Ќе го исмееш Христа, и ќе си горд, како кој знае какво херојско дело да си сторил.
Но, што ново си направил човеку? Та нели кога Хрстос на Крстот ги рашири рацете за да го прегрне целиот свет, дури и тебе, исто така и архијереите, заедно со книжниците и старешините, и фарисеите, потсмевајќи се говореа:�„Другите ги спаси, а Сам Себе не може да спаси.“ (Матеј 27, 41)
Та нели потоа со векови, низ арените, Христијаните за потсмев и забава на лавовите за храна им се принесуваа, но на злото со зло не вратија. Нема ни денес, нити било кога.
Можеби, токму поради тоа, се осмелуваш на тој чекор бидејќи знаеш дека непосредно пред ова Христос, кога на него излегле како на разбојник, рече:
„Мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец, да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?“ (Матеј 26,53) а сепак не ги побарал легионите ангели, туку побарал прошка за сите нив.
Знаеш и дека ни е заповедано од Бога, нам на учениците негови, да го вртиме и другиот образ, па си комотен во твојата непромисленост кога ми ја исмеваш верата и ги повредуваш моите верски чувства.
Но, тогаш веројатно го знаеш и ова:
„Сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;“ (Матеј, 26, 52)
Но, ти не се плаши од нож, туку од тоа што ќе завршиш исмеван и презрен и напуштен на буништето на светот во својата бесмисленост на постоењето. Зашто со каква мерка мериш, со таква и ќе ти се мери.
О човеку, толку ли ти е тешко да не му го правиш на другиот, она што не сакаш да ти го прават тебе? И уште полошо, она што го правиш, што ми го исмеваш моето право на вера, да го продаваш како промоција и борба за твоите права?
Или само твоите права останаа нерешени на овој свет?
Слободата не е анархија, а демократијата не е робување на слободата на малцинските групи, туку обид за воспоставување на взаемна почит во опшеството со внимавање да не се премине границата од употреба во злоупотреба, на таа, на сите нам на дар подеднакво дадена слобода.
И не, нема да ја споделам онаа пародична слика од Париз. Оти веројатно твојата цел била токму таа, во осудата за направеното да се преплави светот со таа грда и навредлива слика.
fb Otec Pimen
27.07.2024
Друго:
Маран Ата
Favourites ·
·
Се појавија еден куп "експерти" по (силиконска) уметност и толкувачи на изведбата на отварањето на Олимписките игри. При очи слепи или "јас сум многу паметен, па сега ќе ви протолкувам"?! 🤔
Едни тврдат дека ова немало врска со Тајната вечера, туку биле претставени митолошки божества. Други "експерти" по уметност тврдат дека ова е симболика со која се исмева декаденцијата. Трети тврдат дека претставата на Тајната вечера е измислена од Леонардо да Винчи и дека не постоело вино во времето на Христос.
Кои небулози...
Самите организатори, кореографи и светските медиуми не се сложуваат со погорните квази-толкувања. На сите светски медиуми (подолу линкови од The Telegraph и Ројтерс) јасно беше кажано дека перформансот е пародија на Тајната вечера. Не на митолошки претстави, туку на Тајната вечера. Џабе вербалните акробации и гимнастики "еве колку знам митологија".
"Организаторите работеа со Меѓународниот олимписки комитет на темите што сакаа да ги рефлектираат во шоуто - вклучително и промовирање на ЛГБТК+ и правата на жените" - објаснуваат од Sky News.
Претседателот на Париз 2024 Tony Estanguet изјави дека перформансот ги прикажува нивните вредности и принципи, а уметничкиот директор Томас Џоли, кој е геј, рече дека изведбата е за "инклузивност", и славење на "диверзититетот и другоста". Во превод, ЛГБТИК+ активистите пак плукаат по најсветото и на сите христијани им порачуваат "Црквата да одј*бе".
Тајната вечера на Леонардо да Винчи е нацртана околу 1495 год. Во коментар, фреска од Тајната вечера од манастирот Ватопед на Света Гора нацртана во 1312 год., речиси 200 години пред онаа на да Винчи. А дали во Христово време имало или немало вино, може да се дознае ако се отвори Светото Писмо и се прочита за свадбата во Кана Галилејска и првото чудо на Христос како водата ја претворил во вино.
Аман од игнорантни, неинформирани и "експерти", отворете странски вести и читајте (ете ви линкови подолу), а ако не знаете англиски, постои гугл транслејт. Само не ни продавајте ваши оправданија за сквернавењето на Бог!
🌎
https://www.telegraph.co.uk/.../backlash-after-olympics.../
https://www.reuters.com/.../paris-ceremony-last-supper.../
https://www.nbcnewyork.com/.../drag-queens-paris.../5637682/
https://news.sky.com/.../paris-2024-olympics-organisers...