логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 tek.jpg

 Во Дамаск ги погребаа малите деца убиени во христијанскиот кварт


13 ноември 2013

tek.jpgДевет деца беа убиени на 11 ноември во христијанскиот кварт во Дамаск. Војната во христијанскиот кварт на сирискиот главен град се одразува на новите цркви и училишта. Како резултат на акцијата на бунтовниците, на 11 ноември беа повредени 43 лица, од кои повеќето се деца, известува информациониот портал Salam 1, повикувајќи се на веста од агенцијата „Сириска вистина“.

Нападот на христијанските квартови беше инициран од членови на вахабистичката радикална група „Џаиш ал-Ислам“ (исламска армија), на чие чело стои саудискиот агент Захран Аллуш. Претходниот ден кај цивилното население имаше 43 жртви. Првата цел на „Џаиш“ беше училиштето „Св. Јован Дамаскин“ во областа ал – Каса, каде исламистите убија пет деца и ранија 27 лица.

Исто така проектилот го зафати и училишниот автобус на христијанското143787.b.jpg училиште „ар – Рисалат“ непосредно во моментот на неговото запирање пред училишната зграда, лоцирана во квартот ал – Баб аш – Шарки. Четворица ученици Нирфана Илијас, Тала Илијас, Илија Илијас, Петар Илијас, и таткото што ги водеше Георгиј Илијас, а останатите претрпеа сериозни повреди. Информацијата за нападите беше потврдена од раководителот на Одделот за образование на градот Дамаск, др. Мухаммад Мардини.143787.b.jpg

Истовремено од истите радикални сили на „Џеиш“ беше стрелано во црквите на „Чесниот Крст“ и на „Св. Кирил“, како и во повеќе домови во реонот ал – Каса во Дамаск. Поднесени се извештаи за повредени.

Во тесна врска со конкретната ситуација во земјата, своја изјава даде Untitled.pngсекретарот на Антиохискиот патријарх митрополит Лука (ал – Хури), којшто го осуди овој вандализам и насилство против цивилното население. „Ние излеговме од корените на оваа земја и никаде не знаевме за таква безбедност, како овде во Сирија, нашата земја; тоа е земја свештена и благословена и затоа сме спремни да ја искупиме со својата крв и своите животи“ – резимираше ерархот.
Напомнуваме дека од летото оваа година таканаречените бунтовници ‘опозиција‘ во повеќе наврати се обидуваа да отворат оган на христијанските квартови во градот, чии жители според мислењето на такфиристите ‘заслужуваат колективна казна‘. Често пати се поставуваат коли – бомби во областите претежно населени со христијанско население.

">Извор: Православие.ру

 

 

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3202
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3044
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…