06.06. 2010 - Житија и Евангелие
Преподобен Симеон Столпник/Дивногорец
Роден во светот во 512г. Во Антиохија Сиријска а по молитвите на благочестивата мајка негова,Марта која со длабока вера и искрени молитви му се обратила за помош на Св.Јован Претеча , ветувајки го својот пород да го посвети на Бога. Светителот услишувајки ги усрдните молитви и се јавува на Марта наговестувајки и дека нејзината желба ќе биде услишена оставајки и темјан во рака за да го покади домот свој. Така и стана. Марта роди машко дете , кое според пропоштвата на Св.Јован Претеча ќе биде голем испосник ѕа славата Божја.Во деновите кога мајкаму користела месо и вино,бебето не сисало..и тоа кога сисало само од десна страна,како што и прорекнал Светителот :тоа ке биде син на Десницата. Уште во рано детство, Симеон се украсува со строго испоснички живот.На 6 год. Возраст Симеон со помош на Св.Дух пронаоѓа манастир ,на 7 год.го замонашуваат кога го добива својот столп и му се јавува самиот Христос..Симеон бил даруван и од Светиот Дух кој го посетил неколку пати упатувајки го во нови подвизи и награди за Нив,окитувајки го Симеона со дар на исцелување. Подвижничкиот живот му беше исполнет со најстрог пост, љубов кон ближњите и чести јавувања на Господа Исуса Христа .По едно такво јавување на 22 год. возраст Симеон подига крст на камен на кој стоеа нозете Христови во видувањето. На тоа место наречено Дивна гора,Симеон подига манастир . Достигнувајки висок степен на монашко совршенство , чуда творел, предвидувал настани, беседел со Бога.Така тој го предвидел завземанјето на Антиохија од стр. на персијанците, го предвиде земјотресот во Антиохија.Лекувал од разни лошотии, воскреснувал мртви, и самиот спомен на името на Симеон ги ослободувало заробените Антиохијци.Тој измолил од Бога доволно храна и вода за неговиот манастир.Поминувајки 68 год. на столп- И часот на неговото заминување во Царство Небесно му беше од Бога јавено,за да се опрости од братството и да се придружи на Ангелите во радоста Божја во 596 год.
СПОМЕН НА СВ.МАЧЕНИК СЕРАПИОН, И СО НЕГО КАЛИНИК,ТЕОДОР И ФАУСТ
Св.маченик Серапион родум беше од Египет. Во време кога Св.Милетиј го минуваше своето мачеништво,тој дојде од Египет и кога го виде мачеништвото негово и на оние со него, поверува и он во Христос.Поради тоа беше уапсен и фрлен во темница,каде што Ангел Божји го постави за епископ поради поучување на оние кои поверуваа и сакаа да пострадаат за Христа.Тој ден,блиските на Милетиј, војниците и комитите се собраа сите и гласно изјавуваа дека и тие сите се Христијани.Тоа го разбесни управителот кој нареди на Серапион и магепсникот Калиник да им се одсечат главите. Теодор и Фауст со мн.други беа спалени а жените и децата беа искасапени со дрвени мачеви. Така овие Свети маченици си ги предадоа своите души во рацете Божји.
СПОМЕН НА СВ.МАЧЕНИК МЕЛЕТИЈ СТРАТИЛАТ И 1218 ВОЈНИЦИ СО НЕГО
Во време на владеење на римскиот цар Антонин, маченикот Мелетиј беше стратилат со порекло од Галатија.Тој со својата војска се бореше против демоните, рушеше незнабожечки храмови. Максимилијан –управител на градот нареди да го уапсат и да го принудат да се поклони и принесе дар на нивните идоли,ама Мелетиј не сакаше ни да слушне за тоа. Потоа го мачеа со железни чекани.На крајот го обесија на борово дрво,го заковаа на него со клинови и во тие маки ја испушти душата маченикот Мелетиј.Комитите Стефан и Јован и др. Војници кои беа со него,на жените и децата им ги одсекоа главите и така сите заедно ги предадоа душите свои во Царство небесно.
Спомен на Преподобниот отец Никита Столпник,Перејаславски Чудотворец
Роден во Перејаславу,во Владимирска губ. Во младоста живееше како бунтовник ,познат во крајот како разбојник,се додека 1 ден а по Божјата промисла не го слушна Господовото слово во кое повикува да се запазат Неговите заповеди.Тоа го исплаши Никита и веке следниот ден ново чудо го разбуди покајанието во него.Барајки спас за душата своја се упати во оближниот манастир на Св.Никита и тука по тридневно молење пред капијата на манастирот,го покажа на дело покајанието и желбата за спасение.Имено тој 3 дена седеше гол во бара пред манастирот ,и кога го извадиле монасите не можеле да го препознаат колку бил искасан од инсектите и комарците.Во манастирот се подвижувал тихувајки и во непрестојна молитва. До црквата си подигнал столп на кој непрестано стоел во молитва,а во црквата влегувал по ископан канал под зидит на црквата.За таквите надчовечни подвизи бил награден со видувања ама тој не им придавал значење туку уште повеке се утврдувал во подвизите.Како дар од Бога го добива и чудотворењето и лекувањето на најтешки болести. За лјубов кон лугето тоа не го прифакал како негово дело туку на Свевишниот.Својот живот овој свет отец го заврши , кога арамии посегнаа по 3 тешки вериги со кои светителот непрестајно си го измачуваше телото..Измачувајки го ,го убиваат телото несвесни дека душата негова си ја прибра Господ при себе. По Божја промисла подоцна тие 3 вериги ги открива монах Симеон како плутаат по Волга осветлени со 3 столпа светлина.Цасните вериги подоцна се пренесени на гробот на преподобниот и чинеа чуда и лекуваа сите што ке се допрат до нив.
ЕВАНГЕЛИЕ ЗА 06.06. 2 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
Еван.според Матеја
4.1 Тогаш Духот го одведе Исус во пустината за да биде искушуван од ѓаволот.
4.2 И откако постеше 40 дни и 40 ноки , најпосле огладне
4.3 А кога се приближи до него искушувачот му рече„Ако си син Божји заповедај овие камења да станат лебови„
4.4 A тој му одговори и рече:„ Напишано е човек не живее само од леб,туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.
4.5 Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на стреата од храмот
4.6 И Му рече :„ Ако си Син Божји,скокни долу,зашто напишано е :„На ангелите Свои ке им заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ке Те земат за да не Си ја сопнеш ногата од камен.„
4.7 А Исус му рече :„ Напишано е исто така-„Не искушувај го Господ,Твојот Бог.„
4.8. Потоа ѓаволот Го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот нивната слава
4.9. И му рече:„ Сето ова ке Ти го дадам ако паднеш и ми се полкониш,
4.10 Но ,Исус му рече : „Бегај од мене сатано,зашто е напишано: На Господ,Твојот Бог да му се поклонуваш и само Нему да му слушиш
4.11 Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и му служеа
4.12А кога Исус чи дека Јован е предаден,отиде во Галилеја 4.13 И кога го остави Назарет,дојде и се насели во Капернаум на морскиот брег во пределите Завулонови и Нефталимови
4.14 За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија кој вели:
4.15 Земјата Завулонова и земјата Нефталинова,на пат кон морето,отаде Јордан е незнабожечка Галилеја. 4.16 Народот што седеше во мрак виде голема светлина и на оние што седеа во пределот на смртната сенка,им изгреа светлина. 4.17 Одтогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се зашто се приближува Царството набесно.„
Подготви. Л.А.