логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Изреки на Архимандрит Кирил (Павлов) Светогорски                                                         

  Што е тоа Љубов?                                            

         

Што е тоа Љубов?


Љубов- тоа е Сказна. Чудата Божји- тоа е свет на чудесни Сказни, оние Сказни, Кои Бог ги раскажува на Своите деца.... Приказна за Љубовта...                                                    

  Што е тоа Љубов?


Љубов- тоа е голема Вистина. Од мали вистини не се создава голема Вистина, затоа што големата Вистина не се состои од мали вистини.                                                   

   Што е тоа Љубов?


Љубов- тоа е Едноставност. Љубов- тоа е многу едноставно, но ние ја изгубивме нашата едноставност и станавме сложени, затоа на нашата сложеност не и‘ е едноставно да ја разбере едноставноста на Спасението.                                             

         Што е тоа Љубов?


Љубов- тоа е Неизвесност. Најпрво ние стравуваме од неизвесноста во себе, а кога таа ни се открива во нас како Љубов, ние разбираме дека таа Љубов е несфатлива.                                                

      Што е тоа крајна Љубов?


Крајна (врвна) Љубов- да го дадеш својот живот на сите што постојат. Крајност на омразата- уништување на себеси и другите. .                                                     

Што е тоа Совршена Љубов?


Совршена Љубов- тоа е највисок и редок дар: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец Небесен’’ (Мт. 5:48).                                                     

Што е тоа добрина и Љубов?


Љубов- тоа е искрена добрина. Да љубиш некого не значи дека си добар. Невозможно е да бидеш навистина добар без љубовта кон Бога.                                                   

   Тогаш, што е тоа Љубов?!


Божествената Љубов- тоа е отвореност на срцето....
                                           
                                                                                     

  На што е подобна Љубовта?


Бог за страдалникот станува величенствена Птица, земајќи го него од земјата на Небесата. Таа Птица е Љубов.                                                   

   Како да ја здобиеш Љубовта? 

 

Здобиј вистинска чистина на срцето- не допуштај ни една блудна помисла.

Како да ја познаеш Љубовта?


Ако сакаш да Го возљубиш Бога и ближниот со сето срце- не љуби го светот; ако го љубиш светот, како би можел да го љубиш Бога и ближниот?                                                    

  Кому Љубов?


Невозможно е да го љубиш непријателот не оставајќи го овој суетен свет, љубејќи го него и борејќи се поради него со луѓето.
             
                                                     

Во што е Љубовта?


Во тоа што човекот може да се спротивстави на злото во себе и така да се уподоби со Христа, Кој му ја подава раката за помош во тоа искачување.
Ако злото нé победува нас, кога ние него навистина не го сакаме, тогаш со секој следен пат ние стануваме сé посилни.                                                     

Што ја убива Љубовта?


Најопасно за Љубовта е твојот ум, кој тебе не ти е потчинет, зашто тој не знае, дека ти си негов вистински сопственик, но таа власт ти треба да ја добиеш од Бог.
                                                    

  Како се придобива Љубовта?


Непрестајната молитва раѓа непрестајна решителност, смирение и непрестајна Љубов- така се придобива Спасението.
 
                                                     

Хилендарски манастир                                                   

 

Кому му е достапна Љубовта?


Во целомудрите се раѓа младоста, но не таа младост, која се стреми кон немирни чувства и емоции; Новата младост се стреми кон таква вечно млада вечност и кон вечно новиот и секогаш роден Бог.                                                    

   Што дава Љубовта?


За оној, кој го љуби животот, таа станува нереална; за оној, кој Го љуби Бог, животот станува Вечност.       

                                               Кому му е достапна Љубовта?


Обичните луѓе Го љубат ‘‘обичниот’’ Бог; но Самиот Бог ги љуби необичните луѓе, кои се подготвени да го љубат необичниот Бог.
                                                     

Што е тоа Љубов?


Оној кој Го љуби Бога, нашол извор кој ја заситува негова ненаситност, зашто тој тече во вечниот Живот.                                                     

 

 
                                           Атон 
                                                     

Колкава е Љубовта?


Додека Го љубиш Бога, ти растеш и твојата душа се шири за да го прими Него заедно со ближните, кои исто така учествуваат во твојот раст.                                                  

    Во што е суштината на Љубовта?


Суштината на Љубовта е секогаш да љубиш.
Суштината на Добрината е секогаш да бидеш добар.                                                     
                                                   

   Кој може да ја смести Љубовта?


Животот не ги љуби гордите така како што гордите го мрзат животот. Бог Самиот ги привлекува кон Себе оние, кои не само што сакаат, туку и можат Него да Го љубат.                                                

      Со што се одликува Љубовта?


Само една Љубов нé учи да простуваме: „Ако им ги простите на луѓето нивните согрешенија, тогаш и вам ќе ви прости вашиот Отец Небесен’’ (Матеј 6:14)                                                    

  Што е тоа пријателство и Љубов?


Вистинската Љубов и вистинскато пријателство се едно и исто.                                                   

   Во што е трагедијата на животот и Љубовта?


Господ нé љуби сите нас, но ние не Го љубиме Господа. Во тоа е и болката и трагедијата на нашиот живот, бидејќи „луѓето повеќе ја засакаа темнината, отколку светлината’’(Јован 3:19).                                                   

   Што е тоа привзаност и Љубов?


Љубовта спасува, а приврзаноста уништува: „И непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни’’ (Матеј 10:36).           

                                                

Кој има Љубов?


Оној, кој навистина Го љуби Бога, не бара кај себе жалости.                                                   

   Што дава Љубовта?


Кога душата се вознесува кон Бога, сите нејзини сили се обединуваат во Љубовта, а кога ќе падне во гордост, сите нејзини сили се разделуваат под влијание на омраза, лутина и очај.                                                

      Каква треба да биде Љубовта?


Љубовта кон Бога треба да биде присилена, но никогаш не треба да биде чувствителна.                                                  

    Што е тоа душевна Љубов?


Душевна љубов- тоа е сенка и привидение на Божествената Љубов: „Никој не е добар, освен  единиот Бог’’ (Матеј 19:17)                                                   

   Како да се оствари Љубовта?


Длабока промена на душата е можна само тогаш, кога човекот ќе мине низ страдања, зајакнувајќи се со вера и надеж и имајќи цел ограничено да Му се приближи на Бог на Љубовта, кон таа Љубов која не е од овој свет.                                                  

    Како да се разбере Љубовта?


Подобро да се љуби, отколку да се размислува за Љубовта.                                                  

    Што е тоа лажна Љубов?


Чувствителната сентиметалност не е вистинска љубов.  Плачливост со солзи во очите- тоа не се  духовни солзи.
                                            
                                                      Со што се одликуваат Вистината и Љубовта?


Љубовта може да биде само Вистина, а Вистината- тоа секогаш е Љубов.   
                                             

      Може ли да се измени Љубовта?


Божествената Љубов никогаш не престанува, туку тече од срцето, како поток на Жива Вода. И колку повеќе тече, толку повеќе го раширува срцето: „Кој ќе пие од водата, која ќе му ја дадам Јас, тој никогаш нема да ожедни’’ (Јован 4:14).
Божествената духовна Љубов не може да олади! Оладнува и престанува само човековата Љубов.                                              

        Што ќе биде со Љубовта?


Љубовта треба да победи на земјата.  А ако не победи, тогаш Нејзиниот пораз, сеедно ќе стане победа.
Божествената Љубов не може да престане, таа може само да расте во Вечноста.

 

Извор: http://www.isihazm.ru/?id=381&c_pid=1

 

 

Подготви: Снежана Корнет

6-ти декември, лето Господово 2016

 

Друго:

 

Не му копај јама на другиот

Смирението е вистинската храброст (24.10.2016)

Друго:



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2111
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 554
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/05/2026 - сабота

Светите маченици Тимотеј и Мавра; Преподобен Теодосиј Киево-Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная