логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 



Свечености на Егина во спомен на св. Нектариј
(13.11.2013 13:15)

На грчкиот остров Егина завршија свечените богослужби во чест на еден од најпочитуваните подвижници на 20 век – св. Нектариј Пентаполски, соопштува сајтот agionoros.ru.

Ноќта, во очи празникот во соборниот храм при манастирот „Света Троица (Св. Нектариј)“ беше отслужена Вечерна. Веднаш потоа започна Литијата. Чесната глава на Светителот беше пренесена во големиот соборен храм на Нектариј Пентаполски, кој се наоѓа во близина на манастирот.

Утрото, во соборниот храм, беа отслужени Утрена и Божествена Литургија. На богослужбата која беше возглавена од Митрополитот Маранијски Пантелејмон, учествуваа и Митрополитите:  Кифирскиот Серафим, Неврокопскиот Јеротеј, Арголидскиот Нектариј и Егинскиот Ефрем. По Литургијата започна литијата која заврши со молебен во соборниот храм на пристаништето на Егина.

Во празничните свечености учествуваа илјадници жители и поколници од сите краишта на православниот свет.

Свети Нектариј Пентаполски (Егински) е канонизиран пред половина век, но денес, без преувеличување, може да се каже дека тој е еден од најпочитуваните светители во православниот свет. Неговиот подвиг се содржи во неговата саможртвена активност на пастирската нива, богословското наследство, праведниот крај и чудата кои го прославија неговото име далеку од границите на Грција.

Свети Нектариј е официјално прогласен за покровител на богословските училишта во Грција. Тој во себе ги соединува цртите на архипастир, на вистински монах и исклучителен богослов. Според зборовите на познатиот грчки историчар и духовен писател архимандритот Илија Мастројанополис: „Св. Нектариј во сите аспекти беше вистински духовник, вдахновен од Светото Писмо, Отците, молитвите и личното искуство. Библиски, светоотечки, преданиски, кој цврсто стоеше на земја, но и навистина современ. Секогаш вдахновен од Евангелието, но како и кај св. Василиј и св. Златоуст, никогаш не му беа туѓи психологијата и медицината“.

Извор: Светигора

Преземено од:МПЦ-ОА



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3108
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2943
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…