логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


(Продолжение)

7

ИСИХАСТИЧНОТО И СОЦИЈАЛНОТО БОГОСЛОВИЕ


 Monah.Lesnovo2.jpgБогословието во сопствена смисла е слово за Бога. Доколку богословието е вистинско и доколку е видување на Бога, дотолку и словото за Бога е вистинско. Имено, ова се очекува од вистинскиот богослов. Во учењето на светите отци на Црквата богословот е поистоветуван со боговидецот. Само оној кој Го видел Бога и низ обожувањето се соединил со Него, се здобил со вистинско знаење за Бога. Затоа, како што вели свети Григориј Богослов, богослови се оние кои се утврдиле во созерцувањето (ен љеориа), т.е. оние кои го достигнале созерцувањето, затоа што пред тоа се очистиле од страстите или во најмала мера, се во процес на очистување од нив.

 Оттука е јасно дека богословието на Црквата е едно и не се дели на отшелничко и социјално. Богословието истовремено е и отшелничко и социјално. Ова значи дека светите отци не се делат на аскети-пустиници и такви кои се подвизуваат во светот. Се разбира, ние можеме да направиме надворешно и условно разделување, и да говориме за отци кои го поминале целиот свој живот во пустината и за отци кои служеле како пастири. Но треба да се каже дека и ова разделување е вештачко од две причини: прво, т.н. општествено ангажирани отци поминале низ трезвеност (нуѕх) и очистување на срцето; и второ, т.н. отшелници, живеејќи во осаменост, на индиректен начин ја носеле пастирската служба низ својата молитва за целиот свет; ги поучувале и поклониците, кои доаѓале кај нив за исцелување.

 Вистинскиот призив на богословието е лечењето на човекот. Вистински богослов е оној кој го лекува човекот, кој ја познава болеста и е способен да ја исцели. Затоа што, без сомнеж, болеста во својата суштина е помрачување на умот. Вистинското богословие е будно, трезвено (нхптикх), и вистинскиот богослов по суштина /по сушчество/ е трезвен (нхптикој), затоа што треба да ги познава сите скриени страни на оваа духовна борба и да поседува разумност (диакриа), која е плод и последица од неговото здравје.

 Според тоа, целото богословие на Православната црква е богословие на трезвеноста, затоа што е составен дел од исцелувањето на човекот. Тоа го лекува човекот и го ослободува неговиот ум од тиранијата на разумот, околната средина и страстите. Ова се постигнува преку трезвеноста и молитвата.

 Трезвеноста е бдение, духовна будност. Христос им вели на учениците: Бидете будни и молете се (Мат. 26, 41). Исто така и свети апостол Павле го советува својот ученик Тимотеј: во се биди трезвен (2Тим. 4, 5). Така трезвеноста е духовна будност, т.е. подготвеност на умот да не прима никаква лукава помисла. Според светите отци, трезвеноста е стоење на разумот пред вратите на срцето, во него да не влезе никаква помисла и да не создаде искушение за извршување на грев. Трезвеноста е тесно поврзана со молитвата. Според свети Максим Исповедник, трезвеноста го чува умот чист од внушенијата /наметнувањата, помислите/ кои го искушуваат, а молитвата внесува во срцето преизобилна благодат. Ете зошто трезвеноста е наречена стража на срцето. Според тоа, трезвеноста и молитвата, или со други зборови - будноста и молитвата, се оние духовни средства кои го сочинуваат “љубомудрието (х философиа) во Христа”.

 Дејственото љубомудрие, за кое што говори свети Максим Исповедник, не е теориско размислување, а внатрешно умно дејство, благодарение на кое човекот станува соодветно средство на божественото откровение. На таков начин човекот станува носител на откровението и го спознава Бога. Срцето се ослободува од сите помисли и внимава само на едно - непрекинатата молитва: Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешниот. Тоа не прима ниту една друга помисла. Се разбира, кога говориме за отфрлање на помислите, го имаме предвид ослободувањето од помислите на умот на човекот, т.е. на срцето, а не на разумот. Така срцето се очистува и низ молитвата прима изобилна благодат од Бога. Овој начин на духовен живот се нарекува умно безмолвие (исихија) - исихазам. Исихазмот не е ништо друго освен духовен метод низ кој срцето се очистува до таков степен, што во себе го чува /пази, внимава на/ само Христовото име.

 Истовремено делото на човечкото исцелување е и социјално, затоа што кога човекот се исцелува, тој во уште поголем степен станува општествен човек. Кога во едно општество, во едно семејство, луѓето се исцелени, тогаш таму практично не се појавуваат социјални и семејни проблеми. Индивидуалните особини на секој човек, неговиот карактер, можат да станат причина за конкретни потешкотии, но излекуваниот човек брзо разбира како да ги надмине. И во животот на некои подвижници се пројавуваат недостатоци, било од немоќ, било од старост или особеност на карактерот, но дури и овие недостатоци, доколку во носителите почива несоздадената Божја благодат, ги разнежуваат /расчувствуваат, трогнуваат, умилуваат/ луѓето кои ги опкружуваат, во нив не предизвикуваат гнев, а се забележуваат како пројава на човечката индивидуалност.

 Понатаму би сакал да одвојам неколку моменти, од кои се гледа дека човекот на трезвеноста по правило е социјален човек.
 а) Најзначајното социјално дело во историјата на човечкиот род е извршено од света Богородица. Како што знаеме, Божјата мајка немала никаква должност во древната Црква, немала пастирска служба како апостолите, а престојувала во тишина и молитва. Наспроти тоа, таа вршела едно големо општествено дело.

Свети Григориј Палама вели дека по Вознесението на Христос на небото, Богородица живеела во смирение и подвижништво, молејќи се за целиот свет и советувајќи ги апостолите, кои проповедале по целиот свет. За апостолите Богородица била крепост и потпора со молитвата, со мудроста, таа им помагала во проповедта на Евангелието. Така Богородица помагала во мисијата на апостолите, како со молитвата, така и содејствувајќи им.

Но и по воздигнувањето на небесата на Воплотениот од неа, таа со ум и слово, доколку можела, со молитва за целиот свет, а исто и со усрдност ги храбрела Божјите проповедници, кои биле распрснати по сите краишта на земјата. Таа за сите истовремено била и словесна, и видлива потпора, и утеха, и помошничка на сите во проповедта на Евангелието; и бидејќи го поминувала животот на таков начин, во највисок степен подвижнички, таа за сите станал образец во поредокот /подредбата/ на умот и словото.

 Служењето на Богородица не се ограничило само на ова. Божјата мајка станала најголемиот апостол во историјата, затоа што се подготвила себе, достигнала обожување на начин познат само на неа, станала “благодатна” и се удостоила да стане мајка на Синот и на Словото Божјо. Од неа за своето вочовечување примило плот Второто Лице на Света Троица. Така, од една страна, таа не научила на методот, кои и ние треба да го користиме, ако сакаме да преминеме од состојба “според образ” до состојба “според подобие” Божјо; од друга страна, таа ни го дала најсилното средство за исцелување на нашата немоќ, станала причина за најголемата радост на човештвото низ вочовечувањето на Христос.

 Ова големо социјално служење го гледаме и во животот на вистинските исихасти. Бидејќи се занимаваат со очистување на срцето и со своето исцелување, тие му носат голема полза на човечкиот род. Раѓањето, макар и на еден човек, предизвикува силен одѕив во целата вселена. Постоењето на исихастите, нивната молитва, учење - се тоа е непрекината мисија во продолжение на вековите. Тие го благословуваат и осветуваат светот и по смртта со своите свети мошти. Така во длабокото молитвено молчење се извршува најенергичната дејност за човечкото добро.
 б) Родениот човек од божествената благодат во најголем степен станува социјален. Можеме да го видиме тоа во толкувањето на приказната за блудниот син од свети Григориј Палама.

Умот е нашето богатство и потпора. Кога умот ни е утврден во Бога, ние сме во добра состојба. Кога ги отвораме вратите за страстите, тогаш умот се расејува и постојано скита по земните и плотските нешта, во многуобразноста на насладите и страстните помисли. Тој не одвојува од вистинската љубов, од љубовта кон Бога и ближниот, ни наметнува приврзаност кон бесполезното и жед за празна слава. Така се развиваат сластољубието, среброљубието и славољубието. Кога човекот ќе се разболи, како што вели свети Григориј Палама, тој станува несреќен и веќе не го радува сончевата светлина, ниту свежината /полх-буг. не знам/ на ветрот.

 Расипништвото на умот, неговото одвојување од Бога има погубни последици не само за поединечниот човек, доколку ова искривување го прави болен, но и за целото општество; човекот започнува да непријателува среде ближните, затоа што неговите неразумни желби не можат да бидат задоволени. Тој станува човекоубиец и се претвора во диво животно.

 Ако умот ги пренебрегнува божествените заповеди, води борба со ближните, постапува свирепо против другите, непријателува против оние кои не се согласуваат со неговите безумни желби и - за жал! - човекот станува човекоубиец, уподобувајќи се не само на бесловесните стрвници, но и на влекачите и на отровните животни: на скорпијата, змијата... и се ова е - оној чие предназначување е да стане син Божји!?

Според тоа, кога умот се одвојува од Бога, човекот станува антисоцијален и опасен за општеството; меѓутоа, кога умот се враќа од своето скитање во срцето и поради тоа се воздигнува кон Бога, човекот се повеќе и повеќе станува полезен за општеството. Излекуваниот човек внесува здравје во општеството.

 в) Од кажаното погоре следува дека човекот кој во себе ја носи православната духовност, е во внатрешно единство; тој не се потчинува на тиранијата на помислите. Познато е дека помислите создаваат страшни психолошки проблеми, доведуваат дури до лудило.

 Кога говориме за помисли, не имаме во предвид мисли, а внушенија /сугестии/ на разумот, соединети со образи и побуди /потстреци/, кои доаѓаат низ видот или слухот, или и од двете заедно. Помислите во оваа смисла се образи и побуди, кои во себе носат соодветно внушение /сугестија/. Кога, на пример, ќе се појави образ поврзан со слава, богатство и наслада, тој може да биде проследен со следната мисла: “Ако постапиш така, ќе спечалиш слава и пари, ништо нема да ти недостасува...” Целиот овој комплекс го нарекуваме помисла. Помислата е внушение /сугестија/, која може да прерасне во грев. Следува поврзувањето /комбинацијата-сочетание/ - човекот започнува да општи со помислата, но се уште се сомнева во целесообразноста на постапката. Следната стапка е согласноста да се пристапи кон дејството. Тогаш се појавува желбата, извршувањето на гревот и појавата на страста. На степенот на поврзување /комбинација/  помислата се грижи да предизвика задоволство, за да го зароби умот и на крај да го потчини човекот.

 Според учењето на светите отци, помислите се едноставни и сложени. Едноставните помисли не се /натрапчиви/, додека сложените се соединуваат со страста и сфаќањето. Преподобниот Максим прави разлика помеѓу страст, сфаќање (нохма) и предмет. Предмет е златото, мажот, жената. Сфаќањето /поимот/ е споменот за предметот, а страста е неразумната љубов или неразумната омраза кон нешто.

 Помислите прераснуваат во грев и страст. Страста не само што се раѓа од помислите, но и се крепи од нив. Таа пушта длабоки корени и тогаш човекот веќе тешко се менува. Помислите не разрушуваат /расипуваат/. Помислите буквално ја разложуваат /распаѓаат/ душата. Тие предизвикуваат збрка во сите нејзини сили: желбената, разумната и раздразнителната. Затоа светите отци со помислите не го поврзуваат само личниот пад, но и нарушувањето на човечките взаемни односи. Многу телесни болести, исто така, произлегуваат од неконтролираните помисли. На крајот, човекот кој е завладеан од помисла, ја губи чистотата на срцето и можноста за општење со Бога.

 Ете зошто не успеваме - затоа што немаме потреба од ништо, а цело време своите помисли ги насочуваме еден против друг и се мачиме себе, додека секој се оправдува, секој си простува, самиот не чувајќи ништо, а барајќи од другиот да ги чува заповедите28.
 Оној кој врви по патот на исцелението, се ослободува од помислите, станува внатрешно урамнотежен, а неговото однесување е - нормално. Тој не се мачи себе, не ги мачи ни другите. Ова е многу важно, затоа што ако се загледаме во психички неурамнотежените луѓе, ќе се увериме дека тие се завладеани од /натрапчиви/ идеи и стереотипно мислење, и неспособни се да се ослободат од нив. Ова е искуството на лукавиот; и со овие свои стрели тој ја труе секоја душа (Исихиј Презвитер).

 г) Аскетичниот, трезвен, живот е социјален живот, пред се, социјален, затоа што му помага на човекот да ги воспостави природните сили на својата душа и на тој начин да стане природен.
 Според учењето на светите отци, страстите не се надворешни сили, кои влегле во нас однадвор и од кои треба да се /отрвем-не знам точно/, а попрво енергии на душата, кои се повредени и имаат потреба од преобразување.
 Од гледна точка на патологијата (х патологиа), т.е. учењето за страстите, човечката душа има три сили: разумна, желбена и раздразнителна, или, како што со други зборови ги определуваат светите отци: разум (логој), желба (епиљумиа) и раздразнителност (љумој)*. Овие три сили на душата треба да бидат обрнати во служба на Бога. Но кога тие, наместо да Му служат на Бога, се обрнуваат против Него и против собраќата, тие стануваат страсти. Затоа страста е противприродно движење на душата.

 Преподобниот Јован Лествичник јасно го искажува тоа со неколку примери: По природа ние поседуваме семе за раѓање на деца, а го употребуваме за беззаконо сладострастие. По природа во нас има и гнев, но против онаа древна змија, но ние го употребуваме против ближниот. Дадена ни е ревност кон добродетелите, а ние имаме ревност кон пороците. По природа во душата имаме желба за слава, но само небесна. Природно е да се гордееме, но само над бесовите. На ист начин, природно е да се радуваме, но во Господа и за добрите дела на ближниот. Ние сме примиле и злопаметење, но само против непријателите на нашата душа. По природа ние сакаме храна, но за да го подржуваме животот, а не за сластољубието29.
 И така страстите се противприродни енергии (дејства) на душевните сили.

 Од гледна точка на православната духовност, кога човек се избавува од самоувереноста, која го раѓа сластољубието, среброљубието и славољубието, тој се стекнува со љубов кон Бога и човекољубивост. Тој навистина ги сака луѓето, во секој човек го гледа образот Божји, без да обрнува внимание на површните нешта, и затоа станува социјален човек. Кој може да одрече дека човекот е способен да повлијае со слабостите /болестите/ свои на општествените норми, а од друга страна, дека болниот општествен организам може да ја засили расипаноста во одделната личност? Кога еден нездрав човек ќе се стекне со власт, тој создава огромни општествени проблеми.

 Што се однесува до човекот на исихастичната традиција, тој не само што не причинува неспокојство на службите на општествениот ред, но е и полезен и неопходен за општеството. Со ова, се разбира, не се исцрпува улогата на бестрастниот човек. Бидејќи самиот преобразен, тој станува утешител на многу други, измачувани и растргнувани од различни проблеми.

 д) Еден од најголемите проблеми на човекот и на целото општество е смртта. Таа го мачи човекот како опасност /закана/ за неговото постоење, а исто и како опасност /закана/ за своите блиски. Смртта е страшна за човекот, затоа што го разрушува единството на душата и телото, го разрушува сојузот меѓу блиските луѓе.

 Познато е дека смртта е извор на гревот. Таа не е само резултат од гревот, но и негова причина.
 И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади (Рим. 6, 12). Осилката на смртта е гревот (1Кор. 15, 56). Но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи. Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт? (Рим. 7, 23-24).

 Секој човек се раѓа смртен и распадлив. Ова значи дека од самото раѓање ние се судираме со неизбежноста на болката и веројатноста на смртта. Ова го раѓа чувството на страв и ужасна несигурност. Стремежот за успех во животот, за градење на кариера, печалење на пари или осигурување во најдобро осигураната компанија, стекнување на човечко признание - се тоа произлегува од интуитивниот страв од смртта.
 Страстите среброљубие и алчност се уште една последица од нашата распадливост и смртност. Кога смртта влегува кај најблиските луѓе на човекот, тој ја спознава нејзината трагична неизбежност. Тогаш паѓа во очај и депресија.
 Уште побезизлезна изгледа трагичноста на смртта, кога човекот самиот ќе се приближи кон неа. Ако нема вера во Бога, тој тешко ќе ги надвладее тие тажни моменти.

 Христијанинот кој живее православен духовен живот во тајните и аскезата на Црквата, ја надминува смртноста. Низ светото Крштевање и божествената Причест тој излегува од границите на т.н. биолошка ипостас и се здобива со т.н. духовна ипостас. Тој има општење со светите, добро знае дека торжествувачката Црква постои, дека смртта е обесилена од Христовото Воскресение. Тој знае дека има и друг живот, во кој ќе влезе, за да живее вечно во Божјата љубов, без распадливост и смрт. Тој исто така, знае дека телата ќе воскреснат нераспадливи и одухотворени.

 Некои тврдат дека Црквата не е општествено активна. Тоа не е точно, затоа што Црквата е ангажирана во многуобразна и плодотворна општествена дејност. Ако внимателно го разгледаме ова прашање, ќе откриеме дека архиереите и свештениците во своите места им помагаат на бедните, осамените, старите и сираците. Но освен тоа, можеме да кажеме дека најважната социјална служба на Црквата се состои во помошта човек да го надмине стравот од смртта. Зарем не се случува некои семејства одвај да не бидат скршени од незаменливата загуба на саканиот човек? Не е ли тоа еден сериозен социјален проблем? Зарем, како што нагласивме погоре, смртноста и распадливоста на нашата природа не создаваат многуобразни општествени проблеми, провоцирајќи ја жедта за богатство, за стекнување на пари, сопственост и друго? Низ своите пастири Црквата му помага на човекот да ги надминува овие мачни проблеми. Таа го прави човекот способен да се сретне со неповратливото ладнокрвно и спокојно, и најмногу - со вера во Бога.

 На Света Гора сум сретнувал монаси кои не се плашат од смртта, како што всушност, ова се случува со сите светители. Ете како свети Атанасиј Велики го опишува крајот на преподобниот Антониј Велики во опкружувањето на браќата: Откако го кажа тоа и ги бакна, тој ги /испна-не знам/ нозете, ги погледна како пријатели, им се израдува, затоа што се гледаше дека лежи со радосно лице, се успокои и замина при Отецот.

 ѓ) Исцелениот и здрав човек создава вистински културни вредности. Светителите на нашата Црква, како плодови на својата светост, ни оставиле во наследство забележителни дела на уметноста: величествени храмови, манастирски комплекси, прекрасни како во нивно време, така и денес; иконопис кој тешко може да биде создаден од современиците; заумни /изумителни-восхитувачки/ песнопеења со неспоредлива поетична вредност - музика која ја почитуваат многу современи музиколози и не на последно место - височината на верата и благочестивоста. Духовно-здравиот човек создава големи дела - плодови на неговото сопствено препородување /повторно раѓање/.

 е) Бидејќи носителот на православната духовност го љуби Бога и со својот просветлен ум ги созерцува логосите на битието, т.е. ја гледа несоздадената енергија на Бога во целата творба, тој се однесува со уважување кон природата и кон творбата. На таков начин можеме да кажеме дека тој е способен да го разреши и т.н. еколошки проблем.

 Прекумерната употреба на материјални добра денес неизбежно води кон зголемување на производството. Зголемувањето на производството, при што природата е подложена на технолошко насилие, со себе носи страшни еколошки последици. И не е чудно тоа што природата, подложена на такво насилие, ги казнува жителите на земјата. Во оваа смисла, загадувањето на околината е директно поврзано со страстите на сластољубието, среброљубието и славољубието. Природата денес страда под власта на човекот со кој владеат страстите. Денес, аскезата како начин на живот е неопходна повеќе од кога и да е.

 Аскезата која ни ја оставила во завет Православната Црква, како што ја опишавме погоре, покажува благотворно дејство врз околниот свет. Ова е видливо во житијата на многу светители кои се однесувале со уважување кон природата. Тие не ја сакале природата од сентименталност, а затоа што, бидејќи чисти, ја гледале Божјата енергија во целата творба. На Света Гора сретнуваме многу слични примери.
 Еднаш, без причина, убив една мува и таа, кутрата, ползеше по земјата со истурена внатрешност. Три дена плачев заради својата жестокост и до ден-денес го помнам овој случај...
 Понекогаш се случуваше на балконот да се населат лилјаци. Еднаш ги полеав со жешка вода и повторно пролеав многу солзи. Оттогаш никогаш не ја повредувам бесловесната творба...
 Еднаш, по патот, одејќи во Стариот Русик, видов убиена змија, раскината на парчиња, од кои секое се грчеше. Ми стана жал за секоја страдална творба и многу плачев пред Бога.
 Божјиот Дух ја учи душата да сака се така што и зелениот лист на дрвото да не сака да го навреди, и полските цвеќиња да внимава да не ги згазне. Така Божјиот Дух учи на љубов кон сите, и душата сострадува со секое суштество, ги љуби дури и непријателите, ги жали дури и бесовите, затоа што отпаднале од доброто.

 Познато е дека творбата нема морален избор, што значи дека таа не паднала сама по себе, а била вовлечена во распадливост од човекот. Гревот на Адам имал страшни последици за творбата. Затоа гревот на секој човек, како и неговата светост, се одразува на творбата.

Смирениот се приближува кон грабливите ѕверови и веднаш штом погледот им падне врз него, свирепоста им се скротува и тие му се приближуваат како на свој господар, и го милуваат со главите, и му ги лижат рацете и нозете. Затоа што го чувствуваат она благоухание кое излегувало од Адам до падот во грев (кога ѕверовите доаѓале при него и тој им давал имиња во рајот). Ова ни било одземено (Преподобен Исаак Сирин, Подвижничко слово).
 И така, православната духовност истовремено е и исихастична и социјална. И точно затоа што е исихастична, во потполна православна смисла на зборот, таа е и социјална. Една социјалност без трезвеност во праксата е антисоцијална.

(Продолжува)

 

Подготви: А.И.

Друго: ikona.gulab.jpg

АРХИМАНДРИТ ЈЕРОТЕЈ ВЛАХОС- ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ

 

 

  katakomba.jpg Архим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (1)

Svetlina.lit.jpg


Архим. Јеротеј С. Влахос - РАЗЛИКАТА НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ ОД ДРУГИТЕ ТРАДИЦИИ (2)

Monah.dacha.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (3)

 Monah.svetilka.jpg  Архим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (4)

  CRKVA.Ruska.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ПРАКСА И ТЕОРИЈА (5)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная