логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


07/11/2016  

Евангелието на апостолот Јован започнува со зборовите, кои секогаш ги слушаме на Велигден: „Во почетокот беше Словото“, – Логосот Божји. Имено за тој возвишен почеток, тој и го добил неговото второ име Богослов. Обрнете внимание, дека Светото Писмо започнува со повеста за создавањето на светот од Словото Божјо. Очигледно, тоа е многу важен текст, штом со него започнува Библијата. Зошто тој може да биде значаен? Станува збор за тоа, дека таа не е само расказ за тоа, како бил направен светот. Главната вест, која ни ја носи Библијата – е веста за спасението. Денес, често го сфаќаме  спасението само како избегнување на некаква казна. И често мислиме, дека Господ – е еден страшен судија, кој ги брои сите наши гревови и жестоко нè казнува. Но всушност, зборот „спасение“ во библиската традиција секогаш се разбирал како „обожение“ – соединување со Бога. Затоа, во делото на спасението, многу е важно како е устроено созданието. Зашто, самата онтологија на битието може да биде преобразена, соединета со Бога.


Денес, ние мислиме, дека овој свет е материјален и материјата се разбира како нешто спротивно на Бога. Но Откровението ни зборува за тоа, дека сета природа, направена од словото Божјо, направена е словесно, логосно, и токму затоа, таа може да биде преобразена и соединета со Бога. Митрополитот Антониј Сурожски – прекрасен пастир, и можеби еден од најголемите богослови од XX век – во своите беседи, често потенцирал, дека всушност, единствениот вистински материјалиам – е христијанството. Зошто? Затоа што за христијаните, воплотувањето Божјо – укажува на каква височина е повикана материјата на овој свет. Владиката Антониј зборувал за тоа, дека ние често го гледаме светот кој нè опкружува како мртов. Но, всушност, Бог, Кој е Живот, не може да прави ништо мртво. И чудата, кои често се случуваат во овој свет, не се насилство над природата, не е искажување на законите на природата. Тоа е откровение на она, што е сокриено во светот, искажено и придушено со гревот. Ние тоа не го гледаме, но во чудата се пројавува. И ете, најголемо чудо – велел владиката Антониј – е чудото на Евхаристијата, кои се прави денес во храмот. Ако ние сериозно веруваме, дека токму оваа материја, која ја сметаме мртва и инертна, спротивна на духот, всушност е таква, што може да биде соединета со Бога. Тоа преобразување се случува во храмовите секојдневно.
Денес сите добиваме образование. Барем средно. И тие знаења, кои ги добиваме во школо, нè тераат да мислиме, дека светот што нè опкружува е толку инертен и груб, и дека тоа е таа, единствена материјална реалност што постои. Но, всушност не е така. Се сеќавам, колку голем впечаток беше за мене тоа, што една сестра ми раскажа за тоа, какво откровение било за неа, новото видување на светот. Таа поверувала во Бога во доста зрела возраст. Нејзината младост поминала во советското материјалистичко време. Таа се навикнала да размислува дека материјата е мртва и инертна. Завршила факултет и го слушала курсот за научен атеизам. И кога се обратила кон верата, во неа цело време имало внатрешна провалија меѓу тој поглед на светот, кого го имала примено во детството и нејзината нова вера. Таа многу се молела и просела, Господ да ѝ помогне да го надмине тој внатрешен раздор. Така, таа ми раскажа, како, речиси цел месец, се разбудувала и почнувала да го гледа светот сосема поинаку. Таа го гледала светот не само како да се состои од тела. Таа гледала, дека сите мисли, грижи на луѓето, емоции, сите тие се исто толку реални, како и сè останато, тие се исто така словесни, како и Логосот, и тие исто така имаат влијание врз сета ткаенина на битието. Секако, може да се каже, дека тоа е индивидуален образ, субјективни доживувања. Но всушност, дури и она што ни изгеда физички тврдо, тврдо е само поради ограниченоста на нашето поимање.Главно, ние го гледаме светот преку светлината, која паѓа во нашите очи. Но замислете си, да ги гледаме, не само светлината, туку и радиобрановите. Тогаш, ѕидовите за нас би станале проѕирни, луѓето би станале проѕирни, па дури би можеле да гледаме и низ земјата. Би виделе, дека светот не е толку мртов, туку сè е една жива ткаенина, создадена од Бога. И тоа доживување на светот како жива ткаенина, која ја сплел Творецот, во почетокот присуствувала во христијанската традиција. Преподобен Ефрем Сирин зборува за тоа, дека светот – е книга Божја. Истото го велат и свети Григориј Ниски и свети Василиј Велики. Свети Григориј Палама,  чие православно богословие го достигнува самиот врв, го нарекол овој свет „писмо на самоипостасното Слово“.Апостол Јован Богослов ни зборува за љубовта, за тоа, дека љубовта преобразува, но ни изгледа дека љубовта – е нешто случајно. Постојат реални работи, за кои единственото мерило им се парите. И често изгледа, дека парите – се речиси сè во нашиот свет. Но, дури и тие – што се всушност тие? Хартијата, сама по себе, нема вредност. Таа е мерило на вредноста, само затоа што постои договор. Ние едноставно сме се согласиле дека тоа чини толку, а тоа – толку. Пак се враќаме на словото. И денес доаѓаме до поимањето, дека светот не е толку инертен, како што ни изгледаше претходно. Интересно е тоа, што современата наука доаѓа до поимањето на она, што во христијанската традиција се појавило од словесната претстава за тоа, дека Бог дава откровение од два вида. Првото – е Библијата, а второто – самиот свет. И меѓу тие две книги, нема противречности, затоа што тие се создадени од еден ист автор. И така, денес науката постепено разбира, дека и најмалите стихии се како букви, од кои е напишан тој книжен свет. Тие се такви, што кога сакаме  да дознаеме нешто за нив, тие дури и го менуваат своето поведение, зависно од тоа како гледаме на нив. То ест, дури науката, која уште пред сто години се гледаше како нешто спротивно на Црквата и противречно на верата, денес доаѓа до знаење дека сета природа е логосна.

Ние некогаш велиме: „Да, овој свет во зло лежи, тука сè се продава, сè се купува“. Но човекот, од гледна точка на библиската традиција, бил создаден како посредник меѓу Бога и сето создание. И тоа, каков е тој свет, зависи од нас. Да, секој од нас не може да го измени сиот свет, но менувајќи се себеси, менувајќи го своето внатрешно пространство, кое му е потчинето, ние го менуваме животот околу нас. Ако секој од нас се стреми кон тоа, животот навистина ќе се промени. Ќе се промени  онтолошки. Не само затоа што ние ќе станеме подобри кон другите. Ќе се измени самата природа на овој свет. Преподобен Максим Исповедник еднаш рекол, дека на човекот лежи најголемата задача – собирајќи го сето создание во себе, тој преку созданието се соединува со Бога. Секој од нас е повикан на тоа.

Сме ги слушнале прекрасните зборови на апостолот и евангелист Јован Богослов: „Кој пребива во љубовта во Бога пребива, и Бог во него“. Јас мислам, дека ние денес треба да помниме, дека тоа не е само метафора, дека тоа не се само убави и прекрасни зборови, кои се кријат зад грубата реалност. Не, тоа се зборови, кои навистина говорат за онтологијата на созданието, за тоа како е устроен овој свет. И тоа е принципиелно важно за секој од нас. Ако ние со вас – сегашните и идните пастири – не се стремиме кон тоа, тогаш она што го проповедаме, нема да ја има вистинската смисла. Дај Боже, секој од нас да се стреми кон тоа, да пребива во Бога, Бог да пребива во нас, и преку тоа, да се менува и преобразува светот во кој живееме.

 

z.d.
Логосност, материја, Наука, Протоереј Кирил Копејкин



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная