логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Зошто човечките души на различен начин Му одговараат на Бога?

Затоа што содржината на човечките срца е различна.

Прва пречка која му пречи на човекот да го слушне гласот Божји е духовната гордост. Таа е пострашна од сите други страсти, тоа е потполна доверба само во себе, во своите внатрешни сили. Нему Бог не му е потребен, всушност тој има своја религија - егоизам, односно тој самиот на себе станал Бог. Духовната гордост е како голема тврдина, но страдањата и потресите често ја рушат оваа тврдина. Паѓаат и се кршат идолите кои сами ги создадале и со кои сакале да го заменат Бога.

Втората пречка е потопеност во световниот живот, нема време да погледне во небото, тој е како вечно зафатена мравка или потполно се задоволува со оние душевни наслади што можат да му ги обезбеди науката, уметноста и сл. Човекот е свртен кон душевните вредности, заборава на духовните вредности. Човечката уметност, книжевност и поезија, претставуват стихија на човечките страсти, каде злото се јавува под маската на доброто, а грубите пороци опејувани и изгледаат привлечно. Во таа земна врева тој повеќе не го слуша гласот на духот. Потоа уметноста ја развива имагинацијата и фантазијата, кои како дебела завеса го покрива срцето. На човекот му се чини дека верата сака да го лиши од оние радости што ги дава овдешното постоење, затоа светољупците кон верата се однесуваат со рамнодушност или со скриена омраза во срцето.

Третата пречка се страстите од кои човекот не сака да се ослободи. Верата од него бара аксетизам, бара промени. Заробеникот на страстите мора да се убеди дека нема ниту вечен живот, ниту одговорност за своите дела, ниту награди или казни, тој се убедува себеси за да спокојно им се препушти на страстите. Тоа е третата причина заради која човечкото срце го отфрла Бога.

од книгата:

,,Како да живееме во Христа"

архим. Рафаел Карелин

Извор: http://www.hristijanskiportal.com/propovedi/33-tematski-proucuvanja/894-zoshto-chovechkite-dushi-na-razlichen-nachin-mu-odgovaraat-na-boga.html



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2775
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1954
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…