логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Pravedniot.Jov.jpg

 САМИОТ ЗА СЕБЕ И КОН ОНИЕ КОИ ЗБОРУВАЛЕ ДЕКА СВ. ГРИГОРИЈ ГО ПОСАКУВАЛ КОНСТАНТИНОПОЛСКИОТ ПРЕСТОЛ

 

Се чудам! што ве побудува толку многу кон словата мои? Поради што има таква сила над вас моето слово, слово на чуждестранец, можеби слабо и без нeкакво достоинство? Дури изгледа, дека  имате таква привлечност кон мене каква  што има железото спрема магнетот, па затоа и се држите вие за мене, истовремено држејќи се и взаемно еден со друг, и сите за Бога, од Кого и во Кого е сè (Рим. 11, 36). Навистина, тоа е прекрасен синџир, и него го плете Духот Свети, сврзувајќи нераскинливи алки!
Ако пак, прашате за причината, тогаш, колку што се познавам себе си, не гледам во себе повеќе мудрост од другите, освен ако некој не мисли дека е мудрост тоа што самиот се сметам за немудар и неблизок до вистинската и првоначална Мудрост; како што денешниве мудреци имаат потреба да мислат за себе, бидејќи најлесно е да се лажеш самиот себе, и превознесувајќи се со пуста слава да се сметаш себе си за нешто, бивајќи ништо. Не сум јас првиот што ви го проповеда учењето на Православието, за кое вие така крепко се држите. Јас одев по туѓи стапки, ( и да се каже вистината ) по вашите стапки, бидејќи вие сте ученици на знаменитиот Александар, великиот поборник и проповедник на Троица, кој со слово и дело го искоренуваше нечестието, и ја помните онаа апостолска молитва, која го порази началникот на нечестието  во она место, достојно за  неговиот нечист јазик, и на тој начин да биде срамотно казнет поради бесчестието, и за  неправедната смрт на прелестените од него души да биде посрамен со праведна смрт. Гледате, ние, не нов ви откривме извор, подобен на оној  што во безводно место им го беше покажал Мојсеј на оние кои бегаа од Египет (Исх. 17, 6), ами го раскопавме затрупаниот и покриениот со земја, подражавајќи им така на  слугите на Исаака великиот, кои не само што копале нови бунари со жива вода, но и ги очистувале оние што биле затрупани од Филистејците (Бит. 26, 16).
А од друга страна пак, јас не сум од бројот на краснословните, немам пријатност во однесувањето, не знам да откраднувам благосклоност со ласкателство, кон кое се особено способни, како што гледам, многумина од оние кои денес свештенствуваат. Овие луѓе, и нашето благочестие коешто е просто и чуждо на секоја извештаченост, го направија извештачено и го претворија во некаков нов вид на управување, пренесен од  пазарот во светилиштето, и од театарот во недостапното  за повеќето очи – тајновотство. Така, кај нас (ако треба да се изразиме посмело) има два театра, и единствената разлика помеѓу нив е  во тоа што едниот е достапен за сите, а вториот  за некои; во едниот се возбудува смеење, а во другиот почитување; затоа едниот е театрален а пак другиот духовен. Сведоци сте вие и Бог, зборува божествениот Апостол (1 Сол. 2, 10), дека ние не принадлежиме на првиот, ами напротив, ние сме такви, што, побрзо  ќе не обвинат за грубост и незнаење на световните приличија, отколку за ласкателство и човекоугодништво; дури и на оние, кои се премногу приврзани кон нас, понекогаш им се покажуваме сурови, кога тие ќе постапат во нешто, според нашето мнение, незаконски. А тоа се докажа и неодамна во случениот со мене настан, кога вие: народот, вриејќи од ревност и гнев, и не гледајќи на мојот плач и солзите, ме издигнавте  мене на овој престол, којшто незнам како да го наречам: маченички или архиепископски - ме издигнавте, заради љубов нарушувајќи го законот. Со овој настан јас дотолку огорчив некои од најревносните, така што тие ме оставија и љубовта ја заменија со непријателство. Јас пак, помалку гледам  на тоа со што можам да угодам, а гледам  на тоа каква корист можам да донесам.
Затоа, која е причината за таквата љубов кон мене и кон моите зборови? Сакате сами да ја откриете и да ја објасните, да ја направите известна вашата љубов кон мене, или пак ви е угодно јас да ја изложам, како што и во други случаи со задоволство вие мене ме примате за толкувач? Колку што можам да заклучам од вашето молчење, вие, словото ми го препуштате мене. И така, слушајте и гледајте, лош ли сум јас одгатнувач на подобни дела.
Како прво, мене ми се чини дека, бидејќи вие сами ме повикавте, затоа сега и ме подржувате со својот суд, затоа и ме чувате како свој производ. И тоа е навистина во нашата природа, да се љуби сè што е свое: имот ли, или творба, или слово, и да се негува искрена расположеност кон своите произведенија. Како второ, вие посебно го почитувате она што го гледате во мене, тоа што јас не сум дрзок, не сум безобразен, не се држам гордо и на показ, но сум попустлив, скромен сум, дури и во друштво испаѓам како да не се дружам, и живеам како пустиник, а уште пократко да се каже: се однесувам љубомудрено, а љубомудрието мое не е вештачко или итро продумано, ами е просто и со духовна содржина. И не се кријам, за да ме бараат, и на тој начин да ме сметаат достоен за поголема чест, како што некои со таква мисла накратко ја покажуваат својата убавина, а потоа ја кријат, ами за да докажам со своето безмолвие колку многу  избегнувам првенства и не посакувам такви почести. Како трето, вие гледате колку трпам јас напади и од надворешните непријатели и од своите, и ќе кажам заедно со Даниил: излезе безаконие од Вавилон од старешинити-судии, кои се собирале да го судат Израилот  (Дан. 13, 41). Вие се жалите и негодувате на тоа, но не можете со ништо да му помогнете на притеснетиот, и наместо сè вие ми принесувате на дар само сожалување. А жалоста соединета со срам произведе љубов. Еве ја тајната на вашата почит кон мене! А бидејќи напаѓаат на мене поради моите беседи, заради богатиот јазик кој умее да возбудува завист, кого што ние најпрвин го обучивме со световна словесност, а потоа го облагородивме со Божјото слово и горката Мерра ја засладивме со дрвото на животот (Исх. 15, 25), затоа и вие им дадовте место во себе на чувствата достојни за луѓе благородни, и го љубите во мене она за кое ме напаѓаат.
Зошто јас не ја возљубив  ученоста безгласна, сува и која се влече по земјата? Зошто, гледајќи многумина кои се задоволни и со таква ученост, јас сам му се посветив на љубомудрие чудно и не овдешно; се обрнав кон изрази спорни, кога најдобро би било смело да се бега од секакви расудувања и кога би требало вера да се нарече таквото одрекување од разумот? Кое (ве уверувам), и јас би го возљубил, кога би бил рибар (нешто што исто така на многумина им служи како предлог за извинување на неукоста), и кога моите зборови би имале чудотворна сила. О, кога би се истребила зависта помеѓу луѓето, таа рана за оние кои се обземени од неа, тој отров за оние кои страдаат од неа; таа е една од најголемите неправедни а во исто време и праведни страсти - страст неправедна, бидејќи го нарушува покојот на добрите, а пак праведна, бидејќи ги осушува оние кои се хранат од неа! Нема да им посакувам зло на оние кои на почетокот ме фалеа. Тие не знаеа каков ќе биде крајот на тие пофалби, инаку, можеби, ќе присоединеа кон пофалбите и прекори, за да ѝ постават преграда на зависта.                                                                                       
     Зависта го помраче и  ангелот кој падна поради гордост. Бивајќи божествен, тој не издржа да не се признае себе си за бог, а исто така, го истера и Адама од рајот, совладувајќи го со помош на сластољубието и жената (Бит. 3, 23), убедувајќи го дека дрвото на позананието нему му е забрането, до одредено време, поради завист, за да не постане бог. Зависта го направила и Каина братоубиец, кој не можел да го поднесе тоа што другата жртва била посвета од неговата. Зависта и злочестивиот свет го покри со вода, и Содомјаните ги истреби со оган. Зависта ги проголтна во земјата Датана и Авирона кои се побунија против Мојсеја (Броеви 12, 32) и ја порази Мариам со лепра, само затоа што таа пороптала на брата си (Броеви 12, 10). Зависта ја попрска земјата со крвта на пророците и преку жена го поколеба Соломона. Зависта и од Јуда направила предавник, обманувајќи го со неколку сребреници, поради што, тој, заслужи да биде предмет на чудење; Таа го направила и Ирода – детеубиец, и Пилата – Христоубиец. Зависта го понизи и расеа Израилот, кој и досега не го остави  овој грев. Зависта ни го издигна нам и оној богоотпаден мачител , од кого сеуште има жар, иако ние избегнавме пламен. Зависта го пресече и прекрасното тело на Црквата, разделувајќи го на различни и помеѓу себе несогласни делови. Зависта го издигнала кај нас и Јеровоама - тој служител на гревот, ставајќи ни узда на јазикот. Тој не ја трпи пројавената во блесок Троица, Која што нè озарува нас со сецелото Божество и Која вистинските Свои проповеднеци ги прави многучестни за вас.
Нели ви се чини дека јас пустословам, предлагајќи свои предпоставки? Или пак живописното слово многу точно ја изобрази причината на  вашата љубов? Што се однесува до оваа љубов, јас така го разбирам тоа. Но бидејќи гледам дека некои се огорчени и мојата несреќа ја сметаат за своја, ќе пољубомудруваме накратко и за тоа.
Доколку заради некакви човечки и ништожни замисли или заради добивање на оваа катедра, уште од почетокот се појавив јас пред вас со оваа старост и со овие, од време и болести, згрбавени членови, и ако заради тоа сега трпам толку многу безчестија, тогаш мене би ми било срам од небото и земјата (како што по навика, старите,  ги земале нив за сведоци); срам би ми било и од оваа катедра и од овој свет и од неодамна соединетиот народ, против кого се има вооружено неброено множество на лукави сили, со цел да се уништи уште до неговото образување, за да се умртви  уште до неговото раѓање; мене ќе ми беше срам и од моите подвизи, од трудот, од оваа власеница , од пустината, од безмолвието со кое јас свикнав, би ми било срам и од безгрижниот живот, и од ефтината трпеза која многу малку ќе да е поскапа отколку трпезата на птците небесни. Но да допуштиме дека некои ја зборуваат вистината за мене: дека јас посакав туѓа жена  презирајќи ја својата! Нека имаат надмоќност над мене и гаваонитите, кои (колку што ми е познато мене) Духот Свети нема да ги прими за дрвари и водари (Иис. Нав. 9, 27) се додека пристапуваат кон светилиштето со такви флеки во животот и учењето! Но ако сум дошол јас овде за да го заштитам учењето, за да ѝ оддадам посилна помош на Црквата, која до овој момент вдовствуваше и беше безмажна, за да ѝ бидам како старател и да се грижам за неа, па потоа да ја свршам за друг, веднаш штом ќе се појави некој достоен за оваа убавина, и кој би можел на оваа царица да ѝ принесе богато вино од добродетели; тогаш, за што сум јас достоен, за пофалби поради трудот или за прекори породени од сомничавост, бидејќи ми се суди според страстите на другите? Така, ако на зафатениот од бура брод, или на опседнатиот град, или на проголтаниот од пламен дом, ние им пријдевме  на помош, брзајќи на чунови, или  со воинства, или со противпожарна опрема, ти, најдобар, наместо помошници и заштитници, без сомнение ќе нè наречеш или морски пирати, или пак би рекол дека сакаме да го освоиме градот и присвоиме за себе домот.
Но ти ќе речеш: „многумина не мислат така за тебе“. Но каква потреба имам јас во тоа, за  кого најдрагоцено е, (или поубаво кажано) ми значи сè, тоа каков сум навистина, а не тоа како изгледам? Тоа, каков сум самиот во себе, или ќе ме осуди, или оправда, ќе ме направи несреќен, или блажен; а тоа пак, како им изгледам на другите, за мене ништо не значи, сеедно како да е чужди сон. Ти зборуваш, возљубени: „но не му се претставуваш за таков на мнозинството. А земјата, им се прикажува ли неподвижна на оние, на кои им се врти во главата? На пијаниот трезвените трезвени ли му се гледаат, или дека одат на глава и се тркалаат? Не мислат ли понекогаш болните и оние кои го изгубија осетот за вкус дека и медот е горчлив? Но не се такви нештата сами по себе, па макар такви и да им се прикажуваат на оние кои не се при себе. Затоа прво докажи дека така мислат за нас луѓе кои се во здрава состојба, а потоа советувај ни да се промениме, или осудиме, ако не те послушаме и си останеме при своето мнение. Не им изгледам таков на мнозина, но таков му изгледам на Бога; поточно: не му изгледам, ами целиот сум отскриен пред Него; Кој сè знае за луѓето уште до нивното раѓање, Кој ги создал срцата наши, Кој проникнува во сите дела (Пс. 32, 15), движења и помисли, и гледа на она што е сторено под нивно влијание; пред Бога, од Кого ништо од она што живее не е сокриено, нити пак може да се сокрие, Кој поинаку гледа на делата наши, а не како што гледаат луѓето. Зашто човекот гледа на лице, а Господ гледа на срцето (1 Цар. 16, 7). Така слушаш дека вели писмото, така и верувај. А оној кој има ум должен е да помислува повеќе на она што е по Бога отколку на заедничкото мислење на сите останати. Ако би имал двајца советници за некое дело, и ако едниот е паметен а другиот неопитен, ќе испаднеш ли ти благоразумен, ако го оставиш првиот и му последуваш на советот што ќе ти го даде неопитниот ? И Ровоам не е пофален за тоа, што го презре советот на старците, а го исполни оној на младите (3 Цар. 12, 13. 14). Споредувајќи го Бога со луѓето, зарем е можно да им дадеш предимство на човечките мненија? Се разбира нема, ако ме послушаш мене, и ако сам внимателно расудиш.
Но ние се срамиме, ќе речеш, од понижувањата што тебе ти ги направија. А мене ми е срам за вас, бидејќи се срамите од тоа. Ако го трпиме сето тоа справедливо, тогаш и треба да се срамиме, и не поради бесчестијата што ни ги направија, а  поради тоа што ние сме достојни за бесчестија. Ако пак трпиме несправедливо, тогаш виновни се оние кои не навредуваат, па затоа повеќе за нив треба да жалиме, отколку самите да се срамиме, зашто тие трпат зло. Ако сум јас лош, а ти ме почитуваш како добар, тогаш што треба јас да направам? Да станам уште полош за да ти угодам тебе? Јас не би го посакал тоа за себе. Исто така, ако стојам исправен, а тебе ти се чини дека паѓам, зар поради тебе треба да ја изменам својата положба? Јас повеќе живеам за себе, отколку за тебе, и за сè ги имам  советници мојот разум и Божјите заповеди, коишто честопати ме изобличуваат, кога никој не ме обвинува, а понекогаш ме оправдуваат, иако многумина ме осудуваат. А и невозможно е да се побегне – од судилиштето кое е внатре во нас, на коешто ако  внимаваме, доволно ќе ни биде за да одиме по правиот пат. А што се однесува до мислењата на другите; ако се тие за нас (да кажам нешто и по човечки), ќе ги примиме; а ако се против нас, ќе ги испратиме да одат по кој пат сакаат, а ние самите нема да испуштиме ништо од она што сме направиле, со цел да се истакниме пред другите.
Така и треба да биде. Кој прави добро поради корист, тој не е тврд во добродетелта, зашто, штом ќе се промени целта, тој ќе престане да прави и добро, слично како трговците, коишто, доколку само се посомневаат во придобивката, не го продолжуваат пловењето. Но кој го почитува и љуби доброто заради самото добро, тој, бидејќи љуби нешто што е постојано, ќе има и постојана расположеност кон него; и така, осеќајќи во себе нешто што му е својствено на Бога, ќе може да го каже за себе она што го кажа Бог: „јас сум секогаш ист и нема да се променам“ (Мал. 3, 6). Па затоа тој нема да се претворува, да прима различни  видови сообразно со околностите, нема да се прави де ваков, де инаков, нема да ја менува бојата, слично како што полипот  ја прима бојата од каменот на кој се прилелепил; но секогаш ќе пребива неизменет, непоколебан посреде колебанија, постојан среде непостојаности, и како што си вообразувам, тој ќе биде карпа која при ударите на ветровите и брановите стои неподвижно, и која распарчува сè што удира во неа. Но за тоа доволно, зашто немам време да се препирам со зборови, а и тоа што го кажав можеби е премногу.
Сега, за вас имам слово, паство моја! Вие постанавте за мене, зборува Павел, и надеж, и радост, и венец за пофалба ( Сол. 2, 19. 20). Вие сте моето оправдување пред оние кои ме испитуваат. Како што на градителите и сликарите, кога некој ќе им побара  отчет, доволно им е да ги покажат своите градби или слики, за веднаш  да бидат ослободени од било какво обвинение; а тоа е така бидејќи делото говори посилно од зборот. Така и јас, укажувајќи на вас, ќе ги одбијам сите напади. Како ќе ги одбијам? Како прво, со тоа што ќе го чувате, цврсто и постојано, исповеданието на Отецот, Синот, и Светиот Дух, ништо не додавајќи, нити одземајќи, ниту нешто презирајќи во единото Божество ( бидејќи ако презреме било што во Него, тогаш се презира и целото Божество); а оние кои поинаку мислат и зборуваат, кои го понижуваат или разделуваат Единиот, предпоставувајќи постепеност во природата, гонете ги од вас како  рана за Црквата и отров за вистината, секако, без омраза, ами жалејќи го нивното паѓање. Како второ, со тоа што ќе покажете живот сообразен со вистинското учење, така што не само во добродетелите, а и во сè друго ќе пребивате без недостаток.
Цареви! Почитувајте ја својата порфира (нашето слово му дава закони и на законодавачите), познајте колку е значајно она што ви е доверено, размислете какво  таинство се извршува во однос на вас. Целата вселена е под вашата рака, ја држите покорена со малечкиот венец и кратката мантија. Горното му принадлежи само на Бога, а долното и на вас, затоа бидете (ќе кажам нешто смело) богови за своите поданици. Речено е (и ние така веруваме), дека срцето на царот е во раката Господова (Изреки 21, 1). Во тоа треба да е силата ваша, а не во златото и воинствата.
Вие кои сте близу царските дворци и престоли! Не превознесувајте се премногу со својата власт, и не сметајте го за бесмртно она што не е бесмртно. Бидете им верни на Царевите, но прво на Бога, а поради Него и ним, во чии раце сте предадени. Вие кои се гордеете поради благородството! Облагородувајте го карактерот, или ќе кажам нешто, иако непријатно, ама сепак благородно: тогаш вашето благородство ќе биде благородно, кога во родословните книги нема да се запишуваат луѓе неблагородни. Мудреци и философи, вие кои сте почитивани по брадата и наметките, софисти и граматици, посакувачи на народни ракоплескања! Не знам за што да ве наречам мудри, кога не го држите главното учење. Богаташи! Послушајте го оној кој кажа: кога богатството ќе се преумножува, не прилепувај го кон  него срцето (Пс. 61, 11); знајте, оти му се доверувате на нешто несигурно. Треба бродот, за полесно да плови, да се растовари. Можеби и ќе откраднеш нешто од непријателот, ако имотот твој прејде кај него. Вие кои се храните раскошно! Одземете му нешто на стомакот и дајте му на духот. Сиромавиот секогаш е блиску до тебе; помогни му во болестта, излеј  нешто врз него од твојот вишок. Зошто и ти да страдаш од несварената храна во желудникот, а тој пак од гладта; тебе те боли главата од многу вино, а тој боледува од водена болест; зошто ти да чуствуваш тешкотија  од преситување, а тој да изнемогува од болки? Не презирај го својот Лазар овдека, за да не те направи тој тебе тамошниот богаташ (Лук. 16, 19-31).
Граѓани на големиот град (први после граѓаните на најголемиот град во светот, или можеби ни малку не заостанувате зад нив)! Покажете се први не во пороците, ами во добродетелите, не во развратот, ами во побожноста. Срамно е да си господар над градовите, а во исто време да си победуван од сладострастието, или во нешто да си целомудрен, а пак кон коњските натпревари, театарот и сцената,  и ловот со кучиња да  се има таква будалеста пристрасност, во тоа да се поминува времето, и првиот меѓу градовите, кој би требало да служи како пример на другите во доброто, да постане познат како град на оние кои се забавуваат со игри. О, кога би го отфрлиле сето тоа, би постанале град Божји, живо напишан на рацете Господови, и заедно со нас просветлени би застанале пред Големиот Градостроител! Сè ова како заклучок  ви го благовестувам вам, во Христа нашиот Господ, Когу му прилега слава, чест, и држава во векови. Амин.

Подготви: монах Нил

Извор: Pagez.ru.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная