логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

85531.b

 23/05/2016   Актуелности, Поуки - совети

Деновиве, Митрополитот Месогејскиј и Лавреотикискиј Николај се обратил кон духовништвото и верниот народ на својата епархија, со окружно Послание „За Светиот и Велик Собор на Крит“. Го пренесуваме неговиот текст:

Драги отци и браќа,

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Секако, знаете дека на Крит, во Неделата на Педесетница ќе започне, и ќе трае околу десеттина дена, така наречениот „Свет и Велик Собор“.

Тој Собор ќе биде Сеправославен: со други зборови, на него ќе примат учество делегации од сите Православни автокефални Цркви, претставени од архиереи, на чело со Патријарсите и архиепископите. Некои, тој собир го карактеризираат како Вселенски Собор, иако, од некои причини и самите одбегнуваат да го наречат така.

Овој Собор, веројатно, претставува единствен собор од таков обем, после второто илјадалетие, и единствен после одделувањето на Рим од единството на останатите Цркви, т. е., од телото на Едната Света Соборна и Апостолска Црква, како што се вели во Символот на верата.

Затоа, на сите им е јасна сериозноста на надежите и очекувањата, кои паѓаат на ова собрание. И јас сметам дека моја најголема пастирска обврска ми е, да ви се обратам вам, и да зборувам за неговите достоинства и значајност, затоа што народот во нашата црковна традиција, не е само набљудувач на она што се случува, но учествува со молитва, слово или здрава реакција на животот на Црквата.

Ваквиот Собор се свикува во име на Триединиот наш Бог. Неговата цел – е пред сè, духовна, насочена за обединување на верниците, нивна поддршка, укажување на вистинскиот пат, исцелување од заблуди и истовремено сведоштво пред современиот свет во рамките на својата мисија, т.е., ја открива единствената Божја вистина „на сите народи“ според Божјата заповед (Мт. 28, 29).

Соборот треба да го направи тоа, потпирајќи се на правилното толкување на Светото Евангелие, на Свештеното Предание на претходните Собори, на учењето на Светите Отци, секако, применувајќи ги во проблемите на современата епоха.

Следствено, бидејќи треба да биде јасно на сите, ставовите и дефинициите на тој Собор треба да бидат јасни, силни, пророчки и боговдахновени. Ние очекуваме да го чуеме гласот Божји за првпат, после илјада години соборно молчание, особено во ова наше „искривено и развратно“ време (Второзаконие 32, 5), полно со заблуди, компромиси, ќорсокаци, измами, ереси, одрекувања, атеистичка злоба, променување на вечните морални принципи, многустрано вмешување во човечката природа, во епоха на светска нестабилност, технолошка семоќност, цифрова самоизолација, искоординирано навредување на Бога, масовно разрушување на древните култури, насилно преселување на народите од местата на нивното историско живеење, [епоха на] апокалиптични гонења на христијаните.

Гласот на Црквата, треба да биде глас „над големи води“ (Пс. 28, 3), „глас на водопадите“ (Пс. 41, 9), тој треба да го бранува светот и да ги воскреснува животите кои умираат.

Ако не сме подготвени за нешто слично, подобро да почекаме, подобро – нека биде и во последен момент – да го одложиме Соборот за некое друго време. Само фотографирањето на четиристотини епископи со дежурни насмевки на Крит, после „прелевањето од сито во решето“, после потпишувањето на текстови без трошка вистина и без капка жива вода, без мечот на духовното слово, со, заради нешто, специјално воведени нејасни богословски формули, со намера да се маскира вистината и благоустројството на реалноста – сето тоа, не само што ќе ја уништи суштината на Соборот, но во пригоден момент, еднаш и засекогаш ќе нанесе непоправлив пад на православното сведоштво.

Соборот треба да се одржи, доколку е во состојба да каже и да покаже нешто толку важно, што ќе ја воскресне надежта на сите нас, што ќе ја осветли нашата темнина, што ќе ги уништи сомневањата во тоа, дека зад лицето на црковните интереси, ги застапуваме политичките или егоистичните интереси на нашата епоха.

Сета вселена жеднее по вистина, надеж, светлина, сили, живот, автентичност. Сето тоа, толку недостасува во наши дни. Ние сме преисполнети со лага, согласување, посредност, сомничавост, мртви религии, овенета вера, религиозни вишоци без содржина, ситна и глупава надворешност на лицемерни прегратки.

Ние сме презаситени од секуларизам, синкретизам, двосмисленост, нејасност, богословие заради красноречиви пирови, отпаѓање на Црквата од таинството на познанието на вистинскиот Бог и јавувањето на Неговата волја, и нејзино претворање во религиозна „творба“ со светски координати.

Се надеваме и се молиме, овој Собор, не само да даде пример на единство, што секако, само по себе не е мало, но исто така, во одреден степен да стане и пророчки. Навистина, тој факт, што ќе се сретнат сите Православни Цркви и ќе изјават дека, без оглед на разнообразноста на народите и културите, без оглед на недостатоците и човечките пороци, без оглед на недоразбирањата и противречностите меѓу нас, без оглед на разно-разните несогласувања и конфликти, разделуваме иста вера во Троединиот Бог и Господ и Богочовекот Исус Христос, вера во Таинствата на Црквата и човекот, и таа иста вера ја возгласуваме и признаваме за велика и света, што го прави Соборот Велик и Свет.

Но, и неговото слово треба да биде боговдахновено. Тој треба, како и претходните Собори, да ја проанализира историјата и да даде оценка на нашето време, кое се разликува од другите епохи, да стане незаборавен печат во животот на Црквата. Да стане гласот Божји денес! Во спротивно, не вреди ни да се одржува. Доволен ни е и Неговиот молк.

Ние не сакаме да го слушаме човечкото слово на денешните епископи, не сакаме да знаеме што мислат најумните и најобразованите меѓу нив.

Сакаме да го чуеме гласот Господов од устите на нашите епископи и – страдаме за крикот на нашиот Собор. Ако ние, денешните христијани, не добиеме утеха и поддршка, не се осветиме, ако идните епохи не се обраќаат кон овој Собор како кон извор на вистината, која е смислата истиот да се свикува? Словото, кажано од Црквата, не може да биде тривијално или половично, ниту незначајно по својата суштина.

А Соборот треба да каже многу.

Цел милениум, вдахновен од богословската мудрост на такви светители, како Григориј Палама, со опит на постојана и непрестајна молитва (дури анализиран од такви богослови и светители, како Никола Кавасила и Симеон Солунски), со живот, полн со исповеди и крв на маченици, [илјадалетие] натопено со потта на великите аскети, како преподобниот Серафим Саровски и современиот светител старец Пајсиј, [илјадалетие] до наши дни одбележувано со знаци и чудеса на светителите, како свети Нектариј Егински и светиот архиепископ Лука Кримски, светителите на Руската, Еладската, Балканските Цркви и целата црква општо; целото илјадалетие било пат по морето на благодатта Божја во црковно единство – и сето тоа, секако, не може да не се изрази во „новото слово“, кое ќе го каже Великиот Собор преку своето послание. Денес, кога човекот се претвори во биолошки механизам или социјална единица, или се претвори во ефемерно суштество и устројство на управувано мислење, како може православното сведоштво за заедничкиот живот со Бога, изразено и опитно проживувано во нашите храмови и манастирите, во таинствата и нашиот живот, да не се оѕвие како заглушувачки сеправославен крик на нашето време?

Не можеме да си замислиме, во епоха на лукаво и немилосрдно гонење на Црквата, беспрецедентно духовно задушување, заблуди и „униние на народите и недоразбирања“ (Лк. 21, 25), во епоха на напрегнато очекување на крајот, за тој Велик и единствен Собор православните да направат известувања за медиумите, пораки и фотографии – и истовремено, сето тоа да биде лишено од смисла, суво по својата содржина.

Овој Собор – е единствен после шизмата. Отцепувањето на Западот од телото на Црквата не можело да не доведе до заблуди, до различни учења и еретички верувања, чија вина, што често се прави, и не треба да ја бараме во денешните западни христијани.

Сепак, обврска на Соборот – е да нè заштити од секоја ваква опасност, притоа, не жестоко и немилосрдно да ги изобличува оние, кои ги наследиле тие заблуди, туку да ги насочува со болка, љубов, и богословска точност. И значајноста на таа обврска е огромна.

Како што е незмерна и одговорноста да се повикаат – најнапред – сите православни кон покајание, за ние, имајќи ја великата милост Божја, да живееме чисто во Неговата вистина и да ја пренесуваме секаде на нашиот пат.

За да се вратат другите, најпрвин треба да се покаеме самите. Ако не живееме со тоа, ќе страда Православието кое го исповедаме. И ако за тоа не ни каже Соборот, тогаш тој може да биде Велик, но нема да стане Православен.

Дали екуменизмот е ерес? Може ли тој во одредени услови да стане благословена иницијатива? И дали антиекуменизмот секогаш е благочестиво исповедање?

Зарем Црквата може да биде Единствена, но притоа да не биде Соборна и Света? То ест, можеме ли да ставиме акцент на Православното исповедање на верата, а не на соодветното апостолско сведоштво? Зарем таа може да биде Соборна, и притоа да не биде Една? То ест, во својот стремеж да ги обедини христијаните, може ли таа да ја жртвува својата уникатност, или со други зборови – со својата свест дека Таа – е Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква?

Чекаме, Соборот убедително да ни каже за уникатноста, светоста, соборноста и апостолското достоинство на Црквата, преку јазикот на вистинското учење, покајание и дејствена светост во однос на православните, и почит и љубов кон иноверните, а не со високомерна триумфалност или слатки зборови на празни светски компромиси.

Имаме потреба од тоа, да сфатиме, дека постои „светоотечко благочестие“, за кое илјада пати биле подготвени да умрат нашите предци во Константинопол: „Никогаш нема да те оставиме, љубено Православие, и нема да отстапиме од тебе, Свештено Предание, во тебе сме родени, во тебе живееме, и во тебе ќе се упокоиме, а ако дојде време – и илјада пати за тебе ќе умреме“ (Јосиф Вриениј).

Ако нашата вселенскост е туѓа на мисијата и пророчката служба, таа не може да биде ниту православна, ниту црковна.

Драги мои браќа, ве повикувам на смирена будност, усрдни молитви, напрегнат труд и покајание, за Господ да му дарува на овој Собор власт да го изрази Неговиот глас, словото на овој Собор да биде вистински боговдахновено, и на тој начин Он да воскресне во нашите срца увереност, дека „жив е Господ“ и денес.

Сите ние, сиот свет има потреба од тоа! Само така, Соборот ќе стане Свет во буквална, а не во преносна смисла.

Ако Соборот не е Свет, не може да биде ни Велик, а ако не е Велик, останува отворено прашањето за неговото свикување.

 

Митрополит Месогејскикј и Лавреоткискиј Николај
Romfea.gr

 Извор: http://www.pravoslavie.ru/93517.html
 екуменизам, Крит, Православие, Сеправославен Собор



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная