логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Реакција на Митрополит Агатангел 
3.02.2010. 
 
            По повод Светосавската прослава во Скопје
                 (објавено во „Дневник“  на 03.02.2010 год бр.4181)

Македонија скоро дваесет години, за жал, се соочува со само еден проблем, а тоа е името на државата и идентитетот на македонскиот народ. Овој бесмислен проблем не е измислица на новите политички елити на нашите соседи, туку тој си ги влече свои корени уште во 19-от век, па преку целиот 20-ти век, сè до денеска. Останатите проблеми (меѓуетнички, меѓуцрковни, па и економски) се само пропратен дел на ова прашање. Македонија и Македонците, од страна на нашите соседски дипломатии, како со менгеме, се силно притиснати од сите можни страни. Црковните стеги, кои како продолжена рака на политиката, широко ги ползуваат за свои потреби нашите внатрешни и надворешни непријатели. Факт е дека, овие стеги, најмногу болат и најмногу фрустрираат од сè, бидејќи се украсени во етичка облека, а оние кои за свои цели ги ползуваат бессрамно го носат Крстот Господов на своето чело и својот авторитет го имаат наследено од прекрасните ликови на Христовите апостоли. Колку е лицемерна оваа борба најдобро ни покажува првата изјава на новиот српски патријарх г. Иринеј, кој најпрво нè опсипа со голема љубов и разбирање, а потоа по неколку реченици ни кажа дека откако ќе си го решиме проблемот што ние сме си го направиле со Вранишковски, ќе можеме да се надеваме и на разрешување на нашето црковно прашање. Замислете, креаторот на монструмот, кој сега со него не знае што да прави, нè повикува, ни криви ни должни, ние да го кротиме. Патријархот на србите, место „добриот пастир“, ни го посочи „крадецот и наемникот“.


Според наивната логика на г. Иринеј, народски и упростено кажано, сега ние треба со својот крвник тикви да садиме. Во сета оваа српска бламажа некако природно си се надоврза и водачот на Србите во Р. Македонија г. Стоиљковиќ, кој помалку недоветно се оправдува дека не разбира во што е проблемот со Вранишковски (треба можеби да му се нацрта!), за потоа да додаде дека Србите во Р. Македонија не се идентификуваат со МПЦ, станувајќи со тоа логистика на човекот-црква кој има повеќе владици отколку верници. Веројатно следното што ќе го побара г. Стоиљковиќ од своите коалициони партнери е регистрација на српска црква во Македонија, а ако тоа не му биде удоволено ќе раскажува по целиот свет дека Србите во Македонија се прогонувани и дискриминирани и дека законот за верски заедници не ги обезбедува верските права на македонските граѓани. Ова српско сценарио со грчка вдахновеност е лесно изводливо бидејќи на страната на г. Стоиљковиќ ќе застанат бројните „експерти-платеници“ кои раководени од еден центар на тајна дипломатија ќе ја бранат, се разбира, лажната теза дека Македонија е дискриминаторска држава и воедно со тоа ќе ги засилуваат позициите на грчките неофашисти, во поглед на преговорите за разликите околу името на македонската држава. Очигледно е дека г. Стоиљковиќ и неговите подржувачи се „планот Б“ на српско-грчките интереси. Дамнешната желба на овие држави да граничат меѓусебно, повеќепати во историјата беше осуетена и неостварена. Сигурно се сеќавате на тајните преговори меѓу Милошевиќ и грчките дипломати на почетокот на деведесетите години од минатиот век, сигурен сум дека оваа политичка илузија нема исчезнато од главите на новите српски и грчки властодржци. Формите се менуваат, но суштината останува иста, дури во некој поглед и понастојчива и продлабочена. Стоиљковиќ е „планот Б“ и заради тоа што треба да ги залечи раните од неминовното и реално губење на Косово. Македонија и Македонската православна црква се меѓу другото и еден вид компензација за нивната косовска болка. И сè би било толку прекрасно и идилично уредено, да не е тука присутен македонскиот народ, кој многу добро си ги знае своите водачи и своите црковни пастири. Некој оваа работа, очигледно лошо ја пресметал и претпоставил. Отстрана и на сила никогаш не се поставува духовен водач, а најмалку тоа може да биде некој кој дрско, со години, го навредува македонскиот национален идентитет. Негирањето или исмевањето со ваквите прашања се основна грешка во духовниот живот. Христос од нас бара искреност, не можеме да бидеме она што не сме, а уште помалку може лажно да се претставува духовниот водач на еден народ. Г. Стоиљковиќ, во иднина ќе треба да внимава и на една друга работа. Точно е дека живееме во демократско општество, но точно е и тоа дека секое модерно општество си има свои закони. Законите треба да се почитуваат од сите, но најповеќе од оние кои сакаат да се бават со политика. Тој, не треба да заборави дека, седејќи во фотелјите на Македонското собрание, ја јаде потта од Македонецот, што тешко ги заработува своите пари. Па затоа треба да биде многу внимателен, кога се обидува да си игра со македонските национални чувства и со македонската национална чест. Илегалците, кои сака да ги промовира г. Стоиљковиќ, не само што се судрени со законот на оваа држава, туку и стојат надвор од неговите рамки. Г. Стоиљковиќ, очигледно гази по тенката и опасна линија на меѓуетничките проблеми, чиј составен дел се и меѓуцрковните прашања. Ловењето во матно во оваа игра, никому, никогаш не му дала добробит и благословен живот. Анархијата е погубна за сите, а најповеќе за нејзините промотори. Нека го има ова предвид г. Стоиљковиќ кога јавните настани и собирања на неговите подржувачи ќе се обиде да ги прикаже како своја лична слава.
Вака, во парабола, им зборуваше Христос на Своите апостоли  - „Јас сум Добриот пастир, кој го дава животот свој за овците... По туѓинец никако не одат, туку ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците... Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега, а волкот ги разграбува и распрснува. Наемникот бега, зашто е наемник и не се грижи за овците. Јас сум Добриот пастир и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене...“ (Јн. 10 глава).
 
 
Митрополит Повардарски
†Агатангел (Станковски)

 

 Извор:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=833&Itemid=32

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1910
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2424
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная