логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ВАЛЕНТИНА ПОЦЕСКА
„Како вода за чоколада...“


Чифте амам, 12 мај 2026, 20 ч

Ве известуваме дека на 12 мај, 2026 година (вторник), со почеток во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори самостојната изложба на Валентина Поцеска под наслов „Како вода за чоколада...“. На оваа изложба, која ќе трае до 25 мај, 2026 година, ќе бидат претставени 60тина дела, изработени во период од 2020-2026 година.Ако го анализираме значењето на самиот наслов на изложбата кој е инспириран од романот „Како вода за чоколада“ (со поднаслов: Роман на месечни рати со рецепти, љубовни и народни лекови) од мексиканската писателка Лаура Ескивел, кој воедно е и идиом кој во мексиканското говорно подрачје означува состојба пред експлозија или, според дефинициите, како „состојба на работ на солзи, преполнетост со гнев или доживување интензивна сексуална возбуда/страст“), веднаш се забележува интензитетот на истиот процес на создавање преку изразено женско писмо што Поцеска го преточува во сликите. Во основата на самата постапка на сликање е комбинираната техника или постапка на градење на слоевитоста на секое дело, која започнува со колажот, кој е комбиниран и „зачинет“ со боја (масло и акрил), форми, линии, кафе, восок, при што ниту еден од овие елементи не е случаен, туку, како линеарните симболи на четирите елементи, секој одделно и сите заедно се носачи на пошироки значења.Наслојувањето на составните елементи на сликата асоцира на слоевитоста на природните карпести талози од „почетокот на светот“, а нивната содржина, пак, рефлектира археолошки слоеви од цивилизираниот свет. Валентина Поцеска на извесен начин го апострофира

автобиографскиот момент во сликите колажи, не само преку личните писма и меморабилии. Воедно, врз речиси монохромна основа, преку извесна постапка на интертекстуалност, таа ги имплементира сознанијата од личните професионални определби и усовршувања во областа на културологијата, културното наследство, специјализацијата по арапска калиграфија, конзервацијата на икони, реставрацијата на фрески и ѕидно сликарство...Не е за занемарување и фактот за временската одредница на создавањето на нарациите од циклусот „Како вода за чоколада“ во период од неколку години, која од своја страна, пак, симболично следи по „завршувањето“ на просторно-временските ограничувања наметнати во времето на короната, како метафора за обновеното ослободување, но и зовривање пред „крајот на светот“. Во изложбата „Како вода за чоколада“, опсегот на лични и семејни истории е надополнет со пишани и/илустрирани траги со мноштво симболи, претстави и текстови од различни цивилизации. Текстовите, било да се лични во ракопис или исечоци од весници, не се избрани случајно; тие ги одредуваат и насловите на секое дело, а самите маргини и текстовите кои се наѕираат во нив ја одразуваат позицијата на набљудувач на/од работ.Сликите-колажи на Поцеска се субјективен приказ за грчевитото доживување на тензичното време на лично, локално и, уште повеќе, на глобално ниво кога, по којзнае кој пат, светот се наоѓа пред целосно уништување иако повеќе децении наназад сведочиме за континуираната пресија и секојдневно бомбастично соочување со деструкцијата на човештвото. Како што романот ги поврзува различните културни слоеви, обичаи, традиција, лични желби и емоции и нивното влијание преку кујната на главната протагонистка Тита така и Валентина во своите дела од циклусот „Како вода за чоколада“ интегрира безброј детали кои суптилно нѐ навлекуваат на безбројни исчитувања на секој сегмент во, се чини, бесконечниот наратив во кој на алхемичарски начин секојпат одново ни се откриваат слоеви од субјективност, женско писмо, меморија, емотивни состојби, естетика.


(извадоци од текстот во каталогот, Маја Чанкуловска-Михајловска, куратор)/cp/ps/Mail/Downloader?


Гозби за живите, претците, боговите, 2025, комбинирана техника на платно

Биографија
Валентина Поцеска (1965, Скопје) во 1987 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот Сликарство, во класата на проф. Димитар Кондовски. Во 2010 година, на Институтот за македонска литература (ИМЛ при УКИМ) завршила магистерски студии по културологија (во книжевноста) со наслов на магистерскиот труд: „Културната политика на Република Македонија за заштита на недвижното културно наследство“. Во 2014 година завршила докторски студии по културологија (ИМЛ при УКИМ) со наслов на докторскиот труд: „Современи филозофии на конзервација на културното наследство и нивното влијание во Македонија“. Има остварено неколку студиски престои: специјализација по арапска калиграфија на факултетот „Мимар Синан“, Истанбул, конзервација на икони во Византискиот музеј – Атина, управување со музејски збирки – Централен институт за конзервација, Белград, реставрација на фрески и ѕидно сликарство во Instituto per L`Arte e il Restauro Palazzo Spineli, Фиренца, Италија.Има остварено неколку самостојни изложби – 1991: КИЦ – Скопје, 1992: Музеј – Битола и Музеј – Прилеп, 2008: Безистен – Штип, Дом на културата – Куманово, 2024: Галерија „Метаноја“ – Скопје; 2025: Национална галерија на Македонија – Чифте-амам; 2026: КСП Центар – ЈАДРО. Од 2003 година до денес има објавено повеќе трудови од областа на заштитата на културното наследство, од кои најзначаен труд е книгата „Конзервација: теорија и практика“, 2019, Скопје : ЦККС. Од 1992 година работи во Националниот конзерваторски центар – Скопје во Ателјето за конзервација на икони.

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная