логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

 Аскетски поуки од преподобниот отец Нил Синајски


5. Мисли и поуки, слични на претходните, од делата на преподобниот отец Нил Синајски




55.  Како што на уплаканата вдовица синовите нејзини и служат за утеха, така и на паднатата душа, утеха ѝ се нејзините подвижничките трудови кои ги расејуваат помислите на нејзиното очајание, го утврдуваат нејзиното покајание со вера, ја повикуваат милосрдноста Христова и ги избришуваат направените гревови.
 

56.  Како што младото куче се обидува да им го грабне лебот на децата, така и лукавите помисли настојуваат да му го одземат разбирањето на нашето срце. Затоа не треба на демонското лукавство да гледаме како деца, за да не им ја дадеме душата наша на разграбување.
 

57.  Како што мноштвото сјајни ѕвезди го осветлува небото, така и вистината на Божјите зборови, како некој светилник внатре во нас ја осветлува нашата душа. Затоа сите да го имаме истиот образ на вистината, зашто „Бог им дава домови на осамените“ (Псал. 67, 6).


58.  Како што сонцето со своите зраци ѝ се насмевнува на целата земја, така и љубовта со своите светозарни дела ја поздравува секоја душа. Ако ја придобиеме неа, тогаш ќе ги изгасиме страстите и ќе засјаеме до небесата. Секој труд лесно се извршува штом ќе ја придобиеме светата љубов; а кога неа ја немаме, во ништо успех немаме. Тогаш и гневот беснее и животот ни огрубува и во нашите трудови кон возвишената мудрост се примешува славољубието.


59.  Најнапред треба да се бориме со нашите страсти и со голема трезвеност да си спомнуваме за сѐ што се случувало за време на духовната борба, а потоа, врз основа на она што сме го искусиле, и на другите да им ги кажуваме правилата на духовната борба и да им помагаме на тој начин, та победата да им ја направиме полесна, кажувајќи им однапред на каков начин да ја водат таа борба. Некои можеби ги победиле страстите во себе преку долговремен строг пост, но не го знаат начинот на водењето на борбата и победата, бидејќи, како во некоја ноќна борба, тие не можеле да го следат нејзиниот тек, и умот нивни не ги забележал и не ги познал демонските итри планови.


60.  Оној што го вкусил безмолвието и почнал до некаде да се занимава со созерцанието нема да се согласи да го врзува својот ум со грижа за телесното и, оддалечувајќи го од духовното знаење, да го свртува кон земните работи, кога тој воглавно се издигнува високо.


61.  Кога се победени страстите, демоните веќе од никаде нe нѐ вознемруваат; тогаш нема потреба од употребување на одбрамбените оружја; - тогаш можеме да пристапиме и со тоа да ги обработуваме душите. Но додека страстите во нас уште имаат сила, борбата со телесното мудрување продолжува. Тогаш не треба да ги испуштаме оружјата, туку непрестајно да ги имаме при рака, за да не им дадеме можност на нашите непријатели, гледајќи нѐ спокојни и немарни – да нѐ нападнат и да нѐ заробат без пролевање крв.


62.  И светиот пророк Мојсеј, кога го водел израилскиот народ во ветената земја, за да ги уништи народите што живееле таму, на народот му дал ваква поука, велејќи: „Внимавај да не влезеш во стапица, кога ќе тргнеш по нив, откако ќе бидат истребени пред тебе, и да не ги бараш боговите нивни“ (5. Мој. 12, 30). Оваа поука е многу пригодна за оние, кои, по победата на страстите, не внимаваат сериозно на своето срце. Тогаш во нив почнуваат да се појавуваат некакви нејасни слики за она што било одамна. И оној што ќе им даде на тие слики слободно да влезат во неговиот ум, тој одново ќе им даде на страстите можност да се населат во него, откако еднаш ги победил, правејќи го на тој начин животот, не безопасен од демонските напади. Зашто на страстите, дури и кога се скротени – слично на волови, приучени да јадат сено – својствено им е, поради невниманието на скротувачот, одново да подивеат и да се оѕверат.


63.  „Проклет да е оној човек, што ќе направи изрежан или излиен идол, одвратност пред Господа, работа на уметничките раце, па го става на скриено место! Целиот народ да биде известен и нека рече: амин! ( 5. Мој. 27, 15). Не е едно и исто: нешто засекогаш да се скрие во земја и привремено да се стави во скривница. Она што е скриено во земјата и за што веќе не си спомнуваме поради тоа што во него нема веќе никакви слики во сеќавањето, не е исто со она што е ставено настрана, во скривница и што често бива погледнувано и проверувано од оној што го ставил таму и што си спомнува за него. Таков идол ставен во скривница, е секоја срамна помисла, која била во нашата глава и која не е исфрлена од неа, која потајно била задржана во неа. Кој прави така, тој се изложува на законска казна; таквото пазење на помислите е срамно поклонување на идолот.

64.  Не треба да им даваме пристап во нашето срце на претставите, кои им штетат на помислите, зашто ако срцето наше се помрачува од нечистите помисли, тоа бива насилно и против неговата волја во страсно дејствување.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

20-ти март 2018 лето Господово

 

Друго:

  • Поуки од Светите Отци

 

preminportal.com

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3199
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3040
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »