логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 maidan-svestenik-720x340

Политиката е валкана работа, а Црквата треба да биде чиста“. Едноставна реченица со која е тешко да се спори. Меѓутоа, ако ја изедете како полнета бомбона, ќе мора да го изедете и полнењето. А еве какво е полнењето: „Црквата нема право да влијае врз животот. Марш во ќош да се молиш пред иконите и да не си се осудил да се тргнеш оттаму!“.

И бидејќи полнењето, очигледно, е отровно, вреди да се анализира само лукавата теза за „комплетната валканост на политиката“ и тоа дека Црквата не треба да се валка со земни работи.

Како прво, евангелските раскази се густо проткаетни со политички мотиви. Без познавање на тогашната политичка состојба во светот и во Светата Земја, воопшто не е можно да се сфати што претставува Августовиот попис, благодарение на кој Господ е роден во Витлеем. Не е јасно кои се стотниците на римската војска и зошто патролираат по улиците на израелските градови, кои се цариниците и заради што народот воопшто не ги сака, зошто (прво)свештениците се бирани секоја година, а не доживотно. Би можело да се приговори на Претечата: „чуму ти е да го разобличуваш некојси Ирод заради некоја си Иродијада? Ете, нека спие кој со кого сака – а ти си духовен човек, размислувај за небесни нешта.“

Дури и во неправедната осуда на Месијата на крсна смрт се чувствува призвук на политичка конјуктура: „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на кесарот. Секој што се прави цар, противник му е на кесарот (Јован 19, 12)… Ние немаме цар, освен кесарот (Јован 19, 15)“. Исфрлете го сето тоа од Евангелието и ќе добиете некакво гностичко учење или зборник на ориентални приказни. Меѓутоа, Евангелието влегло во историјата и влијаело на историјата и го променило нејзиниот тек. И ако мислиме поинаку, тогаш наши свети отци нема да бидат Василиј, Григориј и Јован, туку Маркион, Василид и манихејците. „Духовното“ и „моралното“ се нераздвојни.

Насекаде овој или оној морал има корени и црпи вода од оваа или онаа духовност. Од своја страна, пак, и „политичкото“ е нераздвојно поврзано со „моралното“. Законите ги бележат и одредуваат постоечките морални норми, прецизирајќи ги и корeгирајќи ги. А според востановената пракса, во поново време, законодавството може грубо да се меша во моралниот живот на народот, разбивајќи ги вкоренетите табуа и наложувајќи забранетото да се чини со мирна совест. Токму љубителите на уништувањето на традиционалните вредности и обичаи покажуваат на Црквата прст кон ќошот со икони и говорат: „Не мешајте ни се во нашите работи“. Ваквата појава е делување на духот на антихристот и претставува груба измама проткаена со бел конец. Да наведеме неколку аргументи.

Современиот политички систем кој е актуелен во светот, претполага поделба на власта на законодавна, судска и извршна. Секоја влада има кабинет на министри кој претставува главен орган на извршната власт. Се разбира, министерскиот кабинет е политички орган. Меѓутоа, во склоп на министерскиот кабинет спаѓаат и министрите за здравство, култура, образование, млади, спорт и наука. Според тоа, и театарот Бољшој, и изградбата на породилишта, и реформата на високото образование и уште илјада значајни животни појави спаѓаат во сферата на одговорност на политичарите. Дали е ова точно? Точно е. Но, дали тоа значи дека Црквата автоматски нема право јавно да говори и да има сопствено мислење за сите овие појави? Секако дека не. Црквата има право, уште повеќе, има должност да има мислење за сè што се случува во јавниот живот на земјата и народот. Црквата не смее да се обидува да се приграби до власт и во раце да зема земски меч. А во сè останато треба да делува во Духот и силата „на оружјето на сопствената војска, која е силна пред Бога и може да сруши и тврдини“.

Абортусот не припаѓа исклучиво во полето на интерес на медицината, а преку Министерството за здравство – на политиката. Оваа појава може да биде оценета и од морален аспект, а под извесни околности може да биде и криминална активност. Во секој случај, изразувајќи го своето мислење за убивањето на деца во мајчината утроба, Црквата не се втурнува во политика, иако на некој начин се допира до политичката сфера. Понатаму, Црквата треба да најде начин како да повлијае на образовниот процес во основните, средните школи и универзитетите. Меѓутоа, не за да ги оспори правата и власта на Министерството за образование и наука, туку за да во „просветата“ би постоела Светлина, за да во „образованието“ би сјаел Божјиот образ, и за да во „воспитувањето“ би постоела можност за правилна исхрана и да човекот не би умрел од духовна глад. Кога зборува „читајте книги“, Црквата не се занимава со пазарот на продажба на книги, туку со човековиот внатрешен свет. И така е насекаде. Доаѓа свештеникот во болничка соба, за да го причести човекот на смртна постела или да изврши Елеосвештение на болен пред операција. Притоа, тој не упаѓа во политика, туку ја лекува душата и одврзува јазли кои ниеден закон не може да ги одврзе. Ако крстот на храмот сјае над покривите на зградите во воена населба, тоа не е заради мешање во политиката и одбраната, туку за војникот и офицерот полесно да би дишеле и порадосно да би служеле. И ако некаде Црквата успешно спроведе кампања за борба против алкохол, тоа ќе се одрази и на пазарот и на криминогената ситуација во регионот, и на демографијата и на статистиката на повреди на работно место. Со еден збор, ќе се одрази во сè. Но, тоа би биле само попатни политички и граѓански плодови на евангелското служење.

Овие вистини се толку очигледни, што е срамота да се спомнуваат одново и одново. Но, еве ви го светот во неговата вештачка убавина и потопен во безумие: баналностите звучат како откровение. Во длабочината на својата Богочовечка суштина, Црквата ја има силата на својата Глава – Христос – и тоа голема, слободата, која Он ја дава. Само уште Црквата води грижа за светот и современиот човек (токму така и се вика една од книгите со поуки на старец Пајсиј Светогорец – „Со болка и љубов за современиот човек“). Затоа, гласот на Црквата ќе се слушне. Мора да се слушне. Понекогаш, за нечии уши ќе звучи како да се сложува со власта, понекогаш – со опозицијата. Понекогаш, може ќе звучи како да не е ни за „овие“, ниту за „оние“, туку над нив. И тоа што се слуша гласот на Црквата е големо богатство. Оти, ако замолчи, тоа ќе значи дека настапиле времиња од кои немало потешки и пожалосни од почетокот на светот и векот.

Во тие денови, Црквата молчешкум ќе се скрие и ќе бара пустина за да го дочека набрзо Второто доаѓање на Женихот. И сите брбливци и исмејувачи, сите поборници на јавното брборење и тајното беззаконување одеднаш ќе сфатат дека со молчаливото заминување на Црквата, животот одеднаш изгубил смисла, а страшниот гнев веќе е на прагот.

Затоа, зборувај, Невесто Христова, зборувај за сè што мислиш дека е сходно. Зборувај за времето и за просторот, за облеката и за храната, за раѓањето и за смртта, за гревот и за казната за грев. Зборувај и за политика. И нека звукот на твојот глас и пискавата реакција на твојот глас на многумина нека бидат знаци дека Земјата сè уште не е територија на потполн пораз, туку битка за Вистината која сè уште трае.

Протојереј Андреј Ткачов

Превод: В.К.

Извор: http://agapi.mk/sto-vo-politikata-ne-i-pripagja-samo-na-politikata/

Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7701
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная