логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  (Продолжение)

6

ТАЈНИ И АСКЕЗА


Crkva.Blagov.jpg Православната духовност е христоцентрична и црковноцентрична. Ова означува дека човекот се осветува и спасува низ Богочовекот Христос, живеејќи во Црквата, која е благословеното Тело Христово. Христос не постои надвор од Света Троица и надвор од Црквата. Затоа, живеејќи во Црквата, која е лекувалиште, ние можеме да се излекуваме.
 Приопштувањето кон несоздадената Божја благодат и споделувањето на црковниот живот станува преку тајните и аскезата (подвигот). Низ тајните во нашите срца слегува /влегува/ несоздадената благодат и енергија Божја. Низ подвижничкиот живот ние истовремено ја подготвуваме почвата за терапевтското, спасително дејство на благодатта во срцето и ја чуваме божествената благодат, која ја примаме низ тајните.
 Во својата книга За животот во Христа свети Никола Кавасила опширно објаснува, дека раѓањето на човекот се извршува преку тајните и дека за тоа е неопходно и наше содејство (сунергиа). Тој пишува: Животот во Христа, од една страна, ни е даден од Бога, а од друга, е плод на нашиот труд; така тој е чисто Негово дело, но и дело на нашата ревност18. Божјата енергија се предава низ тајните. Крштевањето на човекот му го дава битието и ипостаста според Христа. Миропомазувањето го усовршува новото раѓање, давајќи му почетен поттик, а божествената Евхаристија ја подржува и продолжува стекнатата живоносност /животност, виталност/ и здравје.
 Крштевањето дарува битие и секогаш ипостас во Христа, затоа што, примајќи ги мртвите и распадливите, тоа прво од сите тајни ги воведува во живот; помазанието со миро го усовршува новородениот, вложувајќи ја во него енергијата подобна на овој живот; додека божествената Евхаристија го чува и подржува овој живот и ова здравје; таа го дарува Лебот на животот, за да се запази она што се добило со Крштевањето и Миропомазувањето, и за да останат живи новородените19.
 Ако Божјата енергија се дава низ тајните, тогаш содејството, одговорот на овој голем дар, се пројавува во нашата усрдност /срдечност/ и ревност. Така Бог дејствува (енергеи), а човекот содејствува (сунергеи). Според тоа, неопходен е и нашиот подвиг, за да ја сочуваме Божјата благодат. Никола Кавасила говори и за ова во делото цитирано погоре. Дури и посветува одделна глава на оваа тема: Како да го сочуваме применото низ тајните.
 Секогаш значењето на тајните, низ кои ја примаме Божјата благодат, е навистина големо. Повторно Кавасила вели: И така, низ овие свети тајни, како низ некаков прозорец во нашиот мрачен свет влегува Сонцето на правдата, умртвувајќи го животот устремен според стихиите на светот и воскреснувајќи го оној натприродниот; и Светлината на светот го победува светот, за што говорат зборовите: Јас го победив светот (Јов. 16, 13), воведувајќи го вечниот живот во ова смртно и минливо тело20.
 За поврзаноста на тајните со подвигот говорат сите светители на Црквата. Би сакал да се запрам поподробно на кажаното по тој повод од свети Григориј Палама.
 За почеток свети Григориј нагласува дека тајните се нарекуваат така, затоа што не се нешто видливо, а се духовни и неописливи. Затоа, кога некој пристапува кон тајните, тој треба да го има во предвид не само видливото со телесни очи, но и она што не е видливо и е духовно.
 Тајните се нарекуваат така, затоа што не се едноставно видливи, а се нешто духовно и сокриено: затоа Господ рекол: Духот е тој што оживува; телото ништо не помага (Јов. 6, 63); ако го гледаш само видливото, нема да примиш никаква корист; ако пак, го гледаш духовното, т.е. ако гледаш духовно на предложениот леб, тогаш приопштувајќи се, ќе бидеш оживотворен21.
 Понатаму свети Григориј вели дека само Крштевањето не е доволно, а е неопходно и запазување на Божјите заповеди, т.е. подвижничкиот живот. При тоа, подвижнички живот не е само животот на монахот, а воопшто исполнувањето на заповедите Божји. Нашата усрдност во исполнувањето на Божјите заповеди е подвиг во Христа. По Своето Воскресение Христос им рекол на Своите ученици: Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум им заповедал (Мат. 28, 19-20). Се гледа дека апостолите требало да ги учат народите, прво крштавајќи ги, а потоа учејќи ги да пазат на она што им е предадено. Затоа свети Григориј Палама нагласува дека не е доволно само Крштевањето, за човекот да стане ученик на Евангелието, а неопходно е и исполнувањето на Христовите заповеди.
 Свети Григориј Палама е еден соборен, вселенски богослов и отец на Црквата. Воопшто, сите отци се соборни (каљоликои), затоа што не биле еднострани во своите погледи и изолирани во своите позиции. Отците не претворале во апсолут ни една од составните делови на вистината, пренебрегнувајќи ги останатите делови; на нив им била својствена духовната рамнотежа затоа што биле родени од Светиот Дух. “Соборноста” на свети Григориј Палама нашла израз во неговата позиција наспроти, во тоа време, распространетите еретички погледи во однос на тајните и аскезата, кои го извртувале /изопачувале, искривоколчувале/ духовниот живот.
 Првиот поглед им бил својствен на месалијаните, древни еретици чии заблуди се родиле во времето на свети Григориј. Според нив тајните на Црквата - светото Крштевање и божествената Евхаристија - немаат толку големо значење во спасението на човекот. Тврделе дека само умната молитва го соединува човекот со Бога, дека таа, а не животот во тајните, го очистува човекот и го доведува до обожување. Освен тоа, месалијаните учеле дека во срцето, истовремено, се наоѓа и Божјата благодат и сатаната. Со други зборови, месалијаните го преувеличувале исихастичниот живот на штета на животот во тајните на Црквата.
 Еден друг еретички поглед, кои најмногу произлегувал од западното христијанство, дошол до израз по времето на свети Григориј Палама од философот Варлаам, со кого големиот светогорски светител влегол во спор. Варлаам му давал решавачко значење на животот во тајните на Црквата, одрекувајќи го исихастичниот живот; се изразувал против исихазмот и се поврзано со умната молитва. Главното за него било учеството во тајните на Црквата. Варлаам говорел и за молитвата, но непоколебливо апстрактно и схоластично. Тој, пред се, нагласувал дека благодатта е создадена и дека богосозерцувањето, всушност, е созерцување на создадената светлина. Варлаам во принцип ги презирал исихастите и со потсмевање ја коментирал исихастичната традиција на Црквата, која е основа на догмите и животот на сите свети отци.
 Свети Григориј Палама истовремено се борел и со два погледа. Тој тврдел, како што тврди и Црквата, дека секое преувеличување на една страна од учењето и потценување на другата страна претставува отклонување од православниот живот и според тоа - оддалечување од спасението. Нагласувал дека за исцелувањето на човекот и, според тоа, за нашето спасение е неопходно соединување на животот во тајните со подвижнички живот. Спасителниот живот во тајните е бесмислен без исихастичниот живот како претходен услов. Исихастичниот живот надвор од светите тајни на Црквата, исто така, е бесмислен.
 Според светогорскиот светител исцелувањето на душата се постигнува преку светотаинствениот и исихастичниот живот. Надвор од ова соединување не може да има православен живот и православно богословие.
 Во многу од своите беседи свети Григориј говори за големото значење на црковните тајни. Во една од овие беседи тој поучува дека Христос ја осветува ипостаста на секој човек и му дарува опростување на гревовите низ божественото Крштевање, низ зачувувањето на заповедите, низ покајанието, кое Тој им го подарил на паднатите, и низ причестувањето со Неговото тело и крв. Двете главни тајни на Црквата - Крштевањето и Причестувањето - заедно со пазењето на Христовите заповеди, донесуваат опростување на гревовите и го осветуваат човекот. Низ светото Крштевање Христос станува татко на човечкиот род, а низ светата Причест - мајка. Свети Григориј се користи со една споредба, велејќи дека Христос не храни како  што мајка која љуби со двете гради ги храни своите деца. И понатаму тој ја развива оваа аналогија, споредувајќи ги со градите на мајката хранителка двете централни и основни тајни: светото Крштевање и светата Причест.
 Во друга беседа тој повторно говори за силата на овие две тајни на Црквата. Христос ја примил човечката природа и затоа исто како нас имал душа и тело. Низ Своето Тело Тој претрпел страдања, смрт и погребување, а потоа воскреснал од мртвите и на таков начин ни дал да ја извршуваме бескрвната жртва и да се користиме со плодовите на спасението.
 Гледате ли дека родот и сродството со Христа не произлегуваат по природа, а по благодат и по законот на благодатта?... Затоа што секој кој се крстил во Христа, се облекол во Христа, според Павле, бидејќи чедо на други по природа, станува натприродно чедо на Христос, на тој начин победувајќи ја природата, слично на Неговото бессемено воплотување од Светиот Дух и Секогаш Дева /Приснодева/ Марија.
 Со слегувањето во адот со Својата душа и со Своето излегување од таму Тој му дал вечна светлина и живот, и во знак на тоа на сите ни го ја дарувал тајната на светото Крштевање, така што низ него примаме спасение, низ оваа тајна се обожува душата и телото, и се восприемаат семињата на вечниот живот. Душата и телото се осветуваат во двете Тајни, и од двете зависи нашето спасение. Во овие две Тајни се сосредоточува се она што го претставува спасението - целиот Богочовечки домострој.
 И така, очигледно е, дека свети Григориј категорично го поврзува спасението на човекот со светите тајни на Црквата. Тој не ги потценува, како што правеле месалијаните и евхитите, а напротив, ги смета за средиште на духовниот живот. Во многу од своите беседи тој подробно се запира на секоја од нив.
 Но свети Григориј, исто така, толку определено тврди дека тајните треба да бидат соединети со подвижничкиот живот на Црквата. Во спротивен случај благодатта низ светите тајни не дејствува за спасение и исцелување, а за осуда. Затоа напоредно со учењето за тајните свети Григориј говори и за исихастичниот живот.
 Благодатта низ тајните обилно се дарува на оние луѓе, кои на соодветен начин станале подготвени за неа. Ние сме наполно недостојни за овој дар, но Бог од недостојни не прави - достојни. Меѓутоа, неопходно е и ние да содејствуваме низ покајание.
 Ние стануваме достојни низ покајанието, низ делото на покајанието се приближуваме кон Оној Кој може од недостојни да не направи достојни23.
 За да ја потврди оваа вистина, свети Григориј наведува примери од Стариот Завет. Кога Евреите се приближиле на ветената земја, тие се предале на гревовната страст /похота/ и не се ползувале од образите на тајните кои им биле дадени. Затоа Бог ги оставил и тие не влегле во ветената земја. Истото ќе се случи и со христијаните. Светото Крштевање и сите други тајни нема да ги избават од вечната осуда, ако живеат непокаени и не ги почитуваат Божјите заповеди.
 Во друг извадок тој вели дека Светиот Дух Кој е единосуштен на Отецот и Синот, Самиот доаѓа и си оди. Тој обитува во грешниците кои се кајат и не си оди од нив, а си заминува од непокаените грешници, како што станало со Саул, кој се лишил од Божјата благодат. Затоа, оној кој учествува во тајните треба да живее покајнички24.
 Како што пишува свети Григориј, подвигот се состои во тоа да живееме т.н. исихастичен живот, кој е начинот за лечење на човекот. Претставувајќи ја света Богородица како образец на исихастичниот живот, свети Григориј детално говори дека целта на човекот е достигнувањето на обожување, општење и единство со Бога. Ова се постигнува низ грижата да се умртви (плотскиот) разум, чувства, фантазија и суета, низ сосредоточување на умот во срцето, и низ срцето умот да се издигне кон Бога. Така, всушност, благодарение на тајната Крштевање, човекот е еден “новороден младенец”, надарен со сокриена мудрост, која подоцна ќе се пројави како дејствена мудрост. Новородениот човек низ светото Крштевање прима сила, за да стане причесник на Славата Божја, само ако навистина го живее новиот живот и ги исполнува евангелските заповеди.
 Изложеното до сега јасно покажува дека соединувањето на тајните и аскезата е задолжително. И ова не е учење само на свети Никола Кавасила и на свети Григориј Палама, а предание на Православната црква. Секоја духовност, која не се заснова на оваа основа, не е православна. Поинаку речено, низ тајните Божјата благодат дејствува во соодветност со онаа состојба во која се наоѓа нашата душа. Така благодатта Божја еден го очистува, друг го просветлува, трет го обожува. Благодарение на тоа православниот христијанин прекрасно ја осознава врската помеѓу тајните и степените на духовниот живот. Оттука, очигледна е врската помеѓу тајните и аскезата.
 Црковното предание силно говори по ова прашање. Би сакал да разгледаме два примери: едниот се однесува на Крштевањето и аскезата, другиот - на светата Причест и аскезата.
 На Крштевањето во древната Црква и претходел период на подготовка, за да можат огласените, доколку е возможно, да пристапат достојно на тајната која ги воведува во Црквата, на светото Крштевање. Како што покажува богослужбената традиција и делата на светите отци, имало два типа на огласени. Првиот тип ги вклучувал поподготвените, кои ја примиле верата, но се уште не биле крстени и затоа делумно учествувале во црковните молитви откако го примиле благословот на ерарсите /свештениците/. Другиот тип ги соединувал помалку подготвените - оние кои слушаат. Тие стоеле во црковната припрата до читањето на Светото Писмо, а потоа требало да го напуштат храмот. Понекогаш огласените од погорниот чин, заради некоја своја постапка, повторно попаднувале во вториот, понизок, чин. Во ова се состоела пастирската грижа за огласените и Црквата обрнувала сериозно внимание на тоа.
 Се гледа начинот за примање на нови членови на Црквата, според определувањето на Вториот Вселенски собор.
 Според правилото, во првиот ден, по читањето на специјалните молитви, оние кои се примале започнувале да се нарекуваат христијани; вториот ден ги прибројувале кон чинот на огласените; третиот ден ги читале заколнувањата, а потоа ги учеле на основите на верата, т.е. ги огласувале, потоа им дозволувале да стојат в црква, за да го слушаат Светото Писмо, и на крај ги крштевале. Ете го правилото: Првиот ден ги примаме како христијани, вториот ден - како огласени, подоцна, односно третиот ден, ги заколнуваме со трикратно дување во лицето и ушите, и на таков начин ги огласуваме и ги тераме да остануваат во Црквата и да го слушаат Светото Писмо; потоа веќе ги крштеваме (Правило 7). 
 Централното правило на Вториот вселенски собор напоредно со учењето на светите отци и црковната практика уверува дека огласувањето не било само теориско запознавање со основите на верата, а е во потполна мера литургично и терапевтско дејство. Ова е особено добро откриено во Огласителните поуки на свети Кирил Ерусалимски. Свети Кирил им припишува на огласените да се исповедаат пред Крштевањето: Сегашното време е време за исповед. Потоа тој ги насочува да преминат низ заколнувањата, кои се читале постојано: Зафатете (заеми-буг. не сум сигурна) се со заколнувањата. На крајот тој ги поттикнува да ја изучуваат верата: Биди прилежен кон огласувањето и помни го прочитаното. Сите тие начин на огласените им служеле за очистување на нивните срца. Во подвигот покажи го срцето очистено. Очисти го својот сад, за да прими повеќе благодат - настојува свети Кирил.
 Огласувањето продолжувало од една до три години. Се разбира, имало и попосебни случаеви, кога ова време се скратувало. Првиот вселенски собор установил: За огласувањето е потребно време и по крштевањето е потребно подолго испитување.
 Времето на аскезата продолжувало и по Крштевањето. Ова значи дека, откако христијаните ќе се крстеле тие требало да ја исполнуваат волјата Божја, како што посочивме погоре. Освен тоа, ако некој од покрстените паднел во тешки прегрешенија, од кои станувало очигледно, дека веќе не е жив член на Црквата, тогаш природно, тој повторно паѓал во делот /разред/ на огласените. Над таквите луѓе не се извршувала повторно тајната на Крштевањето, но во секој случај повторно им се наложувало да поминат низ етапата на покајанието. Црквата определила четири степени на покајание. Првиот се однесувал на “оние кои плачат”, кои стоеле надвор од храмот и ги молеле за милост христијаните. Вториот степен се однесувал на “оние кои слушаат”, кои останувале на божествената Литургија до читањето на Светото Писмо и потоа излегувале од храмот, заедно со огласените. На третиот степен припаѓале “оние кои коленичат”, кои останувале во храмот за време на целата Литургија, но стоеле на колена. На четвртиот степен биле прибројувани “оние кои присуствуваат”, кои стоеле заедно со верните до крајот на Литургијата, но не се причестувале. На крај, откако последователно ќе ги поминеле овие три степени, им бил дозволен пристап до пречистите Тајни на телото и крвта Христови. Описот на степените стапка по стапка го читаме во правилата на Василиј Велики.
 Оној кој свесно убил, а отпосле се покајал, дваесет години нека биде без причест со светите тајни; а тие дваесет години се разделуваат на следниот начин: четири години треба да се плаче, стоејќи надвор од вратите на молитвениот храм и молејќи ги верните кои влегуваат во него да се молат за него, како да го исповеда престапот; по четири години нека биде примен меѓу оние кои го слушаат Светото Писмо и со нив да излегува од Црквата во време од пет години; седум години да се моли и да излегува со паднатите /припадашчите/, а четири години да стои само со верните, но без да се удостојува со причест. Откако ќе се исполни се тоа, нека се причести со светите тајни (Правила на Василиј Велики, 56).
 Целата оваа последователност се крепи на црковните канони, затоа што на гревот се гледа како на болест и отпаѓање од општењето со Бога. Гревот најмногу и пред се, е помрачување на умот, и соодветно - покајанието е лекување и просветлување на умот. Кога свети Василиј определува срок за одлачување од светата Причест, тој го прави тоа заради лечење на човекот кој паднал во грев. Ете зошто светителот афористично забележува: Исцелувањето не се определува од срокот, а од начинот на покајанието. Очигледно, аскезата е неопходна, како пред Крштевањето, така и по него.
 Истото се однесува и за светата Причест, за примањето на светите Тајни. Пред светата Причест потребна е усилба и духовен подвиг. Свети Никола Кавасила, појаснувајќи ги зборовите на Христос: Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за живот вечен и која ќе ви ја даде Синот Човечки (Јов. 6, 27) и оние на апостол Павле: кој не сака да работи, нека и не јаде (2Сол.  3, 10), говори за трудот, кој и претходи на светата Причест. Ако заради храната што се расипува се бара труд во потта на лицето, колку повеќе е тој потребен за светата Причест. Освен тоа, Христос низ Тајните станува наш соборец. Соборецот не им пружа рака на мрзливите и на оние кои паѓаат со духот /унилите/, а на оние кои се силни и смели, кои се цврсти и решителни пред лицето на противникот.
 Христос, наситувајќи не, не помага. Соборецот не му подава рака на оној кој лежи и се олабавил, а на исполнетиот со сила, на оној кој дерзновено и мажествено му се спротиставува на непријателот25.
 Но и по светата Причест подвигот не треба да се запре, за да се сочува благодатта на тајната. Ние се уверуваме во тоа, читајќи ги молитвите по светата Причест. Оној кој верува Му се моли на Бога да му даде покајание, солзи и сила да остане причесен на Христа.
 Ти, Кој доброволно ми ја даде Својата плот за храна, бидејќи оган кој ги изгоруваш недостојните, да не ме изгориш, Создателе мој, но најмногу проникни во моите членови, влези во сите, во утробата, во срцето. Изгори ги трњата на сите мои прегрешенија, душата очисти ја, помислите освети ги, закрепни го телото заедно со коските, просвети ми ги петте сетила, целиот приковај ме кон Твојот страв. Секогаш покривај ме, брани ме и чувај ме од секое душегубно дело и слово. Очисти ме и измиј ме, и украси ме, разубави ме, вразуми ме и просвети ме. Направи ме Свое обитувалиште - само на Духот, и да не бидам повеќе обитувалиште на гревот. Па како од Твој дом, со влегувањето на Причеста, да бега од мене како од оган секое злодејство /секој грев/, секоја страст... (Симеон Метафраст, 3 молитва по светата Причест).
 Оној кој се причестил ја моли и Божјата Мајка да се застапи пред Својот Син, за Тој да му дарува покајание и скрушеност на срцето: Ти, која си ја родила вистинската Светлина. Просветли ги  духовните очи на моето срце. Ти, која си го родила изворот на бесмртноста, оживотвори ме мене, умртвениот од гревот. Ти, добросрдечна мајко на милостивиот Бог, помилувај ме, дај ми умиление и скрушеност на срцето, смирение на помислите (5-та молитва по светата Причест).
 Така и пред, и по светата Причест е неопходен живот во подвиг, затоа што благодатта Божја која се дава низ приопштувањето со Телото и Крвта Христови дејствува во соодветност со состојбата на човекот. Ако човекот се наоѓа во состојба на очистување, таа го очистува; ако се наоѓа во состојба на просветлување, таа го просветлува; ако се наоѓа во состојба на обожување, таа уште повеќе го обожува. На таков начин, светата Причест станува очистување, просветлување и обожување. Меѓутоа, кога човекот не е во состојба на покајание, макар и да се наоѓа на стадиумот на очистување, светата Причест за него станува оган и наказание /казна/, дејствува за осуда.
 Како заклучок веднаш ќе забележиме дека целото црковно предание ја потврдува неопходноста за соединување на тајните и аскезата. Нивното разделување раѓа погрешни претстави и настроенија во духовниот живот, кои не соодветствуват на православната духовност.

 

(Продолжува)

 

Подготви: А.И.

Друго: ikona.gulab.jpg

АРХИМАНДРИТ ЈЕРОТЕЈ ВЛАХОС- ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ

 

  katakomba.jpg Архим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (1)

Svetlina.lit.jpg


Архим. Јеротеј С. Влахос - РАЗЛИКАТА НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ ОД ДРУГИТЕ ТРАДИЦИИ (2)

Monah.dacha.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (3)

 Monah.svetilka.jpg  Архим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (4)

 

CRKVA.Ruska.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ПРАКСА И ТЕОРИЈА (5)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная