логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (34)

Esen.manastir1.jpg

Човечката природа после падот


Падот во грев

Престапувајќи ја заповедта, прародителите ја повредиле и расипале нашата природа, која расипана и повредена ја предале и на своето потомство, то ест на целиот човечки род.
Откако преку насладите е извалкано срцето, преку желбите се валка волјата, а преку одлучувањето и пронаоѓање средства учесник во таа валкаштина станува и разумот; на крајот практично и сите сили на телото стануваат пронижени со гревот; и челиот човек стана грешен.
Разрешените гревови кои не се поновени, на Судот не се споменуваат.
За гревовите кои се веќе исповедани и разрешени говорете: „Постоеја, но сум се покајала и добила разрешување“
Гревот исповедан,. Оросен (со солзи) и омразен се брише од сите книги во кои се запишува – од книгата на правдата Божја, од книгата на нашата природа, од книгата на нашите контакти со видливиот и невидливиот свет. Така тој повеќе не се споменува на Судот. Имајќи го тоа во предвид, својата душа треба секогаш, не смалувајќи го чувството на грешност, да се надахнува со надежта за спасение. Сите наши гревови ГОспод во Своето Тело ги вознел на дрво (Крст) и таму го искинал нивниот ракопис.
... Во кој и вид да се појавува лошото, штом ќе биде забележано, треба да се стане и да се бори. Еве главни методи на борбите: да се препознае непријателот во злото кое се појавило, да се расрдиме, да се собере сила и да се јурне призовувајќи Го Господа Спаситенот во помош, а потоа да се поновува таа работа додека злото не исчезне и душата не се смири... Потребна е енергија, храброст и трпение.
Скрушеноста на срцето и неумолливото самоосудување секогаш ни се на располагање, но сепак, ни мерата не треба да се заборава.
Кај претходното ваше станување од гревовен сон, благодатта забележливо делувала во вас и не ви допуштала да ги почувствувате напорите на обновувањето. Сега ќе биде поинаку... Вашиот сопствен напор треба да претходи – без милост и деспотски – а благодатта ќе го покаже своето дејство кога ќе се изморите од напори и кога нема да знаете што правите...
Опростувањето на гревовите н се дава по наши заслуги, туку по милоста на Човекољубивиот Бог, Кој секогаш е спремен да простува, штом некој ќе Му се обрати со покајание. Недостоен за простување човекот не го прави големината и мноштвото на неговите гревови, туку само непокајаноста. Штом сте се скрушиле и покајале, веќе на небото ви се досудува простување, а во моментот на исповедта таа небесна одлука ви се објавува.
Ракописот на сите гревови човечки Господ Спасителот на Своето Тело го вознел на Крстот и таму го искинал. Примената на тој акт на безгранично милосрдие кон секој поединец се одвива и остварува преку Светата Тајна Покајание. Оној што добил разрешување од страна на духовниот отец, станува невин пред лицето на правдата Божја.
Слабоста на верата во ова и недостатокот на надеж во помилување, ги произведува нашиот непријател. Нема наши гревови без негов наговор. Од нив тој создава ѕид помеѓу Бога и нас. Покајанието и исповедта го рушат тој ѕид. Знаејќи ја силата на оваа Тајна, дека таа ги уништува сите негови напори во врска со пропаста на оние што грешат, ѓаволот својствено се труди да ја пресече нејзината плодотворност – па или сосема одвојува од неа или поттикнува неверување во нејзината сила и безнадежност кога станува прашање за добивањето простување преку неа.
Свети Тихон тврди дека непријателот кога намамува на грев наговорува: не плаши се, Бог е милосрден, а кога ќе доведе до грев тогаш душата ја вознемирува и ја криши со страв, велејќи: за тебе нема спасение.
Господ се одвраќа од грешниците кои грешат и остануваат во гревот, не мислејќи да се поправат. А кога Му се обраќаат со покајание, со желба да се променат и ветување дека тоа ќе го направат, тогаш господ ги остава сите праведници, се завртува кон грешниците кои му се обраќаат и ги милува.
Ретко се случува некој да падне одеднаш; падот обично почнува од нешто мало – од помисли и благи наклонетости... па се зголемува сè до желба за грев... после која брзо се доаѓа до пад во грев.
Каде се душите на грешниците кои не успеале да се оправдаат? На некое место, кое за нив го одредил Праведниот Судија. После смртта, се случува поединечен суд на кој се одредува судбината на грешникот... Но конечното решение на нивните судбини ќе следи на сеопштиот Страшен Суд. Дотогаш тие само го чекаат тој страшен момент... се ужасуваат и страдаат од тоа.
Гревовите се сметаат израмнети со добри дела кои им стојат напротив или со соодветно покајание.
Нашите гревови се големи, многу големи. Но нема грев кој би го надвладеал милосрдието Божјо. Опростувањето на гревовите не се дава по наши заслуги , туку по милоста на Човекољубивиот Бог, Кој секогаш е подготвен да прости, штом некој Му се обрати со покајание. Недостоен за простување не прават големината или мноштвото гревови, туку само непокајаноста.
Под дејството на разрешување од духовниот отец гревовите веднаш се простуваат. Но нивната трага останува во душата и измачува. Во мерата на подвизите и противењето на гревовните повици, тие траги се бришат, а заедно со нив се смалува и споменатото измачување. Кога трагите потполно ќе се избришат – тогаш и на мачењето е крај. Душата станува уверена дека ù се простени гревовите.
Ќе ви кажам како настанува гревот. Еве како оди искушението:
1) Во мислите се појавува зло или очите ќе видат нешто што предизвикува лоши мисли. Тоа е наговорување или насрдување. Тука нема ништо грешно, зашто и едното и другото напаѓаат неволно. Ако истиот час се спротивставите, штом сфатите дека тоа е лошо и се обратите на Господа, сте направиле она што е потребно – духовен подвиг. Но ако не се спротивставите и почнете да се премислувате не противајќи се на злото и не мразејќи го, тогаш тоа веќе не е во ред. Душата наседнала. Тука уште нема грев, но направен е првиот чекор кон него... Но ако некој го обземе таа помисла и тој почне да мисли и мисли за неа, ќе го направи и вториот чекор кон гревот.
2) Вниманието кон злата помисла ив впуштае во разговор  со неа. Тука како што реков, грев сеуште нема, туку му се поставува темел.
3) Трет момент на падот во гревот е – сочувствувањето (наклонетоста) кон таа зла помисла, кога е пријатно да се размислува за тоа и кога самото дело е пријатно. Тое е повеќе од грев, но него самиот сеуште го нема. Во прашање е нечистотија. Се случува сочувствувањето да избие одеднаш – спонтано.
4) Четврт момент на падот во грев е приклонувањето на волјата, зла желба, иако се уште не конечна. Тука грев постои, зашто делото е доброволно. Со чувствата не може секогаш да се владее, но желбата е во наша власт. Сето тоа сепак не е вистински грев, туку само предворје кон него.
5) Петти момент  е согласноста на грев или одлуката да се изврши, Тоа е вистински грев, само внатрешен. Набрзо потоа се јавува и
6) грев на дело... Тоа е вистински пад, погубен за душата, со губење на благодатта и потчинување на власта на ѓаволот.
Ете така... одбивајте ги помислите, не стапувајќи во разговор со нив, веднаш гушете го сочувството, уништувајте ги желбите... Тоа е сета борба... Се случува помислата, сочувството и желбата да се појават сите во ист момент... Ништо... Во тој случај сите тие се како наговор... А борбата се состои во тоа, сите заедно веднаш да се прогонат.
Сочувствувањето , кога нема да се прогони туку остави, значи согласување на нечистотијата. Согласувањето е – внатрешен грев, кој се очистува со исповед.
Чувството е грешно кога на него ќе се согласат, кога го задржуваат и аспалуваат; кога пак неволно се пробива во душата, а душата го нејќе и се напрегнува да го исфрли, тука грев нема, туку во прашање е добра борба.  Се случува заедно со чувството одеднаш да се појави и сочувството, а душата штом го забележи, веднаш да се наоружа против него. Ни тука нема грев. Сочувстото е грешно кога ќе му се допушти да завладее во душата, а се знае дека е лошо.
Грешното дело се одвива вака: мисла, чувство и сочувство, согласност, одлука или избор, и дело. Кој ја прогонува мислата... останува чист. Од чувството и сочувството почнува грешноста, во мерата на согласноста. Каде што нема согласност, нема ни грев.
Добар одговор ќе има онок кој, иако свесен за мноштвото гревови, е уверен дека заради покајание му се опростени... Таа увереност е – крајна граница на покајните напори на земјата.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)

  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)

     

  •  

     

     



    dobrotoljubie

    Поуки од Светите Отци

    dobrotoljubie

    Духовност

    Октомври 20, 2024
    TviTER281

    Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

    Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
    Јуни 30, 2024
    Avraamovo.GOSTOLJUBIE

    Света Троица во Стариот Завет

    „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

    За нафората

    HRISTOS.nafora
    Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

    Проскомидија

    TVIT602
    ·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

    Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

    Сеп 13, 2021 Житија 3213
    Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

    Свети свештеномаченик Харалампиј

    Фев 23, 2020 Житија 7698
    ih3387
    Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

    Најново од духовност

    Православен календар (2)

     

    22/12/2024 - недела

    Божикен пост (на риба)

    Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

    Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

    Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

    Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

    Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

    Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

    Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

    Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

    Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная