логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Духовната молитва
 Духовната молитва не зависи од било каков телесен напор како што е, на пример, притисок со вниманието на срцето или ограничувањето на дишењето и слично. Таа се извршува по умствен пат. Треба да ја започнуваме со поставување на себеси во присуство на Господа, а потоа, предавајќи се себеси во потполност на Господ и вдахновувајќи се со вера и надеж. Нему да Му ја упатуваме својата молитва, едноставно, детски. При тоа треба да се задоволуваме со оние чувства кои Бог ќе ги испрати. На духовното дело занесувања не се својствени. Негова најдобра пројава е „духот скрушен, срцето скрушено и смирено“. Сте напишале – кога ќе Го замислите Господ дека е присутен, ви станува подобро: така секогаш и правете.

 Апостолот Павле учи дека кај оние кои примиле Дух, Духот моли и тоа секако не Самиот од Себе, туку поттикнувајќи ги молитвените стремежи кон Бога во човечкиот дух. Така имаме вистинска молитва – молитва од Духот придвижувана. Но таа е таква во својот највисок степен. Патот кон неа е молитвениот напор од оние кои бараат очистување и осветување. Осаменост, ноќ – тоа се околности кои на ова делање му се најпогодни. Труди се и работи, одгонувајќи ја секоја мрзеливост. Господ ќе се сожали над тебе и ќе ти подари дух на молитва, кој ќе почне да делува во тебе онака како што во телото дејствува дишењето. Почни! Сега е правото време.

 Молитвата – тоа е најделотворното средство во духовниот живот и воедно негова мера. Онака како што ја опишувате вашата молитва, таа е многу неправилна. Потрудете се да правите вака: пред молитва секогаш размислувајте за неа, што е таа, кому е упатена и каква треба да биде – поразмислете и повлечете го чувството на срцето во областа на молитвата: побожност, надеж и предаденост на Бога. Вие читате утрински и вечерни молитви. Одлично. Но своето молитвословие извршувајте го без брзање, секогаш пратејќи ги зборовите со мисла, со напрегнување на чувствата на срцето. Вие тука често попуштате. Од сега решете ни за влакно да не попуштате и својски потрудете се зборовите да бидат следени со мисла и чувство. Кога тоа го нема, молитвата е безвкусна и непривлечна. Кога читате книга, во мислите го следите тоа што го читате и со задоволство го усвојувате она на што ќе наидете. Штом побегне мислата, шитањето станува отежнато. Така е и со молитвата. Ако мислата побегне и чувството се повлече, почнете да се принудувате себеси. Вашето правило е неголемо, затоа е срамота да брзате, мислата да ви бега на страна и да попуштате на чувството. Погледнете колки слатко молитвата ќе потече ако ја досегнете и не си попуштате себеси, или не себеси туку на непријателот кој, штом појдете во аголот за молитва, ве следи во чекор... и опседнува со разни потсетувања... Но, ако бидете внимателни, тој ќе отстапи зашто вам вашата борба против неговите наговори ви подготвува венци – а тој тоа не го сака. Кога делото на молитвата тече исправно, кога имате желба за молитва и не сакате да се откажете од неа, тогаш продолжете да се молите, молејќи се со свои зборови или свои мисли, за она што е најпотребно во духовниот живот... Мислам дека на тој начин вашата молитва ќе живне и дека мрзливоста за неа ќе исчезне.

 Готови молитви има многу. Тие молитви не се составувани, туку се изливале од срцата на светите под дејство на некое созерцание или случување и настан животот. Оној кој ги чита со внимание, ги доживува чувствата со кои тие дишат и така оживува и создава во себе молитвен дух. За ова полесно да би се одвивало, добро е за избраните молитви однапред да се поразмисли, со забележување на чувствата кои во нив се зачувани. Уште подобро е да се наушат молитвите напамет, за да не би имало потреба од молитвеник, туку секогаш да го носиме во душата, подготвен да биде отворен ако затреба.

 Но, навикнувајќи се на молитва според готови молитви, треба да почнуваме по малку да се молиме и со сопствени зборови, според своите потреби – душевни или надворешни. А духовните потреби, штом се пробудат, веднаш се насочуваат кон Бога. Повикот да се обратиме кон Бога понекогаш станува и без одредени потреби, туку само од жед за Бога. Во која  мера или во кој вид и да се појавил овој повик, никогаш не треба да го осттаваме незадоволен, туку веднаш треба да се завртиме на молитва, во онаа положба во која тој повик нè затекнал: ако е на работа, на работа и треба да се молиме, ако е во тек на читање, во тек на него треба и да се молиме, ако е во одење, да се молиме одејќи. Но, секако е подобро и поплодотворно да застанеме на местото за молитва и да заземеме молитвена положба, доколку е тоа можно. Колку поусрдно би ги исполнувале овие обраќања кон Бога, толку почесто тие ќе се повторуваат, и подолго ќе траат, и подлабоко ќе се вкоренуваат. Не заборавајте јаа оваа точка. Тоа е најдобар метод за усовршување на молитвата.

 Постојат молитвеници кои се молат само со Исусовата молитва... Но тоа е за совршените, а нам почетничите таа едноличност бргу ни здосадува. Затоа гореопишаниот метод преку укажување на разните духовни потреби ја прави содржината на молитвата разнолика. Меѓутоа, тие кратки молитви сепак се обраќаат на Господа, та соодветно со тоа, во духот и Исусовата молитва.

 До умно повредување среде Исусовата молитва може да дојде тогаш кога ја извршуваат оваа молитва и при тоа не се откажуваат од некои гревови и грешни навики кои совеста ги осудува. При тоа, внатре доаѓа до длабоко внатрешно нескладување кое го прогонува секое спокојство во срцето... Среде сето тоа главата може да се помати и поимите може да се помешаат и заплеткаат.

 Тоа што кај вас на молитва постојат покајни чувства и солзи – тоа е вистинска работа. Без покајни чувства молитвата не е молитва. Така и треба да се смета, како да не ја ни било. Молитвата без тие чувства е исто што и мртвороденче. Така е кај Светите Отци. А солзите поттикнувајте ги... Научете се да ридате над себеси како над мртовец.... Зашто главната мисла или место каде што треба да се држиме во мислите, е часот на Судот или оној момент кога Бог се спрема да објави: „дојди или бегај“! О, Господи, спаси! И како да не плачеш, кога не можеш со сигурност дека нема да ти рече: „бегај“!

  (AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная