логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Плаошник

Светиот праведен Јован Кронштадтски вака пишувал за љубовта кон овоземната татковина: „Љуби ја овоземната татковина… таа те воспитала, одликувала, ти направила чест, во неа има сè во изобилство; но, уште повеќе љуби ја небесната татковина, која е неспоредливо поскапоцена од овоземната, оти е света, и праведна, и непропадлива. Таа татковина за тебе ја придоби Синот Божји, со Својата бесценета крв. Но, за да бидеш жител на таа татковина, почитувај ги и возљуби ги неговите закони, како што си обврзан да ги почитуваш законите на овоземната татковина“.

Христијанското родољубие се пројавува истовремено во љубовта кон нацијата, како етничка заедница, но и како заедница на граѓаните на една држава. Православниот Христијанин е повикан да ја возљуби својата татковина, која има територијално пространство, и своите браќа по крв, кои живеат по целиот свет. Таквата љубов е еден од начините на исполнување на заповедта Божја за љубов кон ближниот, која ја вклучува и љубовта кон своето семејство, своите сонародници и своите сограѓани.

Родољубието на православниот Христијанин мора да биде делателно. Тоа се пројавува во заштита на татковината од непријателите, вложување напор за доброто на татковината, грижата за организација на јавниот живот; меѓу другото, преку учествувањето во делата на државното управување, христијанинот е повикан да ја сочува и развие националната култура и народната самосвест.

Кога нацијата, граѓанска или етичка, е целосно или по предимство моноконфесионална (еднорелигиска, едноверна) православна заедница, во извесен смисол истата може да се сфати и како единствена заедница на верата – православен народ.

Истовремено, националните чувства можат да станат извор на гревовни појави, како што се агресивниот национализам, ксенофобијата, националната исклучивост или меѓуетничката омраза. Во своите крајности, овие појави неретко доведуваат до ограничувања на правата на личноста и народите, војни и други облици на насилство.

Спротивно на православната етика е делењето на народите на подобри и полоши, како и омаловажувањето на било кои етнички и граѓански нации. Особено спротивни на Православието се учењата кои нацијата ја поставуваат на местото кое Му припаѓа на Бога, или оние кои ја девалвираат верата на еден од аспектите на националната самосвест.

Спротивставувајќи им се на ваквите гревовни појави, Православната Црква ја остварува мисијата на помирување на нациите кои се вовлечени во взаемна омраза, како и меѓу претставниците на тие нации. Проф. д-р о. Радован Биговиќ

Извор: http://pravoslavie.mk.

16.09.2017 год.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2775
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1953
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…