✣✤✣
И стадањата и радоста - се' поминува, а правдата Божја останува во веки.
"Преку многу страдања треба да влеземе во Царството Божјо"(14,22).
Колку поголеми се страдањата, толку поголема е утехата: "Кога се умножуваат страдања во моето срце, Твоите утешенија ја ублажуваат мојата душа"(Пс.93,19).
(Преподобен Анатолиј Оптински)
✣✤✣
Навистина, очајанието е полошо од секое зло.
Да претпоставиме дека човек понекогаш страда многу и тешко, но малку се луѓето кои пострадале според примерот на праведниот Јов.
Поголем дел од страдалниците се подлагаме на страдање како последица или на неправилни мисли и мненија, или од погрешни дејствија. Но за страдалниците има и утешително слово од апостолот: "Зашто Господ го казнува оној кого што го сака; го кара секој син што го прима" (Евр.12.6)
(Преподобен Амвросиј Оптински)
✣✤✣
Ти навистина разбираш дека, макар и да сме должни да се молиме еден за друг, не треба на молитвата да и препишуваме чудоторна сила, не треба да мислиме дека Господ секогаш го исполнува она за што просиме.
Тоа мнение произлегува од гордоста и води кон прелест.
(Преподобен Иларион Оптински)
+++
Ако Бог некому му испраќа страдание, тоа е за да се очисти од гревовите и да се подготви за вечното небесно Царство.
Се што е тука е привремено, а тамошното - вечно.
(Преподобен Макариј Оптински)
✣✤✣
Од помислите што не ги сакаш и и од кои барем се трудиш да се избавиш, нема да загинеш. Само кај се и смирувај се. И Бог ќе ти прости.
(Преподобен Анатолиј Оптински)
✣✤✣
Примерот на германците и на други странци ги вовлекол во заблуда руските православни верници да не го почитуваат постот, уверувајки ги дека вкусувањето на храната е мал грев или воопшто не е грев.
Ако тоа беше така, тогаш Адам и Ева немаше да бидат протерани од Рајот затоа што вкусија од плодот на забранетото дрво кое било смоква. Но силата на гревто не се состоела во плодот на дрвото, туку во забраната и непослушанието. Така и сега, гревот не е во храната, ами во заповедта и непослушанието кон Црквата. Господ во Светото Евангелие вели: "Но, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митар"(Мат. 18.17).
(Преподобен Амвросиј Оптински)
✣✤✣
Судбината на сите кои сакаат да се спасат е да страдат. Поради тоа, ако страдаме, да се радуваме, затоа што се извршува нашето спасение.
(Преподобен Никон Оптински)
✣✤✣
Прекорувајте се свесно и понижувајте се, сметајки се себеси за најлоши од сите - и Бог милостиво ќе погледне на вашето смирение сочувувајки ве од сите искушенија.
(Преподобен Мојсеј Оптински)
Оптински Цветник
Превод од руски: Агапиј Тивериополски
Избор од фејсбук страната на Агапиј Тивериополски