логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Поетите на Месечината

Alek.Bukarski.jpgОсобено сметам дека е препорачливо,за повеќето млади но и за другите, да прелетаат преку хиперприсутните крими-хорор-шпионски трилери и да им обрнат вним-ание на овие муслимански автори,зашто тие многу би помогнале во меѓурелигиозна толеранција и разбирање на овдешните народи

- Кога одев во Германија (...) каде и да одев, секогаш се појавуваше некој Германец што се издвојуваше од толпата како предмет на моја фасцинација. Не беше важно што мислев јас за него, туку што мислев дека тој мисли за мене. Се обидував да гледам со неговите очи, замислував што мисли за мојот изглед, облеката, за начинот на кој се движам, за мојата историја, од каде се враќам и каде одам, кој сум. Се чувствував ужасно додека го правев тоа, но ми стана навика. Свикнав да се чувствувам понижен и разбрав како се чувствуваат моите браќа. Најчесто, не не' омаловажуваат Европејците. Кога ќе ги погледнеме, ние се омаловажуваме себеси. Кога одиме на тој аџилак, тоа не е затоа што бегаме од тиранијата во својата земја, туку за да стигнеме до дното на нашата душа. И доаѓа денот кога виновните мора да се вратат за да ги спасат оние што не биле доволно храбри за да заминат - „Снег“ - Орхан Памук.

Движејќи се низ рафтовите со книги и пребарувајќи низ насловите се' почесто забележувам писатели кои би можел да ги наречам муслимански, најпрецизно во културолошки поглед. Бидејќи се разбира, тие доаѓаат од земји со сопствена национална култура и јазик. Атик Рахими „Камен на трпение“, Курбан Саид, „Али и Нино“, нобеловецот Орхан Памук, Курејши, и класикот Ружди. Тоа е светски тренд што трае подолг период особено по 11/9, а сега пристига и кај нас.

Интересот за една од главните теми во светската геополитика набрзо се преслика во сферите на културата. Луѓето се заинтересираа за муслиманската култура, за тие што живеат во арапските земји, но и за емигрантите. Се разбира, тој интерес не се јави сам по себе, туку беше поттикнат од западниот естаблишмент, кој помалку и од паранојата од верскиот фундаментализам тргна во потрага по одговори. Сепак, неизбежен беше и извесен сензационализам со кој како феномен овојпат нема да се занимаваме.

На еден парадоксален начин, сето тоа доаѓа преку Запад, а не преку некоја културна иницијатива на македонско-албанските издавачи кои ако некоја фондација не ги подмачка, тешко дека некогаш би настапиле во поорганизирана заедничка промоција. Во нашата земја живеат голем број муслимани, некои теоретичари во балканските култури гледаат силна присутност на ориентализам (едвардсаидовска смисла) и сите тие причини заедно ме натераа со јак интерес да ги простудирам споменативе автори.

Од сите нив, некако најмногу ми легна Орхан Памук, инаку најголем турски писател по Иво Андриќ. Овој (пост)модерен и помалку сентиментален раскажувач (од што сигурно не би ни се слошило во прозаичноста на секојдневието) ни доаѓа од елитното предградие Нишанташи, Истанбул. Неговите богати и колоритни слики за градот (студирал архитектура) посилно го привлекуваат читателот да го посети Истанбул од каков било туристички леток. Јасно дека таа слика е деликатна и дека ги претставува и негативните страни (кои имаат шарм) и прочуената хаотичност на градот (која нам не би не' изненадила). Неверојатно умешно успеа да го спои етното, традицијата со модерноста. Во манирот на Достоевски, ги опишува сите касти: забулените девојки, ситните трговци, хотелиери, сопственици на весници, студенти, левичари, поети, Курди, актери и неизбежните генерали.

Иако од аспект на формата, неговите романи се на линија на конвенционалноста, тие се ерудитивни и документаристички како своевиден забрзан курс за испреплетувачките артерии на Истокот и на Западот, но и за актуелните политички аспирации на Турција кон ЕУ. Силно е присутен автобиографскиот елемент и младоста на Памук во 70-тите и во 80-тите зачинети со странска поп-култура, но и со домашна висока култура! Инаку, во турската современа историја тоа се децении на силни политички превирања и промени.

Деновиве, како пријатно надоврзување, прочитав дека во Коџаџик, битолскиот питомец, великиот Кемал Ататурк ќе добие спомен-обележје, што секако е потег за поздравување и кој несомнено ќе придонесе за зацврстување на турско-македонското пријателство, но и шанса за развој на туризам. Особено сметам дека е препорачливо, за повеќето млади, но и за другите, да прелетаат преку хиперприсутните крими-хорор-шпионски трилери и да им обрнат внимание на овие муслимански автори, зашто тие многу би помогнале во меѓурелигиозна толеранција и разбирање на овдешните народи.

„Од една страна воините, љубовниците, принцовите и легендарните херои кои ги имам илустрирано се судруваат со се' што е прикажано таму во тоа митско време, но од друга страна, нивните тела се судруваат со љубовник од книгата кој се случува да се загледа вкочането во величенственото сликарство“, од „Се викам црвено“.

 

Алекс Букарски
  Извор : Дневник




dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1866
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2186
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2057
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная