логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Erga Omnes - Nihil Natio
Прифатете дека не постоите или ќе ве нема!

 

Ако некој „северномакедонец“ се дрзне да ги слави историските личности и настани од Македонија, веднаш ќе следува укор од ЕУ, бидејќи ги навредува националните и идентитетски чувства на Грција, Бугарија... Како утеха ќе ни остане да ги славиме Индијана Џонс и Џемс Бонд, ако со тоа не ги навредуваме националните чувства на Американците и на Британците.

Не можам, а да не ја споделам вчудовиденоста од леснотијата со која се заговара промена на името Македонија, кое е нераскинливо врзано со идентитетското ткиво на Македонците. Со самата согласност да преговараме за идентитетот, всушност ќе признаеме дека истиот е проблематичен и дека е подлежен на ремоделирање. Како некаква пластелин-нација. И тоа во името на новиот идеал олицетворен во ЕУ и во НАТО. Под диктат од Грција да се самопоразиме со самообезличување, да се самоуништиме со себенегирање како народ и како нација. Да го промениме идентитетот на сопствената држава, на сопствениот народ, на сопствените деца, внуци и на идните неродени генерации. Да заборавиме на Македонија и на нашите предци и да се откажеме од македонскиот идеал.
 

Дали го изгубивме македонскиот идеал? За патриотизмот и да не зборувам, тој одамна е окарактеризиран како назаден национализам. Го заменивме ли вештачки наметнатиот југословенски идеал, кој го маргинализаше македонскиот, со новиот уште поинфериорен, во чие име овој пат треба целосно да го избришеме македонското име и притоа колективно да се одречеме и да го заборавиме македонскиот идентитет?! Нешто што во минатото се нарекуваше насилна асимилација, денес под превезот на демомократијата, се нарекува државотворна зрелост за прифаќање на понудената „историска шанса“ за компромис околу името.

За каква историска шанса и компромис станува збор? За бришење на идентитетот на нацијата и на народот, што треба да го отстапи местото на под присила самоприфатениот новокреиран „северномакедонски“ идентитет на новата „северномакедонска“ држава?! Македонија повторно ќе биде посочена како пример, но како незапамтен историски преседан со кој една суверена земја капитулантски своеволно прифаќа бришење на своето име од историјата, од сегашноста, од географската карта, од иднината. Апсурдот да е поголем, ние ќе бидеме претставени како победници, како припадници на „свежоформираната“ нација, кои знаеле да ја проценат историската шанса за прифаќање на подотворената врата за влез во НАТО и во ЕУ. Се' до следното условување и вето од нашите „демократски“ партнери!

При хипотетичката промена на името и на идентитетот, внатрешните „северномакедонски“ пропагатори, всушност ќе се најдат себеси во улога на споделувачи на отвореното задоволство на соседите од задоволените историски цели во однос на „македонското“ прашање. Терминот „антиквизација“ повеќе нема да се користи во „северномакедонските“ медиуми и во политичката и интелектуална реторика, бидејќи Грција ќе биде таа која ексклузивно ќе може да користи се' што е античко во однос на Македонија. Вклучително и самото име Македонија и придавките што произлегуваат од него, повикувајќи се на добиениот историски ексклузивитет. Грција всушност само ќе ги ефектуира старите позиции во преговорите, кои се темелат на ексклузивистичката интерпретација на конструираната историја дека името Македонија настанало во античко време и со самото тоа им „припаѓа“ единствено на Грците како „сопственици“ на античката историја на Македонија. Демократските земји воопшто нема да реагираат на апсурдноста на грчкото присвојување на општоцивилизациските придобивки од античка Македонија, како и на оштосветската историска димензија на Филип и на Александар Македонски. Западните историографи ќе може да здивнат, бидејќи ќе можат да се ослободат од цензуристичкиот притисок на грчките историографи, вгнездени во сите позначајни редакциски одбори и универзитетски центри. Природната тенденција за разобличување и ревидирање на вештачки креираните историски тези за Македонија од 19 век, конечно ќе биде ставена ад акта.

А „северномакедонците“, излезени од „самоизолацијата“, горди на своето ново име и идентитет, исполнети со новиот идеал олицетворен во НАТО и во ЕУ, и воедно охрабрени со епитетот на нација со државотворна „визија“, ќе може конечно да се ослободат од неподносливиот товар на историјата. Па, зошто да ги изучуваме Филип, Александар, Касандар...? Та нели сме Словени? - ќе аргументираат инфериорните „северномакедонски“ политичари и интелектуалци. На тоа ќе следува ревидирање на старата и пишување на новата „северномакедонска“ историја, чиј главен ментор ќе биде Грција, со коментор Бугарија и со комисија составена од членови од ЕУ. Зошто Бугарија како коментор? Па, за да може да го положат испитот на „државотворната зрелост“, како новокреирана нација, „северномакедонците“ ќе треба да се откажат, покрај од античката и од средновековната историја, од светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, од Самуил, од Охридската архиепископија, на чии историски ексклузивитет ќе се повика коменторот Бугарија. Тоа несомнено ќе биде поддржано од менторот Грција, како и од комисијата на ЕУ, со нескриено задоволство и од Србија. Па, зошто да ја изучуваме средновековната историја? Та нели треба да гледаме во иднината, а не во минатото! - ќе речат истите пропагатори на новото име и на „северномакедонскиот“ идентитет. Притоа, тие лесно ќе го прифатат и историското самооткажување од националната преродба, од жртвите и поделбите во Балканските војни, двете светски војни, од егзодусот од Егејска Македонија... Менторот и коменторот, заедно со комисијата, на крајот ќе го сугерираат и заклучокот дека „северномакедонците“ не само што се „Титова креација“ туку се и вештачки идентитетски продукт на 21 век.

Ако некој „северномакедонец“ се дрзне да ги слави историските личности и настани од Македонија, веднаш ќе следува укор од ЕУ, бидејќи ги навредува националните и идентитетски чувства на Грција, Бугарија... Сепак, не е толку страшно. Ќе можеме да ги славиме Александар Македонски или другите личности и настани од историјата, преку нашите сограѓани од албанската етничка заедница, на кои не им е оспорено правото на повикувањето на античкото и средновековното културно-историско наследство и не им е проблематизиран идентитетот и правото на самоидентификување. Како утеха, ќе ни остане да ги славиме Индијана Џонс и Џемс Бонд, ако со тоа не ги навредуваме националните чувства на Американците и на Британците. А многубројните археолошки артефакти низ Македонија ќе може без проблем да си ги продаваме, со што меѓу другото ќе го решиме и проблемот со дивите копачи. И со сласт ќе си ги пиеме „северномакедонските“ ракија и вино, ќе си замезиме од „северномакедонската“ салата, со гордост ќе си ги пееме „северномакедонските“ песни и ќе си заиграме по ритамот на „северномакедонските“ ора.

Колку и да изгледа трагикомично, ваквото поразително сценарио е многу реално, во случај на давањето согласност за промена на името Македонија - erga omnes, што ќе подразбира и самобришење на македонската нација - nihil natio. Паничното брзање, проследено со засилениот притисок за промена на името, еднакво однадвор и однатре, воопшто не е случаен. Новите генерации Македонци родени во независна и суверена Македонија од 1991 ниту се задоени од апстрактните идеали ниту, пак, може да се заплашат од хистеричните апокалиптични притисоци за промената на името и на идентитетот. Верувам дека истото, длабоко во себе, го чувствуваат и другите генерации Македонци, кои се лични сведоци на клучните моменти за Македонија и за самите нив.

Во меѓувреме се определуваат нови историски судбоносни датуми, на кои се лицитира со македонското име и идентитет: 2-4 април 2008, 7 декември 2009... Лицитирањето се води во однос на единствената понуда за Македонија: Прифатете дека не постоите или во спротивно ќе ве нема во НАТО и во ЕУ, или едноставно ќе ве нема!!!


Митко Б. Панов
(Авторот е доктор по историски науки)

 

Друго:

  cavka.jpg


 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1078
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2650
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная