Македонците се бореле на страна на Тројанците. Заедно со нив тие, имено, ја бранеле љубовта која била нападната од суетните Данајци и Ахајци, не можејќи да го преболат фактот дека Елена, жената на микенскиот крал Менелај, по патот на срцето побегнала со Парис во Троја. Одмаздољубивите Грци го спепелиле овој славен град-држава, благодарение, не на храброста, туку на лукавата одисејска подлост со дрвениот коњ. Тогаш, имено, тие во својата суетна и осветољубива меморија го втиснале за сите времиња и името на Македонија и Македонците. Размислувајќи над овој темен феномен и ја имам пред десетина години напишано песната „Македонски војници во Троја“, која гласи: „Ја видовте пепелта/ во која беше / ничкосан огнот/ и столчена/ неговата свадбена песна./ Но беше,/ и покрај поразот,/ одбранета љубовта./ Да, ама не знаевте/ дека е скапа цената, / дека по столетија,/ по милениуми/ ќе исплови омразата/ од темната потсвест,/ ќе се сетат Ахајците/ (или тие што мислат дека се тоа)/ на таа битка - /и името ќе повтат/ да ви го затрат.“

Но тука давам една ремарка. Никогаш не сум верувал дека цел еден колектив или народ може да биде исполнет со темна, смртна омраза кон друг народ. Па ни грчкиот кон македонскиот. Дури и во Содом и Гомор, според сведоштвото на Стариот завет, постоело едно богољубиво семејство, она на праведникот Лот, иако истото не било доволно да измоли пред Бога проштевање за нивните гревови. Биле потребни повеќе. Верувам дека во Грција не едно, туку постојат многу семејства како библиското на Лот, иако можеби се' уште недоволно многу за да биде огреан овој колектив од универзалниот божествен принцип на љубовта. Но убеден сум дека нивниот број ќе нарасне и дека конечно и Грците, слично на Македонците и на Тројанците во Тројанската битка, ќе застанат во одбрана на тој принцип. Во одбрана на љубовта и убавината. Макар и пред вратите на ЕУ. И тој ден ќе биде еднакво радосен, во духот на новозаветната љубов, и за Македонците, и за Грците, и за Европа. Нека е благословен таквиот ден во кој љубовта ги движи морињата и ѕвездите, братимејќи ги срцата на луѓето и на народите за сите времиња, Боже! Амин!

Ефтим Клетников
(Авторот е писател)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1911
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2424
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная