логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Пирејскиот владика за Света Софија, Фанар и САД

18 јуни 2016 лето Господово

Современото сквернавење на Сесветиот храм на Божјата Премудрост во Царот на Градовите со секојдневното читање на Куранот,peiraiws_serafeim.jpg и телевизиското пренесување низ цела Турција за време на целиот период на муслиманскиот Рамазан, како и претворањето на други познати храмови во Константинопол и во неговата околина во џамии, како што е случајот со храмот посветен на Свв. Сергеј и Вакх, кој постана Küçük Aya Sofya (Hüssein Aga) џамија, храмот на Богородица Господарка (Кирјотиса), манастирот на Христа Непоимлив (Акаталиптос), кој постана Kalenderhane џамија, храмот на Св. Теодор Тирон, односно Свети Теодори, кој постана Vefa Kilise џамија, манастирот Седржител (Пантократор), кој стана Zeyrek џамија, манастирот на Пресвета Богородица Мирелеон, кој што стана Bodrum или Mesih Paşa џамија, и манастирот на Свети Јован, Студит, што постана Imrahor џамија.

Исто така, храмот Себлажена (Памакаристос), кој што постана Fethiye џамија, манастирот на Христа Земјата на Живите (Хора), што постана Kariye џамија, на Светите Апостоли  во центарот на градот (кој денес е срамнет со земја), во Fatih џамија, манастирот на Пресвета Богородица Пречиста (Панахрандос), што стана Fenari İsa џамија, манастирот Света Теодосија во Дексиократи (Манастир на Христа Добротвор - Евергетида, храм изграден на брегот на Златниот Рог, околу 500 метри оддалечен од Вселенската Патријаршија и близу до портата Aya Kapısı), кој постана Gül џамија, на Свети Андреј од Судот, кој постана Koca Mustafa Paşa џамија, Света Текла во палатата на Влахерна, што стана Atik Mustafa Paşa џамија или како уште ја нарекуваат Hazreti Cabir џамија (според други, оваа џамија е храмот посветен на Свети Петар и Марко), и стариот православен храм во областа Фатих, непознато на кој светител бил посветен, кој подоцна им бил отстапен на Римокатолиците и бил посветен на Светиот Николај, кој што денес е Kefeli џамија, исто како што и деветте храмови Света Софија (во Трапезунд, Никеја, Ираклија итн.), ја покажува јасно погрешната политика на чесната Вселенска Патријаршија во 20-от и 21-от век, и особено за време на патријархувањето на последните три патријарси, што се сврзува нераскинливо со т.н. „Светиот и велик Собор“.

И покрај навредите, клеветите и хулењата, кои се показатели за етосот и верноста кон Сесветиот Бог на вештоговорливите и преокупирани модернисти, наводни приврзаници на Јован Век, Јован Калека и Григориј Мамас, што го исполнуваат интернетот, трагичниот историски резултат е дека во целата оваа трагедија на Великата Христова Црква, единствено движење на „поддршка“ беше еден израз на спротивставување од САД, од страна на заменик претставникот на Стејт Департментот, г-дин Марк Тонер, кој се ограничи едноставно да ја повика владата на Турција „да ја зачува Света Софија на начин кој што ќе ја почитува традицијата и нејзината сложена историја“, и на претставникот на Германското Министерство за надворешни работи, г-дин Мартин Шефер, кој што се појави во улога на „намерно неутрален“ бидејќи изјави дека „употребата на Св. Софија е внатрешно прашање на Турција“.

Други, освен овие несериозни изјави, нема ништо!!! Се поставува прашањето каде се реакциите на „братската Црква“ на стариот Рим и на „братот, најсвет папа Римски, господин Франциск“, како што го нарекува Секретаријатот на Свештениот Синод во последното известување за неговото поканување во Лезбос.

Каде се интервенциите на т.н. Светски Совет на Црквите, кому му се прави особена чест да биде застапен во текстот предложен за усвојување на т.н. „Свет и велик Собор“ („Врски на Црквата со останатиот Христијански свет“) како, наводно, многу важна реалност? Нивната немост асоцијативно нѐ потсетува на поздравната телеграма кон Кемал Ататурк од окупаторот на Западната Патријаршија, за катастрофата на христијанските народи во Мала Азија.

Целосно неефикасна e политиката на чесната Вселенска Патријаршија, не со непоколебливи факти, туку со штедро платени, управувани и манипулирани пера на органите на интернационалниот систем.

Патријархот, г. Атинагора, кој од Архиепископијата Американска со личниот авион на претседателот на САД, Хари Труман, се најде на аеродромот во Константинопол, каде зеде турско државјанство, го почна своето патријархување со 300.000 Грци, а се упокои во Господа со стадо од 2.500 Грци.

Неговите фалени „отворања“ кон инославието и меѓународните фактори не можеа да ги спречат ниту Владата на Аднан Мендерес и Септемвриските случувања од 1955, ниту протерувањето од 1965.

Следните двајца патријарси, и покрај нивната „подвижност“, ниту Богословската школа во Халки успеаја да ја отворат, ниту да направат меѓународниот статус на чесната Вселенска Патријаршија да биде признаен од страна на турската држава, која и понатаму продолжува да ја смета како обична турска институција, под окружниот управител на Константинопол и уште бара турско државјанство како услов за нејзиниот управител.

Понатаму, наместо да се подига сцената во Крит, после неуспехот на т.н. теолошки дијалози, што се должат на погрешните услови за нивно водење, придавање „црковност” на инославните, најпрвин со признавањето на нивното „крштение”, и во друга фаза, со друг “Свет и Велик Собор”, како и сегашниот проширен Собор на претстојатели, признавање на нивната „евхаристија”, така што, како „зрел плод” да произлезе и општење (intercomunio) и унијатизирање на Православната Црква, за да се оствари најскриениот копнеж на Римокатолиците за спроведување на разбојничкиот, псевдо-вселенски Собор од Ферара-Фиренца, и сѐ ова „обоено” со многу „современост” и бескрајно зборување за „љубов” и „духовност” која се состои во познатото Господово кажување за ветрот кој што “дува каде што сака”, што секако се фалсификува и се променува од зборот ‘ветер’ (πνεύμα) во (Свет) ‘Дух’ (Πνεύμα) (!!!) со голема буква ‘Π’, додека во оригиналниот текст е со мало ‘π’ (Јн. 3, 8), би требало да се обзнанат денес постоечките ереси и псевдо-религии создадени од луѓе и демони и да се изгради еден сесветски Православен лак, кој ќе почнува од Царот на Градовите, со духовен отец и водач, првиот помеѓу еднаквите, Чесниот Вселенски Патријарх г. Вартоломеј, а ќе продолжува во големата Руска Федерација, и во продолжение во истославните земји, Романија, Бугарија, Србија, Грција и Кипар, и ќе сјае и од Древните Патријаршии, Автокефалните Цркви и Православната дијаспора, и новооснованите Автокефални Цркви во Европа, Канада, Австралија и по целата планета.

Тогаш ќе види светот што значи Православие, и каде е вистинскиот Христос Кој пребива во вековите. Сега, откровенско е она што го изјави др. Елисавет Продрому, поранешна потпретседателка на Комитетот за Меѓународни Религиски Слободи на Американскиот Сенат, член на делегацијата на Вселенската Патријаршија на „Светиот и Велик Собор“, во Orthodox Christian Laity, 2007г. во Илиноис, САД, со тема: „Зошто потреба за Свет и Велик Собор? Зошто сѐ уште не? И кога?“ каде што изјавува „...еден таков Собор треба да им помогне на Православните христијани да разберат, да се соживеат и активно да учевствуваат во оформувањето на реалноста за сесветската религиска различност...“.

Прицврстувањето на Православните претстојатели кон меѓународниот систем е еднакво со одрекување на верата, и секако, не може никој да очекува соучество во ова непреподобно дело од страна на оние што „се плашат за спасението на нивните души“, што не подлежат на познатото правило „порочен живот – порочни догми”, ниту, секако, да чека некој од големата Руска Црква нејзино духовно поробување на Американско-еврејскиот систем на светска власт.

Патем, ќе кажам дека кој и да се избере на следните американски избори, Еврејското лоби ќе има негов човек, бидејќи и ќерката на Клинтон од Демократите, и ќерката на Трамп од Републиканците, се имаат венчано со еврејски тајкуни и примиле Јудеизам!!!

Значи, работите се многу едноставни, и само тие што се платени добро за да ја продадат нивната бесмртна душа за малку години земно уживање во сегашниов свет на препреки, бои и форми, се прават дека наводно не разбираат.

Како после сето ова да побара чесната Вселенска Патријаршија од руската држава да испрати на Босфорот два носачи на авиони, за да видиме за колку секунди ќе престане читачот на сатанскиот Куран да го осквернува сесветиот храм на Божјата Премудрост со читањето на “јуначките подвизи” кои соблазнително се наведуваат во сурата на Куранот “Сојузнички племиња - Ал Ах Заб”, за порочниот лажепророк Мухамед?

Извор: Ромфеа

Преземено од: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная