логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 После повеќе од 200 години од смртта на великиот македонски книжевник Јоаким Крчовски, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прибројување на Крчовски во диптихот на светиите. На 22 овој месец во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ ќе биде извршена свечена канонизација на Јоаким Крчовски.

SV.Joakim.Krchovski

Во досегашните излагања, ликот и делото на Крчовски беа сместен само во книжевната сфера, но неговата дејност е недоволно проучена. Деновиве од печат излезе новата книга, творба на сестринството од слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ со наслов „Свети праведен Крчовски“, во која се изложени нови, особено значајни сознанија и расветлувања на ликот на Крчовски.

SV.Joakim.Krchovski1

Во ова дело, покрај расветлувањето на годината на неговото раѓање и родно место, објавени се поинакви погледи за неговото творештво. Од творечкото перо на сестринството од Слепченскиот манастир по голема Божја милост, како што тие умеат да кажат, се создаде и акатист и прототипна икона на Јоаким Крчовски за негова достојна прослава.

-Презентирани се сериозни научни аргументи во полза на тезата дека овој наш преродбеник потекнува од село Крчово, во егејскиот Демир Хисар, спротивно на досегашното толкување дека неговото презиме потекнува од турското име на градот Кичево. Особено битно е што едем дел од поучните слова на Крчовски се преведени на современ македонски јазик, со што нивната поушна содржина се доближува до денешните верни чеда на Македонската православна црква, На тој начин Сестринството на Слепченскиот манастир го продолжува делото на праведниот отец Јоаким Крчовски, кој своите проповеди, исто така, ги пишувал и говорел во светите македонски храмови на разбирлив за верникот дијалектен говор – вели академик Ѓорѓи Поп Атанасов.

 

Текст:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/novo-delo-za-joakim-krchovski-vo-presret-na-negovata-kanonizacija/

Фото: Сестринството од слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“

 

 

На 22 овој месец во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

ќе биде извршена свечена канонизација на Јоаким Крчовски.

 Bekarski.Prochka3

 

4ти мај 2022 лето Господово

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4031
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3415
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3248
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…