логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Поука на оние што безмолствуваат (во сто глави)


29.  Уште за молитвата и за тоа дека треба непрестајно да се молиме



Како што ова наше тело, по излегувањето на душата од него, умира и почнува да смрди, така и душата, која е неподвижна на молитва, всушност е мртва, бедна и смрдлива. Затоа, да се биде лишен од молитвата – значи, полошо и од самата смрт. На ова, добро нѐ поучил големиот пророк Даниил, кој сметал дека е подобро да умре, отколку да остане без молитва, макар и за кратко време (сп. Дан. 9 глава).



За ова добро нѐ учи и свети Јован Златоуст, велејќи: „Секој што се моли – со Бога разговара. А колку е тоа нешто големо: да се биде човек и да се разговара со Бога, тоа секој од нас го разбира, но тешко ќе може некој со зборови да го искаже, зашто овааа чест го надминува дури и ангелското достоинство.“ – Уште: „Молитвата е основната работа на ангелите и на луѓето; во делото на молитвата нема ништо средно; таа е вистинска граница меѓу различните природи: таа те одделува од неразумните суштества и те соединува со ангелите. И оној што во целиот свој живот се труди да се моли и да Му служи на Бога, набрзо станува сличен на ангелите според својот живот: чист, благодарствен, мудар и со разбирање.“ И уште: „Кога ѓаволот ќе ја види душата, која е оградена со добродетели, тој не смее да ѝ се приближи; се плаши од моќта и силата што ѝ ги дава молитвата која ги храни повеќе, отколку земната храна што го поткрепува телото.“ И уште: „Молитвите се нерви на душата. Како што телото се одржува во живот и здравје, се движи и покажува отпорност додека се здрави нервите, но кога тие ќе бидат пресечени или разболени, тогаш се пореметува и хармонијата на целото тело, така и душите крепнат со помошта на светите молитви, стануваат крепки и лесно одат по патот на побожноста. И ти, ако се лишуваш од молитвата, ти се изложуваш на истата опасност, на која е изложена рибата кога ќе ја извлечат од вода, за што, како што водата е живот за рибата, така е молитвата  за твојата душа; молитвата можеме преку воздухот и водата да ја издигнуваме до небесата, а со неа и ние да се искачуваме на небо и да бидеме близу до Бога.“ И уште: „Молитвата и молењето ги прават луѓето храмови Божји; и како што златото, скапоцените камења и мермерот што ги украсуваат царските домови, така и молитвите ги украсуваат храмовите Христови, душите на верниците. Има ли поголема пофалба за молитвата од таа што, таа нѐ прави да бидеме храмови Божји, да Го примиме во себе Оној Кого не Го собираат ни небесата? Ете, Он, преку молитвата, влегува во живата душа.“

И уште: „Од ова може да се види силата на светите молитви, што Павле, како окрилен, ја заобиколил целата вселена, живеел во зандани, врзуван во железни вериги, бичуван, живеел во маки и страдања, бесови изгонувал, мртви воскреснувал, болести излекувал, никогаш и во ништо не се надевал на луѓето, кога се трудел да ги спасува луѓето, туку само со молитвите ја оградувал душата своја, секогаш брзал кон молитвите како кон свој подвиг и со успех ги овенчувал сите свои дела, затоа што молитвата е дарителка на воскресението на мртвите и на сѐ друго. Зашто, каква што е силата на водата во дрвјата, таква е и силата на молитвата во животот на светиите.“ И уште: „Молитвата е причина на спасението и извор на бесмртноста, ѕид ограден на Светата Црква, ѕид неразрушлив, тврдина несовладлива, страшна за бесовите и спасоносна за делото на побожноста.“ И уште: „Како што по царицата што влегува во некој град, следува и големо богатсво, така и по молитвата, која навлегува во душата, навлегува и секоја добродетел.“ И уште: „Она што е основата на домот, тоа е молитвата во нашата душа; затоа, треба да ја поставиме како основа таму, како основа и корен, и врз неа, со ревност, да ги надградуваме и целомудрието, и грижата за сиромасите, и извршувањето на сите Христови заповеди.“ И уште: „Ревносната молитва е светлина на умот и на душата, светлина што не угаснува и што не престанува; затоа духовниот наш непријател толку многу нечисти помисли вложува во нашиот ум и собира толку многу лоши работи во нашата душа, и толку богопротивни помисли вложува во неа, за кои никогаш не сме ни помислувале, и со сето тоа ја натоварува нашата душа, за време на нашата молитва.“

И свети Григориј Богослов говори: „ Повеќе и почесто треба да си спомнуваме за Бога, отколку што вдишуваме и издишуваме воздух.“ Исто така, тој вели: „Почесто помислувај на Бога, отколку што дишеш.“

 И свети Исак Сирски пишува: „Без непрестајна молитва не можеш да Му се приближиш на Бога.“ И уште: „Ако по молитвениот труд, на нашиот ум наложиме некаква грижа, тоа предизвикува расеаност на нашите помисли.“  - И уште: „Секоја молитва, во која не се умори телото и не се скруши срцето, слична е на недоносено дете во утробата на мајката, зашто таквата молитва е без душа.“

И свети Јован Лествичник говори: „Молитвата по својата суштина е општење (συνουσια, - сосуштествување и слевање во едно битие), соединување на човекот со Бога; а по своето дејство, молитвата е стоење на светот, измирување со Бога, мајка и ќерка на солзите, умилостивување за гревовите, мост преку искушенијата, заштитен ѕид од страданијата, скротување на брановите, дело на ангелите, храна на сите бестелесни сили, идна радост, дејствување што нема ни крај ни граница, извор на добродетелите, закрилничка и причина на добрините, невидливо преуспевање, храна за душата, просветување на умот, секира за очајанието, доказ за надежта, разрешување на веригите на жалоста, богатство на монасите, сокровиште на безмолвниците, постепено намалување и исчезнување на гневот, огледало на преуспевањето, пројавување на големина на верата на секого, прикажување на устројството и состојбата на душата, известителка на иднината, белег на прославувањето. За оној што вистински се моли – молитвата е – мачилиште, судилиште и престол на Господа, пред да се појави престолот“; И уште: „Молитвата не е ништо друго, освен отуѓување од видливиот и невидливиот свет.“

И свети Нил Синајски говори:  „Ако сакаш да ја придобиеш молитвата, откажи се од сѐ, за да наследиш сѐ.“ И уште: „Молитвата е издигнување на умот кон Бога.“ – И уште: „Молитвата е разговор на умот со Бога.“ – И уште: „Како што е лебот храна за телото и добродетелта – за душата, така и молитвата – духовна храна за умот.“

Вака треба да размислуваме за молитвата, како храна за душата.

А сега е вистинско време кога треба да говориме за храната на телото, за нејзината мерка, за нејзината количина и нејзиниот квалитет. Кратко речено, за тоа каква треба да биде – според нашите сили.

Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – ТОМ V

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева

18-ти февруари 2018 лето Господово

 

Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1351
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1617
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1473
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се...

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Главната карактеристика, која го оформува профилот на луѓе каков што е фарисејот, е користењето на знаењето што останува по доволното чистење на енергијата на умот за судење и осудување на...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

   Колкумина се навистина подготвени да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава; и колкумина се подготвени да изгледаат бедно или да служат за потсмев заради Господ Христос, и...

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и...

Митрополит Струмички Наум: Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Митрополит Струмички Наум: Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот. На пример, подобри услови за молитва.Или, чекаме работите во нашиот живот да...

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

За денот и часот на второто Христово доаѓање нe се знае, така ни вели Светото писмо, но со сигурност знаеме дека тоа ќе биде кога повторно во светот ќе царува...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

« »