Процесот што се одвива не значи дека одреден човечки капацитет, како што е интелектот, пропаѓа, но се чини дека под огромно влијание на растечката моќ луѓето остануваат лишени од својата внатрешна независност и повеќе или помалку свесно се откажуваат од независното размислување.
·Во старо време имало една многу убава, кротка и вредна мома. Била умна и вешта, питома и праведна. Со гласот свој славеите во гората ги натпејувала, а со играта сите играчи ги надигрувала. Била учена и многу писмена. Читала и пишувала на многу јазици, а творела на својот единствен јазик и своето единствено писмо наследено многу одамна од претците.
На 7.7.2022 година, ден кога Црквата гo прославува Рождеството на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован (Иванден), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи Света Литургија во храмот посветен на рождството на св. Јован Крстител во Бутел.
На 4.7.2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан оствари средба со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго. Г-ѓа Славица е долгогодишен хорист во САД која покрај руското, го користи и македонскиот напев на црковните песнопенија. Таа е автор и на неколку црковни композиции.
Втората половина на 19 век е позната по насилни дејствија на европските сили во Светата Земја. Тие завзеле многу свети места и изградиле католички храмови. Но не заостанувала ни Русија во тоа време. Така Архим. Антонин Капусткин купил многу земјиште во Ерусалим и така го зацврстил
Пророче и претечо на Христовото пришествие,
не знаеме како достојно да те восхвалиме,
ние кои со љубов те почитуваме,
со твоето славно и чесно рождество,
Каков плод требало да даде „смоквата“? Столбот на Стариот Завет била подготовката на луѓето за средбата со Месијата, Кој требало да го избави Израилот од гревот. Меѓутоа, во времето на проповедањето на Исус, тоа избавување често се сфаќало мошне упростено. Не како избавување од власта на гревот, туку како остварување на политичката независност од Римската империја, односно избавување од власта на паганите. Затоа повеќето од религиозните ..
Првото оружје е никогаш да не се надеваме самите на себе, зашто Светото Писмо вели: „Проклет да е човекот кој се надева во човек и кој смета дека телото му е силно“. Значи, прво што е потребно во невидливата борба е да ја спознаеме својата немоќ и ништожност, бидејќи „кој себеси се смета за ништо“, вели св. Јован Златоуст, „се познава подобро од сите останати“;
Знаете ли вие колку може Божјата Мајка пред престолот на Пресвета Троица?
Имате ли вие дома икона од Божјата Мајка? А кандило пред неа, имате ли? ...
Имајте Ја за заштитничка и за помошничка, Мајката на небото и земјата!
Царицата на небото и земјата!
Кондак 1.
Избран чудотворче, и особен на Христа угоднику, кој на сите верни им излеваш исцеление и неистечиво море од чуда, од љубов те фалиме, преподобен Науме ; имајќи слобода пред Бога, од сите беди ослободи не за да ти воскликнуваме :Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !
Еден ден пред Божиќ, кога свети Наум ја беше завршил светата Литургија во манастирот и ги беше причестил монасите и народот, почувствувал дека му се приближува разделбата од овој свет. Гледајќи го монасите неговото бледо лице, од кое излегувала некоја блага светлина, почувствувале во своите срца дека наскоро мора да се разделат од својот духовен отец и учител.
Навистина е Божји дар да се чувствува длаболка болка поради гревовите.
Тоа е полно покајание, самоосудување со цврста намера да се остави дотогашниот гревовен живот, да се стане нов човек, да се помириме со Бога и со сопствената совест. Тоа е, исто така, и цврста доверба во Божјата сепростувачка добрина. Само оној кој свесно и искрено се кае добива простување. За непокајните, пак, следува пропаст.