логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Irina.od.Hrisovalantu

Светата Ирина била ќерка на богато семејство од Кападокија, и се родила во деветтиот век.

             По смртта на нејзиниот сопруг Теофил, царицата Теодора владеела со Византија како регент за својот млад син Михаил. Света Теодора (11 февруари) помогна да се порази иконоборската ерес, и да се вратат светите икони. Ние го одбележуваме овој Триумф на Православието во првата Недела на Великиот пост.

Кога Михаил беше на дванаесет години, света Теодора испрати амбасадори во целата империја да се најде соодветно доблесна и чиста девојка, за да биде негова жена. Света Ирина беше избрана, и таа се согласи на брак. Поминувајќи ја планината Олимп во Мала Азија, Ирина побара да се запре, за да може да добие благослов од свети Јоаникиј (4 Ноември), кој живеел на планината. На светителот, кој се покажувал само на многу достојни верници, го предвидел доаѓањето на света Ирина, а исто така и нејзиниот иден живот.

Irina.od.Hrisovalantu4

          Светиот подвижник ја поздравил и и рекол да продолжи кон Константинопол, каде што женскиот манастирот на Хрисоваланту има потреба од неа. Изненадена од неговата визија, Ирина паднала на земјата и побарала од свети Јоаникиј благослов. Благословувајќи ја и давајќи и духовен совет, тој ја испратич на нејзиниот пат.

Кога групата пристигнала во Цариград, роднините на Ирина ја пречекале со голема церемонија. Бидејќи “чекорите на еден човек се право наредени од Господа” (Пс. 37: 23), Бог наредил за Михаил да се ожени со друга девојка, пред неколку дена, така што Ирина би можела да биде слободна да стане невеста на Христа. Далеку од тоа да биде разочарана, Ирина се зарадувала на овој тек на настаните.

Irina.od.Hrisovalantu1

Сеќавајќи се на зборовите на свети Јоаникиј, Ирина го посетила манастирот на Хрисоваланту. Таа била толку восхитена од монахињите и нивниот начин на живот, што ги ослободила нејзините робови и го раздала нејзиното богатство на сиромасите. Таа ја разменила нејзината фина облека за проста облека на монахиња, и им служела на сестрите со големо смирение и послушание. Игуманијата, била импресионирана од начинот на кој Ирина ги врши повеќето здодевни и несакани задачи без приговор.

Света Ирина почесто ги читала житијата на Светите во нејзината келија, ги имитирала нивните доблести на најдоброто што можела. Таа често стоела во молитва цела ноќ со рацете подигнати, како Мојсеј на планината Синај (Исход 17:11-13). Света Ирина ги поминала следните неколку години во духовна борба победувајќи ги напади на демоните, и носејќи плодовите од Светиот Дух (Галатјаните 5:22-23).

Кога Игуманијата ја насетила близината на нејзината смрт, им рекла на другите монахињи дека не треба да прифатат никој друг, освен Ирина како нова Игуманија. На Ирина не и било кажано за упатствата на Игуманијата и кога таа починала, заедницата испратила претставници да одат и да бараат совет од Патријархот, Свети Методиј (14 Јуни). Тој ги прашал кого сакаат како свој претпоставен. Тие одговориле дека верувааат дека тој ќе биде воден од Светиот Дух. Без да знае за упатствата на покојната Игуманија до монахињите, тој прашал дали имаат смирена монахиња со име Ирина во нивниот манастир. Ако е така, рекол тој, неа треба да ја изберете. Монахињите се радувале и Му се заблагодариле на Бога. Свети Методиј ја издигнал Ирина во чин на Игуманија и ја советувал како да ги води тие кои се во нејзина одговорност.

Враќајќи се во манастирот, Ирина се молела Бог да и помогне да се грижи за оние кои се под неа, и го удвоила сопствениот духовен подвиг. Таа покажала голема мудрост во водењето на монахињите и добила многу откровенија од Бога, за да и помогне во извршувањето на нејзините должности. Таа, исто така, барала за дар на прозорливост, за да знае какви судови ги чекаат нејзините монахињи. Така, таа била во подобра позиција за да им даде соодветна помош. Таа никогаш не го користела ова знаење да ги засрами другите, туку само да ги поправи во нивните исповеди на начин со кој ќе им даде да знаат дека таа поседува одредени духовни дарови.

Irina.od.Hrisovalantu2

          Иако света Ирина извршила многу чуда за време на нејзиниот живот, да спомнеме само едно. На големите празници имала навика да бдее во манастирскиот двор под ѕвезденото небо. Еднаш, една монахиња, кој не можела да спие, излегла од келијата и отишла во дворот. Таму ја видела Игуманија Ирина како лебди неколку метри над земјата, целосно се обземена во молитва. Зашеметената монахиња, исто така, забележала дека два кипариса се имале наведнато со врвовите на земјата, како да оддаваат чест. Кога таа завршила со молитвата, Ирина ги благословила дрвјата и тие се вратиле во својата исправена положба.

Плашејќи се дека ова би можело да биде искушение од демоните, монахињата се вратила следната вечер за да види дали погрешила. Повторно ја видела Ирина како лебди додека се моли, и кипарисите поклонети надолу. Монахињата врзала марамчиња на врвовите на двете дрва пред тие да се вратат назад на своите места. Кога и другите сестри виделе марамчиња на врвот на дрва, тие започнале да се прашуваат кој ги ставил таму. Тогаш монахињата, која била сведок на овие чудни настани открила на другите за она што го видела. Кога света Ирина дознала дека монахињата биле сведок на чудото и раскажала на другите, многу се вознемирила. Таа предупредила да не кажуваат за тоа никому сѐ до нејзината смрт.

 Irina.od.Hrisovalantu6

                Света Ирина го одбележувала празникот на свети Василиј (1 јануари) со голема посветеност, бидејќи тој исто така доаѓал од Кападокија. Една година по одбележувањето на празникот, света Ирина слушнала глас во текот на ноќта кој и кажал да пречека некој морнар, кој ќе дојде на вратата следниот ден. И било кажано да се зарадува и да јаде од овошјето кое морнарот ќе и го донесе. За време на Утринската служба, морнар дошол на вратата и останал во црквата до крајот на Литургијата. Тој и рекол дека доаѓа од Патмос, каде што се качил на брод. Кога бродот запловил, тој забележал еден стар човек на брегот, како повикува по нив да застанат. И покрај добриот ветер, бродот ненадејно застанал. Тогаш старецот поминал по водата и влегол во бродот. Тој му дал на морнарот три јаболка, кои Бог му ги испраќал на патријархот “од Неговиот возљубен ученик Јован.” Потоа старецот му дал на морнарот уште три јаболка за Игуманијата на Хрисоваланту. Тој му рекол на морнарот дека ако Ирина јаде од јаболката, сѐ што нејзината душа посакува ќе биде дадено “зашто овој подарок доаѓа од Јован од Рајот.”

Света Ирина постела една недела, благодарејќи на Бога за овој прекрасен подарок. За време на четириесет дена, таа јадела мали парчиња од првото јаболко секој ден. Во тоа време,  таа не јадела, ниту пиела ништо друго. На Велики Четврток, таа им рекла на монахињите да ги примат Светите Тајни, и потоа им дала по еден дел од второто јаболко. Тие забележале необична сладост и чувствувале како нивните души биле хранети.

Ангел ја известил света Ирина дека ќе биде повикани при Господа еден ден по празникот на свети Пантелејмон. Празникот на манастирот паднал на 26 Јули, па света Ирина се подготвувала со постот една недела однапред. Таа земала само малку вода и помали парчиња од третото јаболко, испратено до неа од свети Јован. Целиот манастир бил исполнет со небесен мирис и сите несогласувања исчезнале.

На 28 Јули, света Ирина ги повикала сите монахињи заедно со цел да се збогува. Таа, исто така, им рекла да ја изберат сестра Марија како нејзин наследник, бидејќи таа ќе ги задржи на „тесниот пат што води кон животот“(Матеј 7:14). Откако го помолила Бога да го заштити нејзиното стадо од моќта на ѓаволот, се насмевнала кога ги видела ангелите кои биле испратени да земат нејзината душа. Потоа, таа ги затворила очите и ја предала душата на Бога.

Света Ирина имала повеќе од 101 година кога починала, но нејзиното лице изгледало младо и убаво. Голема толпа луѓе дошла на нејзиниот погреб и многу чуда се случиле на нејзиниот гроб.

Во некои парохии е вообичаено да се благословат јаболка на празникот на света Ирина од Хрисоваланту.

Irina.od.Hrisovalantu3

Извор:http://romaia.blog.mk/

Irina.od.Hrisovalantu5 

Верски календар 10 август/28 јули

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1442
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3651
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 8273
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2025 - понеделник

Св. апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Св. маченик Сава Готски; Св. маченички Василиса и Анастасија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 27 април/ 14 април  2025

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 27 април/ 14 април 2025

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная