За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос
Монах Мојсеј Светогорец: За Божественото смирение (прв дел)
Свети Јован Лествичник ги собрал еднаш пустинските старци, за да му кажат што значи смирението. Тогаш секој зел збор и со скромност и длабочина го изложил својот животен опит. Еден рекол дека смирение е да ги заборавиш своите добри дела, да не ги паметиш и да не бидеш горд. Друг рекол дека смирение е човек да се смета себеси за последен и најгрешен од сите. Трет рекол дека