Вистина непоколеблива имајќи во срцата ваши
Агатоподе и Теодуле,
познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,
а верата во Љубовта го отвора пaтот до вечноста.
Христос Господ кој ве приведе кон такво познание,
Ете, си поминал покрај мало дете, си поминал лут, со грд збор, со огорчена душа; и можеби не со го ни забележал детето, но тоа тебе те видело и твојот лик, грд и зол, можеби остана во неговото незаштитено срце. Ти тоа не го знаеш, меѓутоа, можеби веќе со тоа фрли лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе прорти, и сето тоа зашто не се воздржа пред детето, зашто во себе немаш одгледано внимателна и делотворна љубов.
Покајанието е договор со Бог дека ќе се води еден нов живот. Покајанието е извор на смирението. Тоа е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесни добра. Покајанието е самоосудна мисла и грижа за себе, без грижа за споредните работи. Тоа е ќерка на надежта, откажување од безнадежноста.
Знаев дека тоа е плод на неговото крајно смирение, кажано кога толку многу ќе се приближиш до Бога, па ја гледаш својата дребност застанат пред Неговата големина поширока од небесата, поголем од секој простор што нашиот ограничен ум може да го замисли, постар од секое време што можеме да го изброиме... Сепак, се убедив да го препрочитам неговото веќе подзаборавено житие.
Исповедниче на православието,
пастиру на овците словесни,
велик молитвенику, од Никифора преподобниот
духовно роден, од Тарасие Патријархот
со оклопот на свештенство облечен,
Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,
што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,
рако продолжена на Духот Свети,
поттикнат од великиот Григориј,
исполнет со ревност од светиот Никола,
преисполнет со благодат по молитвите на
Многумина со двоумење ги поставуваат прашањата: „Зошто патот кон небесното Царство е толку тежок?“ и „Зошто христијаните мораат да носат толку тешки крстови?“ На овие и слични прашања христијанинот треба секогаш да одговара дека тоа Му е угодно на Бога. Нашиот Бог е премудар и го љуби човековиот род; Тој знае што да прави со нас. Ако навистина сакаме да бидеме
На ист начин и светот има свои мамки и ги уловува луѓето. Тие се привлекуваат од светскиот дух и паѓаат на неговата измама.
Светското мислење е болест. Како што човекот избегнува некоја болест, така треба да го избегнува и светското мислење во сите негови манифестации. Да се оттуѓи од духот на светскиот прогрес, за да напредува духовно, да биде здрав духовно и да се радува со ангелска радост.
Насекаде е неопходна побожноста. Бог ги создава луѓето без претходно да ги определи како успешни или неуспешни во нивниот живот, но оној, што нема побожност, каков живот и да живее, тој ќе претрпи неуспех. Додека, побожниот човек напредува, каде и да се наоѓа, бидејќи Божјата благодат е со него.
Има брачни парови кои живеат многу добродетелно и достигнуваат светост.
Од апостолско време па до денес, сите оние кои навистина Го љубат Христа, ја почитуваат и онаа што Го родила, Го воспитувала и се грижела за Него кога Тој бил дете. Ако Бог Отецот ја избрал, Светиот Дух слегол врз неа, а Бог Синот се вселил во неа и ѝ бил послушен во Неговото детство и се погрижил за неа додека висел на крстот, тогаш, секој кој ја исповеда Света Троица зарем не е должен нејзе да ја велича?
Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците и Божјите угодници, односно го започнал својот подвижнички живот на планината Синај во Египет. Како послушник Јован поминал речиси 20 години со својот духовен учител, а по смртта на мудриот старец, се повлекол во потполна самотија на Синајската планина.
Ако не сакаш да страдаш, не барај НИ ДА СЕ ИСКАЧУВАШ! Ако не сакаш да тагуваш, НИ БЛАГОДАТ НЕ БАРАЈ!… Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? Толку ли бргу се откажуваш од борбата? Еве гледај. Бог им допушти на демоните да вршат влијание за да видиш каде се наоѓаш, за да се појави твојата гордост, за потоа да се смири твоето срце, за да осознаеш дека си
Небесата сведочат за твоите подвизи,
преподобен оче наш Тите,
земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,
кои по делата на верата твоја поитаа пред
пастирските нозе твои,