логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Jov.Zlatoust.jpg

 Што се крие во името? 
 
 
Грција се чини дека е единствената држава што бара од меѓународно признаена држава да го промени своето име и која од тоа создаде огромен проблем. Може само да се замисли мешавината на бес и потсмев што би резултирале од хипотетичко барање од страна на Велика Британија до Ирска, со кое би се барало таа да го смени своето име во „Јужна Ирска“ или кога Кина би барала Монголија да се преименува во „Северна Монголија“   
   
  
Постојат многубројни примери на конфликти во кои едната страна (а понекогаш и двете) излегуваат со барања што се чинат апсурдни за посматрачите, и тоа не само поради фактот што тие очигледно ќе бидат неприфатливи за другата страна. Осумте точки на грчката позиција во врска со проблемот со името на Македонија се добар пример на ваква ситуација.

Суверени и меѓународно признаени држави понекогаш ги менуваат своите имиња. На пример, „Кралството...“ станува „Народна (демократска, арапска, и сл.) република на...“. Последниве неколку децении неколку држави сосема ги сменија своите имиња за да станат Бенин, Мијанмар, итн; Брегот на Слоновата Коска (Цоте д’Ивоире) дури и службено ги извести ОН дека дури и во комуникацијата на англиски сака да биде задржана оригиналната верзија на името, на француски. Кога станува збор за признавање, една држава може да одбие да користи име што го одбрала друга држава, како Германска Демократска Република, Република Кина (Тајван) и сл. Но, Грција се чини дека е единствената држава што бара од меѓународно признаена држава да го промени своето име и која од тоа создаде огромен проблем. Може само да се замисли мешавината од бес и потсмев што би резултирала од едно хипотетичко барање од страна на Велика Британија до Ирска, со кое би се барало таа да го смени своето име во „Јужна Ирска“ или кога Кина би барала Монголија да се преименува во „Северна Монголија“.

Имајќи предвид дека станува збор за преседан, станува извонредно тешко да се направи разликување меѓу оние барања што се правни од оние што се чисто политички, како и кои од барањата не се компатибилни со меѓународното право. Во таа смисла, ќе беше корисно ако Грција и Македонија можеа да се сложат да побараат советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата во врска со ова прашање, пред воопшто и да влезат во преговори.

Постојат различни видови преговори. Најтипичен е случајот кога целта е постигнување поволности, во кој случај и двете страни нешто даваат на другата страна, а за возврат добиваат нешто друго. Во други случаи, единствениот поттик што доаѓа од едната страна се состои во закани и од нивно спроведување во дело. Секако, реторички пораките може да бидат во завиена форма, како во познатата изјава на Кисинџер дека САД го ескалираа бомбардирањето на Северен Виетнам за да имаат што да отстапат за време на преговорите, т.е. да го запрат бомбардирањето. Во досегашниот тек на преговорите, единствените „подароци“ (отстапки) за кои зборува Грција се од типот на Кисинџер: да не и нанесат директна штета на Македонија.

Зошто, од позиција на еден аутсајдер на спорот, барањата на Грција се неприфатливи? Принципиелно, за тоа може да постојат неколку различни објаснувања, а кои во голем број случаи и не се исклучуваат едно со друго.
Прво, испраќачот на барањата може да не биде свесен дека тие се неприфатливи. За него, тие може да изгледаат сосема разумни, а тој знае премалку за да може да сфати зошто се тие тотално неприфатливи за другата страна. Во многу случаи, ова може да биде вистина за јавното мислење кај двете страни, кои се манипулирани од страна на носителите на одлуките (во врска со суштината што се крие зад клучните зборови „суверенитет“, „безбедност“, „дигнитет“, итн.). Имплозијата на Југославија нуди неколку примери од ваков вид. Дали и политичките актери се жртва на незнаењето е многу понејасно прашање. Тие може да бидат незнајковци, а може и да не се тоа; дури и ако добиеме цврст доказ за едното или за другото, обично е потребно да изминат цели децении по актуелниот настан, за да дојде до обзнанување документи, публикација на мемоари, а потребна е и тешка работа на професионалните историчари за разоткривање на вистинската ситуација. Во конкретниов случај, клучниот грчки аргумент во одреден степен поткрепен со раните изјави и слогани на ВМРО-ДПМНЕ во минатото се чини дека е безбедносен аргумент поврзан со потенцијални територијални барања. Ако не е доволна простата споредба на капацитетите на вооружените сили на Грција и Македонија, Грција требаше тогаш да се задоволи со официјалната декларација во правно обврзувачка форма каква што бараше Грција, од страна на Македонија дека таа нема и никогаш нема да има територијални претензии спрема Грција. Ако ова е понудено, а сепак одбиено како недоволно, тогаш станува очигледно дека нешто друго лежи во заднината на спорот, нешто што треба да биде предмет на истражување на специјалисти за грчката национална историја заедно со нејзините многубројни трауми и специјалисти за грчката политика.

Второ, испраќачот на барањата може хипотетички да биде плен на друг вид на незнаење, во поглед на тоа колку е потребно да се притисне за да се принуди другата страна да го „поднесе неподносливото“, да ги цитираме зборовите на императорот Хирохито при објавувањето на капитулацијата на Јапонија. Барателот може верува дека неговата преговарачка позиција е толку силна што и само закана ќе биде доволна за да се принуди другата страна на „капитулира“ - а истовремено се плаши од губење на својот кредибилитет во случај да треба и да ја спроведе заканата во дело, доколку неговата процена се покаже погрешна. И овде може да постои разлика меѓу она што некои кои носат одлуки веруваат и она што тие го увериле дека е вистина. Кога Србија не капитулираше пред барањата на Австрија во јули 1914 година, владата го убедуваше Франц Јосеф да прогласи војна, кажувајќи му дека тоа е само чин на застрашување за да се принуди Србија на капитулација; и, се чини, дека тој навистина останал вџашен кога сепак дошло до воени дејства. Грчките политичари се желни да и покажат на својата јавност дека правото на вето што Грција го има и во НАТО и во ЕУ им дава одредена тежина и можност да вршат притисок, како што неодамна беше демонстрирано во амбасадата на Исланд во Вашингтон.

(продолжува)

 

Што се крие во името? (2) 
 

  
Намерата може да се состои во употреба на санкции за да се демонстрира својата моќ. Ова можеби е мотивот на Грција; барањата се токму такви за Македонија да ги одбие   
   
  
Во некои случаи целта на политичарите не е да се дојде до резултати од преговорите, туку да се постигне нешто сосема друго, понекогаш дури и војна: Австрија сакаше војна во 1914, така што беше сосема доволно тоа што Србија одби само едно од испорачаните барања. САД сакаа војна во Југославија во 1999, во Авганистан во 2001 и во Ирак во 2003 година, така што на секоја отстапка во преговарачкиот процес, следуваа нови и поголеми барања. Израел избегнува сериозни мировни преговори со Палестинците со децении, преку изнесување неприфатливи барања уште пред да почнат преговорите, за што најнов пример е поразот на Обама пред Нетанјаху. Или, намерата може да се состои во употреба на санкции за да се демонстрира моќта. Ова можеби е мотивот на Грција, како манифестирање на својата сила спрема Турција и другите; во таков случај, барањата се токму такви за Македонија да ги одбие. За да бидеме сигурни во ваквото сценарио, за жал ќе мораме да чекаме на историчарите да го докажат многу години по овие случувања.

Оној што се пазари знае дека е многу добро да се излезе со претерани барања за да се создаде простор за ценкање, а на крајот сепак да се задоволат своите тајни и далеку поразумни очекувања. Но, овде постои ризик: ако иницијално бараше премногу, или ако потенцијалниот муштерија доаѓа од земја во која цените се фиксни, тој може едноставно да замине, без да се обиде да се ценка. Позицијата на Грција во спорот околу името е иритација за многу членки на ЕУ. Првото ветување за поддршка на грчката позиција дојде од Германија во времето на распадот на Југославија, како награда за тоа што Грција се придружи во избрзаното признавање на Словенија и Хрватска. Неколку години подоцна, најде правнички трик да ја измами Грција, кога мудро како цел на својата одмазда (ембаргото) ја одбра слабата Македонија, а не Германија. Се чини дека е добро да се изнесат многубројни барања, а кога подоцна ќе отстапи од некои од нив, ќе се добие имиџ на „разумен“ преговарач во очите на ЕУ, па така ќе добие уште поголема поддршка. Македонските барања за симетрија, како на пример, Грција да ја преименува својата ПОКРАИНА во „Јужна Македонија“ или да го признае правото на мајчин јазик на „јужно-македонското“ малцинство и сл., во ваква ситуација немаат многу шанси за успех.

Политичарите можат себе си да се стават во „затвор“, најнапред преку распалување на жесток национализам, а потоа да откријат дека станале негови слуги, а не господари. Кога еден мал број Срби, Хрвати, Бошњаци, Албанци итн. се осмелија да и опонираат на националистичката хистерија во своите средини, политичките лидери не застанаа на нивна страна, ниту тоа го прават политичарите во Грција. Расплеткувањето на релативната улога на историската (автентична или лажна) меморија и политичките манипулации е тешка задача, но не е лесно ниту националистичкиот дух да се врати назад во шишето. Така, многу е потешко и за левичарската власт во Грција да отстапи пред позицијата дефинирана од десницата.

Конечно, политичарите можат да се најдат во своевиден „затвор“ под дејство на Големиот брат, кој се наоѓа на сосема друго место. Кај суперсилите има тенденција да постигнат успех во обезбедувањето нивните сателити да ги поддржат нивните барања и да земат учество во нивните инвазии (врз Виетнам, Чехословачка, Доминиканската Република, Авганистан, итн.). Кога диктаторот Дием од Јужен Виетнам покажа знаци на подготвеност за преговори со „непријателот“, тој исчезна и од власта и од земскиот живот, за да биде веднаш заменет со посигурен тврдокорен политичар. Истата судбина му се заканува и на Карзаи во Авганистан. Сепак, отвореното прашање во грчкиот случај е зошто некој од ЕУ би вршел притисок врз Грција да се држи до барањата, кои тие инаку не ги одобруваат и покрај фасадата на службена и апстрактна поддршка за својата земја-членка? Еден циничен одговор на ова би гласел дека Грција може да реши некој нивен проблем. Погледнете ја Турција, против чие членство во ЕУ се јавија многубројни негативни аргументи. Кога таа успеа да ја стави економијата под контрола, ја оконча војната во Курдистан, дозволи одредена употреба на курдскиот јазик, стана подемократска и внесе голем број човекови права во своето законодавство и беше дури и попозитивна во однос на планот на Кофи Анан за решавање на Кипарскиот проблем, таа сé уште остана недобредојдена во ЕУ, а за нивен голем срам лидерите на ЕУ мораа да признаат дека не сакаат муслимани. Поддржувањето на грчките барања по прашањето на името може да резултира со грчко вето, така што лидерите на ЕУ ќе можат вината за неотпочнувањето на пристапните преговори да ја префрлат врз Грција, наместо да мораат отворено да признаат: „Не сакаме да примиме темпирана етничка бомба, кога нашата интервенција очигледно беше неуспешна“. Историчарите во иднина ќе имаат многу повеќе одговори на овие прашања.

(крај)


Авторот е универзитетски професор во пензија и поранешен директор на Институтот за мировни истражувања од Копенхаген
  
   
Автор: проф. д-р Хакан Виберг

Извор: Нова Македонија

Друго:

cavka.jpg

ИМЕ БЕЗ ПРЕЗИМЕ

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 913
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2454
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2025 - сабота


Велигденски пости;
(строг пост)

Велика Сабота; +Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная