логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„ВИЕ НЕ СТЕ ОД ОВОЈ СВЕТ“ (ЈОВАН 15:19)

Епископ Михаил (Грибановски)
Епископ Таврически Михаил (Грибановски; 1856- 1898)- архипастир, просветител, духовен писател. Неговата книга „За Евангелието“ (прво издание- Санкт Петербург, 1896; подоцна повеќе пати објавувано)- збирка есеи за Светото Писмо. Ова не се теолошки толувања на текстот, епископ Михаил пишува за тоа, како евангелските зборови да се поврзат  со нашиот живот- секојдневниот живот на секој човек,- поттикнувајќи да го изградиме по Христовите завети, „правејќи добро за себе и за другите“. Напишани во крајот на ХIX век, пред повеќе од сто години, овие прекрасни  размислувања се современи и актуелни за нас христијаните во XXI век.
Им предлагаме  на читателите една од поглавјата на книгата “За Евангелието“ од епископ Михаил Грибановски.
                                
Нашиот повик не е за тука, на земјата, нашата татковина и нашата цел е таму, во оној свет, во кој нé повикал  Господ . Со таа мисла ние понекогаш сме склони да го оправдаме нашето невнимателно однесување кон она што нé опкружува и нашето студенило кон оние луѓе со кои живееме. Неа ја развиваме во себе и тоа во сонливо- бесцелна состојба, при кое го сместуваме нашето небо некаде во просторно недостапна далечина и целосно одвено од  сите аспекти од нашиот земен живот. Речиси сме подготвени со телескоп во рацете да го најдеме тој свет, каде што одеднаш ќе бидеме пренесени по таен замав од небесата. Од височината на далечните небески перспективи, во замислена величина која ја има жител кој  во иднина ќе се појави на далечена планета, ние во најдобар случај само површински гледаме на дејноста на таа малечка сфера и на тој агол на природата кој ни претстои во нашиот реален живот. Луѓето кои не се наклонети кон Црквата, го користат тоа за да укажат на црквеното учење за тој живот како на некаков темен и бесцелен мистицизам.
Дали е тоа така? И дали сме во право?
Ние, христијаните, не сме од овој свет. Но, тоа не значи дека нашиот свет е некаде одалечен од тука за милијарди милји, некаде над бесконечните ѕвезди. Воопшто не. Тој е внатре во  самите нас, во природата што нé опкружува, на секое место, во секоја душа. Тој од нас е одделен не со надворешни далечни пространства, туку е само на површината на истиот овој живот кој на оваа иста земја од сите страни нé опкружува. Светлината и здивот на тој свет ни се непосредно блиску до нас; ме обвиваат од внатрешната длабочина на духот оваа минута, еве овде, на ова место каде што јас пишувам, во мојата сопствена душа, која ја чувствувам сега, заради истата оваа природа и околина, која во овој момент ме опкружува.
Да се одухотвори и просветли секој свој животен потег, значи да се оди во царство кое не е од овој свет.
Да се стремиме од овој свет во оној не значи да брзаме и да се устремиме некаде во бескрајната ѕвездена далечина, во непознати простори на сонцата и созвездијата. Не, тоа значи едноставно влегување внатре во она што се наоѓа во нас самите и околу нас. Во мојата душа, каква и да е таа сега, сепак ја просветлува нешто возвишено, благородно и свето, добри мисли, чувства и желби, истата душа, но само во посовршена и прекрасна форма на битието. Да се оди таму на тоа просветлување, да се прилагодите на тоа што се открива преку него, да се навикнете на неговата атмосфера, да се исткаат од неа своите животни нишки  значи да се оди во тој небесен свет, на кој ние сме повикани од Господ. Во моето тело е многу лошо, но и во него, во неговата од Бога создадна форма, во брановите на неговата животна енергија, се чувствува врвна убавина, врховно  добро на битието, одсјај на чистата среќа на животот. Доведувајќи го својот дух и своето срце во тој благороден елемент на своето сопствено тело, во тоа совршенство на неговите идеални форми кои се затворени во нас самите, вдишувајќи го во себе само најчистиот мирис на животот, внесувајќи во него хармонични појави; трудејќи се и собирајќи го своето животно внимание само во таа префинета светла област на својата сопствена телесна самосвест, никако не распуштајќи се себеси и не давајќи да се разлијат грубите бранови на страста, не подавајќи се на надворешни и внатрешни дисхармонични влијанија, одухотворувајќи го и просветлувајќи го секој свој животен потег, сето тоа значи да се оди во царство кое не е од овој свет.  



 
Епископ Михаил (Грибановски)

 Ако јас безгрижно со својата свест протрчувам низ природата околу мене, овде на ова парче простор што го обзема моето око или грубо надворешно се однесувам кон неа, тогаш таа ништо особено за мене нема да претставува: јас или ќе поминам покрај неа, или надворешно ќе ја исползувам, или ќе ја истребам. Но, стојам со љубов, со сето чувство и свест, детски, на Божји начин, не растрчувајќи се на сите страни, туку целосно оддавајќи и’ се, погледнувајќи на неа, и тогаш секој лист на дрво, секој мал цвет, секоја билка, тревка одеднаш ќе засјае за мене со таков зрак на рајска убавина, обземајќи ме со таква топлина и светлина на животот, со таква благодат на секој свиок и секој тон, што ќе ми се отвори рајот пред свои очи... Што значи тоа? Откаде таков чуден пресврт? Многу едноставно: ние сме проникнале внатре во она, што секојдневно сме го гледале однадвор; ние со сето свое чувство го почувствувавме сиот живот на природата која постојано ја смачкуваме со својата  расеана надворешна свест; ние во созрцание на љубовта, несебично се оддаваме за миг на тоа дрвце, на тоа цветче, а не егоистички да размислуваме, дали смееме да исечеме едно и да искинеме друго. Со еден збор, во тој чудесен миг природата остана иста, но ние отидовме во тој просветлен божествен свет на нејзиното битие и нејзината форма, кој е затворен во неа самата, но кој ние поради расеаност и грубост, досега не го забележувавме... Обидувајќи се да го дадеме своето длабоко и целосно внимание на сé живо што нé опкружува, на сé околу нас што постои, на секоја билка и ствар, да ce влезе во своето смирено срце во тоа светло и прекрасно битие што продира во сè и се одразува во сè – да се размислува за сè во Бога, откажувајќи се од себе, значи да се оди во царството кое не е од овој свет.
Ние не сме од овој свет; но, тоа не значи дека ние се откажавме од оваа природа, гледајќи во некаква празнина, во нешто темно и сосема непознато. Не, овој свет е само просветлување, префинетост и одухотворен процвет на тоа. Ние го гледаме истото што го гледаат и другите, но во него го гледаме оној свет кој за другите сеуште останува скриен. Очигледно во мртвите- за нас трепери внатрешен духовен живот; во немите- за нас звучат небесни зборови; во случајното и механичко- нам ни се открива чудесен смисол и врвна разумна убавина. Можеме ли да си претставиме што Му рече незабележливиот цвет- кринот- на срцето и очите на Господ, кога Он сета слава Соломонова ја собори ничкум пред него?
И ова откривање на духовниот свет на убавината и вишниот живот не е илузија, не е фантазија на поет. Тој постои, тој реално постои со тие форми, со таа иста природа која нé опкружува. Тоа што за поетот овој свет е само идеја, сон, тоа во уште попросветлен облик, за христијанинот кој не е од овој свет е висока реална вистина во која тој живее, која е скриена за телесните очи и нечистите срца, која не се изразува со груб човечки јазик и не се претставува со бледи земјени бои.
Тој „друг свет’’ е во истата средина и во истите луѓе меѓу кои живееме
Ние не сме од овој свет. Тоа, секако, не значи дека ние треба внатрешно да се одалечуваме од тие луѓе кон кои нé приведува реалниот живот и да сонуваме за други суштества кои повеќе би одговарале на нашиот идеал. Да, ние треба да бидеме колку што е можно подалеку од сé лошо и во нас и во другите; нашата должност е да се бориме со тоа неуморно и безмилосно. Но, лошо е што има нешто што ги отуѓува луѓето еден од друг и произлегува меѓу нив непријателство и хаос. Одалечувајќи се од тоа, христијанинот всушност заминува од овој случаен свет, каде што луѓето се взаемно непријатели, во оној свет, каде што тие можат да бидат пријатели и браќа. Но овој свет не е во сонлива висока фатазија, туку во истата средина и во истите луѓе меѓу кои живееме. Без разлика колку непријателски можат да бидат меѓусебно, тие сеуште чувствуваат дека во нив има некој врвен свет на добри чувства: љубов, вистина, благонаклоност и самопожртвуваност. Однадвор и по инерција на страстите тие водат жестока взаемна борба, но внатре тие не можат да не ја почитуваат заедничката светост на сите која невидливо и нечујно продира во длабочината на нивните грешни души. Во тоа вистинско светилиште на вистинските луѓе околу нас е „тој“ свет, во кој ние треба да живееме како христијани.
Луѓето од овој свет мислат дека таа светост е само еден сон, само непостоечки идеал: дека таа е само во личната фантазија и во добрите пориви на секого и не претставува ништо навистина моќно и постоечко. Таа го разубавува овој тежок и прозаичен живот со своите соништа, но самата е само сон и ништо повеќе. Починал човекот, се распаѓа телото и сонот исчеснува како магла.
Христијанинот со својот дух директно ја доживува реалноста на оваа светост. Тој чувствува дека овој свет на љубов и хармонија веќе постои, веќе е во длабочината на духот во секој околу него, само треба да посакува  да може да влезе во него. Тој осознава дека тоа не е само негова креација, не е само негов добар порив, туку повеќе, многу повеќе пообјективна и вечна вистина, отколку сé друго што навидум ни доаѓа. Тој продира во таа внатрешна длабочина, каде завојуваните луѓе околу него доаѓаат до непознатите корени на своето духовно битие и нурнати се во благодатниот свет на Небесното Царство. Овој свет е внатре во нив, но само толку длабоко и позади многу превези и маски, честопати ткаени од самите себе, така што не го познаваат добро и не ја чувствуваат целата убавина и сила на својот вистински живот.  Христијанинот  го гледа и оди кон него.
Да се открие небесата во ближните која ни е откриена во нас е најсоодветен и најправилен начин кон царството кое не е од овој свет.
Христијанинот треба целосно да копнее за ова внатрешно царство. Но, тоа не значи дека поради тоа тој треба да биде неактивен или бесцелно да сонува во тој свет. Благодатниот живот на небесата нам ни се открива според мерата на слободното просветлување на земјата. Да ја направиме својата душа и тело чисти и свети,  да ја изградиме  околната природа кон нејзините совршени форми; да ја просветлиме целата сфера која ни е дадена во конкретниот живот, да ги оживееме  ближните со таков здив кој ние самите го добиваме одозгора; да им ја предадеме таа радост, таа благодат која нé обзема и нас; да ја откриеме  во нив небесата која ни се откри нам; да им го дадеме својот живот, за да тој се роди и процвета во нив- накратко, да се биде подобен на Христа, апостолите, светителите и мачениците-  е најправилниот и најсоодветен пат кон царството кое не е од овој свет.
На таков начин, верникот во “тоа’’ царство влегува во најдлабока комуникација со околните луѓе, иако често и невидливо за нив. Покрај нив тој го бара тоа небо кон кое е прврзан, но исто така и во нив и преку нив. Тој оди кон тој свет преку активна комуникација  со ближните во овој свет, било тоа да е во областа на мисли, дела или невидливи молитви и љубов. Она што може да изгледа како осаменост на христијанинот е само наизглед. Тој е поблизок кон своите ближни, отколку што самите тие се меѓусебно и кон самите себе. Тој не сонува, туку реално живее во овој реален свет кој е сокриен од нашиот дух поради нашите земни соништа. Неговото царство  кое „не е од овој свет“- не е во магловита оддалеченост на времето и просторот, не е во апстрактна празнина на измислици и духови, како што е кај земните поети и мислители, туку сега, во овој миг, на ова мало пространство, во оваа средина, помеѓу овие ближни. Тој преку нив, во нивната сопствена длабочина, го гледа просветлениот  чудесен свет на тоа царство на сета убавина, живот и хармонија кое секогаш ги обзема, но во кое тие никако не можат да влезат, неодоливо се лизга по сјајната површина на тој свет развивајќи пред нив низа големи надворешни перспективи. Царството Божјо е внатре во нас (Лк. 17:21).
                            
                                                                                     Михаил (Грибановски), епископ Таврически


Извор: http://www.pravoslavie.ru/108063.html

 

Подготви:

 

9-ти март  2018 год.

 Подготви: Снежана Корнет

Друго:

 

П .П.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная