ПРЕП. ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ
Неговите подвизи на света Гора никој не ги знае, останаа тајна за луѓето И пред Бога но од неговиот живот откако во 1971 се враќа во Македонија можеме да ги претпоставиме. За отец Гаврил слободно можеме да речеме дека е еден од најголемите подвижници на денешнината. Имено тој скоро И никогаш не спиел а И тоа време кога спиел , лежел на земја или на тврда рогозина. Држел најстрог пост . Никогаш не јадел јадења со масло, а јадел една просфора во седмицата. Во празниничните денови заради послушност кон црковните правила само го топнувал прстот во кандилото И го оближувал.