логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Ако македонските „коминтерновски копилиња“ не може да ја голтнат целата уцена одеднаш, тогаш Брисел ќе им ја сервира на парче. Па најпрвин ќе треба Груевски до 7 декември да потпише за името, а за тоа ќе добиеме пусулче со датум за преговори. Ама пред тие да почнат, на пролет, Груевски ќе мора да потпише и дека тоа не е само за меѓународна употреба, туку и за по дома, а компромисот ќе биде во тоа што толерантно ќе ни биде оставено во мислите да се именуваме како сакаме   
    
  
Пред дваесетина дена посетителите на интернет-сајтовите во Македонија се забавуваа со фотографијата на еден Кинез од Сечуан, кој гол стоеше врз климатизер на надворешната страна од вториот кат на една зграда. Човекот бил во станот на својата љубовница, но, што би рекол безименот мнозински народ на ФИРОМ, ѓаволот ни ора, ни копа.

Сопругот на веселата жена си дошол дома порано, затекнал што затекнал, по што му зоврела крвта, па љубовџијата морал да бега преку прозорецот снаоѓајќи се како што знае и умее.

Лесно може да се претпостави дека стратегијата да се убеди рогоносецот со зборови не била многу успешна.
Многу слично деновиве се однесува и бриселската бирократија откако во РМ беше објавен грчкиот предлог на умерениот Јоргос Папандреу за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Беше весело да се гледа како се развива оваа политичка „Шехерезада“. Најпрвин сите изразуваа разочараност од недипломатската постапка на македонските власти.

- Метју Нимиц длабоко жали за новинарските извештаи што содржат информации од доверливи разговори меѓу страните и уште еднаш ги охрабрува тие што се вклучени во преговорите да одржуваат високо ниво на доверба, изјави на 17 ноември портпаролот во ООН Брандон Варма. Што е и разбирливо, кога некој сака да ви ја отсече главата, навистина не е дипломатски за тоа јавно да зборувате. Но тие зборови на Варма, како и грчкиот одговор дека овие барања и не се толку нови, не оставаа сомнеж за содржината на грчкиот предлог предаден при последната средба на габаритниот Василакис со Нимиц: Солун не е Солун, Македонците не се Македонци, а Македонија не е Македонија. Тоа е тоа што беше објавено и од медиумите во Скопје.


Љубовникот од Брисел


Во меѓувреме можеше да се дознае, се разбира, од бриселски дипломатски анонимни извори, дека пена од бес течела низ устите на лидерите на Унијата поради публикувањето на предлогот. Има и зошто - согласноста од политичките ѕвезди на ЕУ за таквата уцена на Македонија оддалеку со воочуваше. Со тоа грчките барања повеќе го искомпромитираа Брисел отколку Атина, прикажувајќи го така што фотографиите го прикажуваа разголениот љубовник од Сечуан - фатен на дело и закачен врз клима-уред на студено време. Со само едно парче хартија, европските демократски принципи од стожер на стариот континент се претворија во обична каша од брашно што имало поминат рок на траење. Не случајно веќе низ светот се помалку се наоѓа некој што западните беседи за човекови права сериозно ги сфаќа, а разните режими никогаш не се чувствувале побезбедно, под услов да немаат нафта на својата територија.

Всушност, тоа е ножот в грб што ги заболе западните демократи. Не беше проблемот во пожарот што и се подметнува на Македонија, туку што за пожарот јавно се прозборе и што за тоа станаа свесни и многу европски политичари (на пример, од Полска), кои дотогаш можеби и немале некој особен интерес за деталите од преговорите меѓу Македонија и Грција. Кому сега бирократите можат да му зборуваат за европскиот систем на вредности? На кинеските комунисти, кои станаа и духовити, па го цензурираа говорот на Барак Обама за цензурата? На руските носталгичари по цврста рака и империјална политика, на Украинците, кои само до пред некоја година преку портокаловата револуција се надеваа на нешто друго? „Сус бе копук“, вели турскиот аскер во една секвенца од славните Македонски народни приказни.

Збунетоста траеше неколку дена. Толку изгледа му треба на бриселскиот ум додека смисли некоја нова глупост, небаре за тоа треба особен ум.

За неа спасот беше најден во тврдењето дека објавениот предлог бил фалсификат, што би значело дека барањата на Грција не се такви. Што има здраворазумна логика ако светот го набљудувате стоејќи на глава, зарем им личи на Грците по сиве овие 18 години малтретирање да ни испорачуваат „непристоен предлог“ во кој дури и ги нема оние милион долари од истоимениот филм? Но, затоа и личи на една Македонија да лаже, да ги клевети Грците, да ги резили Европејците, оти во крајна линија, таа не сака да влезе во ЕУ и НАТО, а Атина и Брисел се обидуваат на раменици да ја внесат. Така беше и при блокадата од Мицотакис пред деценија и пол, таа не беше за да ни наштети, за да ги остави децата без млеко, старите без пензии, возрасните без перспектива, туку за да ни помогне. Само што ние тешко ги сфаќаме тие работи. Пусти Балканци.


Шминкер и социјалец


Како и да е, офанзивата врз сетилата на ФИРОМ-ци со наводниот фалсификат траеше два-три дена. За да видиме дека со неа, всушност, не само што се миела нечистата европска совест, туку и се спуштала тензијата во Македонија и се подготвувал терен пред финалната пресметка на Брисел со Македонците. Ако овдешните „коминтерновски копилиња“ не може да ја голтнат целата уцена одеднаш (чудно, зборот уцена кај нас се преведува со компромис), тогаш ќе ни ја сервираат на парче. Па најпрвин ќе треба Груевски до 7 декември да потпише за името, а за тоа ќе добиеме пусулче со датум за преговори. Ама пред тие да почнат, на пролет, Груевски ќе мора да потпише и дека тоа не е само за меѓународна употреба, туку и за по дома, а компромисот ќе биде во тоа што толерантно ќе ни биде оставено во мислите да се именуваме како сакаме. Потоа, на лето, за идентитетот, на есен за јазикот, на зима за културата, за историјата, за спомениците, за сегашноста и за иднината, така што кога ќе стигнеме до последното поглавје од преговорите, не само што Солун ќе ни биде Тесалоники, туку ги имаме сите шанси миењето на мозоците во време на комунизмот да ни изгледа како егзотична и забавна авантура.

Засега не е јасно зошто ЕУ има потреба од вакво сценарио кога така изречно ни соопшти дека грчкиот план објавен во Македонија е фалсификат, но тоа се веројатно финеси што заблудените антиевропски сили во Македонија не ги сфаќаат. Инаку, не би биле антиевропски, зарем не?

Ваквото сценарио има своја предност. За Атина и за Брисел, се разбира. Еден од проблемите за финалното решение на македонското прашање (во Германија своевремено постоеше екстремна верзија позната како „финална солуција на еврејското прашање“ или „„die Endlusung der Judenfrage“) во последните три години беше идејата за референдум во врска со кој било договор меѓу властите на првата и на втората страна. Сите анкети на јавното мислење покажуваа и покажуваат дека огромното мнозинство Македонци не е подготвено да прифати решение за името на државата и опсег на употреба што ќе им се чинат неповолни, како што не постојат ниту теоретски шанси да се избоксува, сеедно со каква кампања би се водела, прекрстување на нивното национално чувство. Тоа не поминува ниту кај скопскиот шминкер што си ги арчи парите на разно-разни кафиња по кафулињата, ниту кај пробиштипскиот социјалец, кој одамна заборавил кога последен пат видел поголема банкнота од тие што луѓето ги оставаат на црквените икони. Како тогаш да манипулирате со тие луѓе кога ни на стап се тргаат, ни по морков се залажуваат?

Затоа сегашниот план го расцепкува проблемот на пет, шест или кој знае колку фази, што референдумот го претвора во технички неизводлива операција што не може да се повтори толку пати колку што може да има поединечни уцени во врска со секое од поглавјата.


Сами потпишавте


Тоа е, всушност, стратегија на ставање на арсен во кафето - не цела доза одеднаш, туку секој ден по малку, за по извесно време да се добие истиот ефект. Првата доза, според ЕУ-планот, треба да ја испиеме веќе до 7 декември. А до последната кој знае дали ќе стигнеме.

Зашто првиот потпис што нема да биде само замена за ФИРОМ, туку и нешто повеќе, и потписот што ќе значи креирање нов народ на Балканот наместо македонскиот ќе донесе две крупни последици: тоа ќе значи создавање нова држава со нов мнозински ентитет во нејзе наместо дотогашната вештачка творба Република Македонија и нејзиниот асномски претходник. Таа нова држава, ќе мора да почива првично на договор меѓу двата најбројни ентитета во неа, ново или северномакедонците и Албанците, а потоа и на договор со сите други. Лесно е да се претпостави дека Албанците нема да бидат толку наивни и да ја пропуштат шансата да не дојде до договор, што ќе им ја отвори можноста за сепарација. Впрочем, што е тоа што нив ќе ги врзува за некоја измислена Република Северна Македонија? Нивниот план можеби нема да докрај да се реализира, во зависност од меѓународните односи, но во секој случај, ќе ја претвори новата држава во многу понестабилна структура отколку што е сега, за која, дури тогаш, не ќе има место во ЕУ. Нашите поплаки во Брисел нема да вредат зашто врз документите ќе стои потпис на македонските власти и одговорот ќе биде: Вие сами одбравте така!

Но многу е веројатно дека Албанците нема да мора да се мачат да ја дестабилизираат новата творба. Пред нив тоа ќе направат самите Македонци, истиот оној момент кога некој во нивно име ќе потпише документ со кој тие и сегашната држава се бришат од географската карта. Не треба многу да се објаснува дека и во таков случај од Брисел повторно ќе стигне порака дека за таков народ што не ги прифаќа европските вредности (на наш јазик кажано - европските уцени) нема место во нивното друштво.

 Автор: Дарко Јаневски

 

 

 Извор: Нова Македонија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1868
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2187
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2058
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная