логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

И во Византија и во Русија, Исусовата молитва ја практикуваа не само монасите кои пребиваат во молк односно тихуваат во својата ќелија, туку и епископите и мирјаните. Во пресрет на празникот на 31 март, ден на споменот на теоретичарот и практикувач на умно-срдечната молитва Свети Григориј Палама, протоереј Георгиј Бреев, духовник на московското свештенство, раководител на храмот Раѓање на Пресвета Богородица во Крилатски регион, рецензент на зборникот во четири тома за аскетска литература „Молитва Исусова. Опит од две илјади години’’, раскажува како да се изврши таа меѓу денешниот метеж.


„Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот’’- би се кажало дека е едноставна молитва. Но, духовниците ги повикуваат своите чеда на поголема претпазливост во нејзиното исполнување. Во какви услови е можно мирјаните да ја употребуваат Исусовата молитва?


НЕОБИЧНА СИЛА


Традицијата на употребување на зборовите во молитвата, како обраќање кон нашиот Господ и Спасител Исус Христос, започнува од евангелски времиња, кога луѓето пресретнувајќи Го Христа, Му се обраќаа со своите барања. Блиските Христови ученици- Апостолите, ја видоа и ја знаеа придобивката на ваквото обраќање. На ваков начин, првите христијани започнаа да Го повикуваат Името Христово како во црквената, така и во приватната молитва и таа традиција никогаш не се омаловажи. Молитвата која ние сега ја нарекуваме Исусова, се создаде подоцна со општопознатите зборови, кога особено ревносните подвижници започнаа да се оддалечуваат од светот во пустина. Призивањето на Името Божјо за нив било животна потреба. Опит на овие пустински отци е запечатен во книгите „Добротољубија’’


Постојат различни мислења за тоа кој и како може да ја извршува Исусовата молитва. Некои светители веруваат дека таа има необична сила да го преобрази човечкиот ум и да ја исцели душата, доколку, се разбира, се има разумен и одговорен однос кон неа. Тие советуваа да ја исползуваат таа молитва не само пустинските отци, туку и сите христијани кој живеат во светот, дури и само да го имаат започнато својот духовен живот.
Се верува дека ако таа молитва која се однесува на оние кои се покајуваат, се изврши со срдечно внимание и постојано, тогаш ќе принесе полза и ќе ги исчисти од многу гревови, дури и ако луѓето не се многу духовно високи. Други отци, напротив, веруваат дека секој не може да ја исползува оваа молитва.
Особено, ако се земе како оружје и се употребува постојано. Затоа што тоа е исто како огнот, кој за да се разгори, треба сé повеќе и повеќе гориво, така и извршувајќи ја постојано срдечната молитва, за да стекне сила, се бара од човекот сé поголема целосна посветеност, сé нови чекори, посветувајќи се себеси на молитвено творење, наречено подоцна умствено  творење. И тој треба да биде особено подготвен- потребен е пост, воздржување од забави и строго исполнување на Христовите заповеди. Без таква основа молитвата може да придонесе духовна штета.
Од „Добротољубија’’ знаеме, дека една од високите нивоа на умствената молитва е созрцание. Тоа е таква особена состојба, за која Светите Отци говереа  дека е како прагот на Царството Божјо. Душата е толку возвишена и очистена од страстите, што таа, таинствено обединета со Христа преку  молитвата, станува способна да Го види Hего.


Но, за нас тоа творење е премногу високо. За овие состојби ние можеме да дознаеме само од книги. Наши современи подвижници велат дека современиот човек, кој ја изгубил целта на животот, веќе не може да ги прави таквите нивоа на умствената молитва. Затоа, кога некои луѓе, особено тоа е својствено на новообратените- огнено се заземаат за повикот на Името Господово во Исусовата молитвата, тие можат да бидат изложени на сите видови на опасности, кои нема да бидат подготвени да ги прифатат. 

 ДУШЕВНА ХРАНА


Секој верник сака да се моли. Свети Григориј Палама вели: Колку човечки души во светот, толку и нивоа и молитвени слики. Секој носи во молитвата свој внатрешен опит, свои искуства. А искуствата кај сите се различни. Некој од детството има молитвен дух, природно од благодатта Божја веднаш може да се моли. На друг потребно му е да помине поголем животен пат и само на средина од овој пат тој разбира дека треба да се моли. И почнува со тешкотија да прави мали чекори, за да ја научи основата.  


Молитвата е храна. Ако некое лице е живо, тоа има потреба да јаде. Сепак, ние не еднаш во денот се поткрепуваме со храна. Така и духовно-  душата исто има потреба од храна. Но, тука треба да се разбере за живата потреба да се пие водата на животот, а не формалност, не навика, не ритуал. Живата Вода е Словото Божјо. Кога постои таа жед, тогаш и започнува правилното поставување на молитвата. Него Самиот Бог го поставува, затоа што е речено, дека без дејството на благодатта ние не можеме да се молиме, дури и да повикаме кон Бога „Ава Отче’’, ние не можеме, според Апостол Павле, без Светиот Дух. Светиот Дух ни ја дава во срцето молитвата, ја става и повикува кон Небесниот Бог Отец, кон Христа.

Кај луѓето кои ја љубат молитвата, дури изгледот им се менува, било тоа да се мирјани или монаси. Се разбира, изгледот не е многу убедителен фактор, но сеедно кај човекот обично тоа се збележува ако тој е молитвеник.

Молитвата- тоа е пат, кој го доведува лицето до Бог. И, ако човекот остане на половина пат,  тој може да го изгуби и тоа што веќе го стекнал.

Молитвата носи висока великодушност. Душата станува разумна, се оддалечува од грубите страсти, гледа јасно, се зацврснува во верата. Светиот Дух дејствува и во молитвата и во Светото Писмо. Човекот почнува да ја гледа јасно Божествената хармонија на Божественото Слово, Библијата, затоа што молитвата го подготвува срцето на човекот како сад, кој потоа ги содржи во себе сите дарови на благодатта на Светиот Дух. Без молитва тоа е невозможно да се постигне.

Добриот плод на молитвата е смирено срце, кога срцето ќе постане чисто. А човекот со чисто срце ќе Го види Бога. Човекот почнува во себе да го гледа дејството на страстите и дејството на Божјата благодат, почнува да разликува, што доаѓа кај него од паднатите духови. Потоа, ако човекот навистина се труди не залудно, тој почнува јасно ( прозорливо) да ја гледа суштината на работите. Ако христијанинот го минува молитвениот пат со ревност и со смирение, него ќе го придружуваат духовните плодови.

Смислено и внимателно

Јас мислам дека е можно мирјаните  да ја практикуваат  Исусовата молитва. Но, тоа треба да го прават присилено и малку време. Свети Игнатиј Брјанчанинов и последните оптински Старци нé учеа дека современиот човек треба да пристапи кон Исусовата молитва многу смислено, многу внимателно и едноставно.

Не стремете се  веднаш да досигнете некакви состојби- просветлување на душата, умот. Треба да се молиме со чисто срце. За време на мојата духовна служба имаше веќе неколку случаи, кога по препорака на млад свештеник луѓето почнаа да ја извршуваат непрестајната молитва и како резултат на тоа дојдоа во крајна падната положба, со психичко растројство, во состојба од која самите тие веќе не можеа да излезат. Имаше дури и случаи, кога луѓето завршија со себе само поради причина што ревносно се заземаа за тоа умствено творење за кое не беа подготвени.

За почеток потребно е здобивање молитвено искуство во целост и потоа постепено да се премине на Исусовата молитва. Но, да се ставаат пред себе високи цели е крајно неразумно. Дури и применувањето на начинот на кој се молеле светителите ќе биде штетен за нас.  

Уште во VI век, свети Јован Лествичник предупреди за тоа, да се чита и да се изгради високиот дух на светителите ни е потребно, но да се имитираат во молитва е врв на безумие, затоа што човекот треба да има не своја лична желба, туку мотив на Духот Божји. Затоа јас секогаш предупредувам: ако има желба и ревност, тогаш претходно треба да се научи она што е потребно за молитва- внимателност, концентрација, стрпливост и расудителност.

Впрочем ние сме недостојни за оние зборови кои ги читаме во молитвата. Јас не сум достоен дури и да се свртам кон Бог. Господи, како јас сега можам да се појавам пред Тебе? Токму тоа очекување е молитвата. На секое место од Неговата власт, благословувај го душо моја Господа. Место “Неговата власт’’- тоа е тоа место, каде што јас се молам.

Како да нема презаситување?

Најпрво потребно е да се научи искрена, едноставна, чиста молитва, затоа што многумина почнувајќи да читаат утринско и вечерно правило, брзо се заморуваат од него. Велат дека веќе изгубиле интерес, дека ништо не чувствуваат. Бараат дозвола да се молат со свои зборови. Па, молете се со свои зборови. Но, молитвеното слово треба да е вистинито, треба да славослови.

Некој од светителите велеше дека во молитвата човекот треба да се соедини со зборовите на ист начин како што душата се соединува со телото. Видете, колку длабок начин. Ако такво единство нема, тогаш молитвата ни досадува. Таа ни се чини формална, студена и зборовите не одат во душата.

И сето тоа само затоа што човекот не го направил правилниот пристап кон молитвата. Не ја доживеал, не ја почувствувал молитвата во себе. Дури и ако ти си доживеал некогаш некоја молитвена слика, таа се заборава. И многу лесно е да се влезе во механизам, да се изврши еден ритуал- да се произнесува, говори, чита, но не и да се моли.

За молитва потребен е интерес, внимание, жед за молитва и вистинитост. Молитвата е животна потреба. Мене неопходно ми е денес, во овој момент да се изразам себеси во молитва, да застанам пред Бог и да кажам: „Господи, ете јас пред Тебе стојам, денот ми помина во суета,  јас некаде ја изгубив својата внатрешна слобода, некаде непотребни помисли, имав грижи, имав непријатности и така натаму’’. Какви сме ние, такви треба и да се обратиме кон Бог.

Самиот живот нé учи да се молиме, Бог нé учи, Црквата нé учи. Овие лекции не треба да поминат незабележително. Тогаш само ние и почнуваме навистина да разбираме што е тоа Исусова молитва. „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот’’- тоа ќе биде веќе повик. Тоа е всушност сета моја природа, концентрирана во живиот Господ, тоа е проток на мојата внатрешна енергија која избива надвор. Ете тогаш, ве молам, молете се со Исусовата молитва дури и дење и ноќе. Тогаш Исусовата молитва почнува да делува.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Искушенија

Кога човекот навистина ја сака молитвата, кога неговиот дух се разгорува, тогаш, според учењето на Свети Игнатиј, Исусовата молитва почнува да преминува од усна форма во срдечна.

А срдечната молитва ако се принесе со внимание, почнува да ги опфаќа и умствените сфери на душата. На таков само начин умно- срдечната молитва може да стане достапна за современите христијани, целосно посветувајќи се себеси на Бог. Свештениците, монасите, побожните мирјани, кои се оддалечени од секојдневните грижи и таги, можат да го земат тој Божествен дар и во полза за душата да ја извршат умно- срдечната молитва.

Да се започне, препорачувам вака: оддалечете се од вообичаениот метеж- од радио, телевизија, повлечете се на мирно место каде што е можно да се вклучите во молитва. Ако со текот на времето кај вас започне сериозна активност на Исусовата молитва, неопходно е да ги побарате оние луѓе кои опитно го поминале тој пат и со нив да ги дискутирате сите свои состојби.

На почетникот потребен му е асистент, затоа што активноста на духот влијае и на душата и на менталната состојба и на нервниот систем. Таа пробудува во душата многу такви движења кои можеби и не биле таму порано. Кога човекот постојано ја твори умната молитва, во него почнува да се пробудува скриеното, со што човекот во својата практика, можно е и да не се сретнувал.

Постои таков закон во физичкиот свет, колку помоќно и колку поголемо е било кое енергетско движење, толку повеќе во него се вклучува околната сфера. Така исто е и молитвата Исусова. Ако неа ја правиме со некакви напори, со некоја тензија, тогаш таа може да предизвика многу од сетилниот свет и фантазии од светот, особено ако ние немаме чувство на покајание. Сé што не е добро и е сокриено, ќе се придвижи и може штетно да повлијае на душевната состојба на човекот.

За да се определи дали човекот оди по правилен пат во своето молитвено делување, можно е по плодовите. Плодот на неправилна молитва може да стане гордост на умот. Човекот почнува сé да покажува, трудејќи се на сите да покаже дека тој долго се моли, дека тој умее да ја твори Исусовта молитва.


 
Во Евангелието е кажано: Ако сакаш на Бога да Му принесеш срдечна молитва, „...влези во својата скришна соба и откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он Кој гледа тајно, ќе те награди јавно’’(Матеј 6:6). Ако човекот не влезе во својата внатрешна ќелија со смирение, со длабока вера, со чувство на покајание, со внимание, тогаш таа активност ќе резултира кај него или фарисејство или гордо самопотврдување.

Често пати во таква ситуација кај луѓето почнува нервно растројство, забележано од страна како нервозни остри движења, анксиозност, желба нешто да се докаже, да се расправа. Тоа исто така покажува дека лицето неправилно ја твори молитвата.

Невозможно е да стапите во духовниот свет без расудувања. Секој чекор треба да биде проверен и во духот на Евангелието и во духот на заповедите Господови, традицијата и учењата на Црквата, мислите на Светите Отци. Лицето треба да има јасна состојба на умот, за да ги види правилните и лажните патишта.

Самодвижно творење

Во молитвите произлегува соединување на сите наши способности. Понекогаш кај човекот се активира фантазија и нему му се чини дека тоа е духовен човек. Всушност, тоа не може да биде духовно, туку занес. Духовниците, кои ја творат Исусовата молитва, секогаш предупредуваат  за оваа соблазна.

Верувам, дека творењето на Исусовата молитва користејќи бројаница е неопходно и многу важно. Кога палците ја држат бројаницата и ти ја изговараш молитвата усмено, тоа помага  сите сили да се насочат кон молитва, да не се расејуваш. Срдечното внимание, вербалното изговарање на молитвата, движењето по јазлите- сето тоа заедно помага да се вклучат во  молитвено обраќање  сите  душевни сили. Дури кога мислата е подготвена да се оттргне, ти чувствуваш дека бројаницата не ти дава. Ти неа силно ја држиш и таа преку тоа чувство на ред на молитвите кои следуваат, помага дури и мислите да не ти се расејуваат.


Ако при кажување, молитвите се слеваат во маса на зборови и престанеш да ја разбираш, таквата молитва треба да се прекине. Кога при кажувањето на молитвата проникнуваат конфузни мисли, невнимание или некоја апатија, како да не сакам да ја кажувам, не можам- сé што треба тука е веднаш да се прекине. Подобро да се кажат педесет молитви и да се смириш, отколку да се кажат триста на ниво на механичко движење.


Понекогаш е можно да се кажува Исусовата молитва за време на службата. Оние кои ја практикуваат молитвата , можат да дојдат на такво ниво, кога спиеш, се будиш, а молитвата продолжува. Ти дури и не знаеш, завршува ли таа или не се прекинува, оди сама. И кога човек  достигнува таква состојба, тој може дури и да стои на Литургија, внимателно да ги слуша зборовите на литургиските молитви, а во срцето сами да звучат зборовите: „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот.’’Тоа е самодвижна молитва. Кон неа се доаѓа од внимателното, стравопочитно повикување на Името Божјо, кога молитвата ги зафаќа сите нивоа на потсвеста.

Молењето е наша обврска. Светите Отци велат, ако ти се дава благодат да се молиш лесно, ти право на крилја леташ. Ако благодатта ти е одземена, моли се тешко. Може тоа да биде дури и духот противник на молитвата. Па, што ако, трпи. Вели: „Господи, јас сум недостоен на молитвено обраќање. Јас ја прогневив Милоста Твоја.’’ Ако духот на отпорот силно надојде на тебе- смири се и тој ќе отстапи.Тоа е така затоа што длабоката молитва секогаш предизвикува искушенија. Исто како кога ќе поставите свеќа- силниот ветар може да ја одвее. Така и молитвените огнови демонот ги одвејува. Но, потребно е тој оган во себе повторно да се разгори. Иако е малечок, но тој треба да топли во душата постојано. Кандилото гори во длабочината на срцето- и тоа е доволно.
 
Храм Раѓање на Пресвета Богородица во Крилатски регион, Москва

 

 

Извор: http://www.nsad.ru/articles/iisusova-molitva-ne-dlya-miryan

Подготви: Снежана Корнет

1-ви декември, лето Господово 2016

 

  

Друго:

Не му копај јама на другиот

 

Смирението е вистинската храброст (24.10.2016)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная