логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


   Епископ  Велички Гаврил Светогорец

ЧУДО 55.
За воскреснувањето на еден клирик што направил прељуба и се удавил в река

Bogorodica.st.jpgБил некој клирик што имал голема почит кон Пресвета Богородица. Секој ден се молел и со големо умиление непрестајно го читал Нејзиниот акатист, но, како човек со тело, паднал бедниот во блуден грев. Еднаш отишол тој при една своја пријателка да ја задоволи својата страст и кога се враќал, минувал по еден мост и ја говорел во умот молитвата на Пресвета Богородица. Во тој момент, дали случајно или под дејство на ѓаволот, мостот се урнал и клирикот се удавил во реката. Тогаш ѓаволите му ја зеле душата за да ја однесат во вечната мака. Но многумилостивата Владичица веднаш се нашла таму и заповедала да ја однесат при праведниот Судија, Тој да и суди. Тие ја послушале, ја однесле душата при Судијата и кога Му ги покажале гревовите што ги направил клирикот, а посебно неговиот грев блудството, Му рекле: „Ти си праведен Судија и не треба да ја помилуваш таа душа, затоа што умре во смртниот свој грев". Но на тоа премилостивата Богородица одговорила: „Во Писмото стои дека во каква состојба ќе се најде така ќе му се суди. Во моментот пред смртта овој човек читаше молитва и ме повикуваше на помош, изразувајќи ангелско целивање, според својот обичај, поради тоа вие немате дел во оваа душа, таа е моја". Тогаш Судијата заповедал на еден ангел да го донесе јазикот на клирикот и тој веднаш отишол во реката, го извадил јазикот на умрениот, го донесол - и сите виделе дека на јазикот било напишано: „Богородице дево, радуј сја, Благодатнаја Марие!" Тогаш Господ и рекол на душата: „Врати се во телото за да се покаеш. Ѓаволот нема власт над тебе поради твојата почит кон Мајка Ми, Која е спасение на човечкиот род и треба да ја почитувате колку што можете. Проповедај дека Нејзината смелост кон Мене е голема, како и за победата и силата што ја има над ѓаволите". И така клирикот се избавил од смртта. Ангелот му го извадил телото од дното на реката и го оживеал. Потоа тој се одрекол од овој свет и од телесните наслади, па отишол во еден манастир и се покајал пред Бога и Богомајката.

ЧУДО 56.
За еден војник, разбојник, кој секој ден и се молел на св. Богородица, та затоа ѓаволот не успеал да го убие

Помеѓу другите чуда на Пресвета Богородица, душеполезно е и ова, драг читателе, што се предлага заради оние што негрижливо се однесуваат кон својот долг од мрзливост, та да се чуваат и да бегаат од мрзливоста како од смртоносен отров зашто човекот, во каков и грев да падне, не треба да го изостава правилото и молитвите, а не како некои безумни што мислат погрешно и велат дека не било добро да се молиме многу за да не Го разгневиме повеќе Бога!?... Какво слепило! Какво безумство! Кога правиш грев и беззаконие, не се плашиш од Бога, ниту се срамиш, а да читаш утрена, часови и други молитви се срамиш? Тоа не е страв Божји, а очајание од безумство. Должен си, впрочем, да стоиш пред светите икони или да се обрнеш кон исток и да се молиш на Пресвета Богородица со страв и трепет колку што можеш повеќе, сознавајќи го величието Божјо и своето недостоинство; да плачеш, да си ги окајуваш гревовите и да се молиш на Пресвета Богородица да ти помогне да се спасиш. Слушај еден пример.

Имало некој војник, кој бил многу смел и силен. Живеел со својата дружина покрај царскиот пат, па ги напаѓал и ги ограбувал сите што минувале оттаму. Меѓутоа, имал еден добар обичај: секој ден и се молел на Пресвета Богородица да го чува и ја читал молитвата: „Богородице Дево, радуј се". Се случило еднаш оттаму да помине еден прозорлив свештеник, кого го фатиле и му зеле се што имал. Тој ги молел да го одведат при старешината за да му каже нешто и го одвеле. Кога стигнал таму, старецот му рекол да ја собере сета дружина. Кога се собрале, старецот му рекол дека недостига уште еден од нив. И навистина, разгледувале и виделе дека го нема помошникот на старешината. Тогаш отишле, го нашле и му рекле дека старешината го вика. Но, бидејќи тој не сакал да дојде, тие го одвеле сосила. Кога тој го видел духовникот, почнал да се враќа и не сакал да се доближи. Духовникот му рекол: „Те заколнувам во живиот Бог, кажи ми што сакаш да му направиш на својот господар?" Тогаш овој рекол: „Јас не сум човек, но ѓавол, испратен од сатаната да внимавам овој човек макар само еден ден да не се помоли па Мајката Божја, па да го убијам и да му ја однесам душата во вечната мака заради неговите гревови. Еве веќе 14 години како му слугувам и се трудев да го најдам некогаш без молитва, но не можев; тој секој ден со умиление се моли на Пресвета Богородица, па Нејзината сила не ми дозволува да го убијам". На тоа духовникот му рекол: „Ти заповедувам во името на Господа Исуса Христа да се изгубиш оттука и никогаш да не правиш зло на оние што ја почитуваат Пресвета Богородица". Штом тоа го рекол духовникот, ѓаволот се изгубил, а разбојникот паднал при нозете на духовникот, му благодарил, си ги исповедал гревовите пред сите и отишол во еден манастир, каде проживеал богоугодно и се удостоил да отиде во царството небесно.

Гледате ли, браќа, колкава сила има молитвата, а посебно помошта на Пресвета Богородица... Со нејзините молитви и ние да се удостоиме за вечното блаженство. Амин.

ЧУДО 57.
Bogorodica.st1.jpgЗа некоја сиромашна вдовица чија душа по смртта ја примила Мајката Божја, а и за богатиот, на кого при смртта му се јавиле бесови

Во една епархија имало еден свештеник, кого во исто време го повикале да причести една бедна жена и еден богат човек. Свештеникот не и обрнал внимание на жената затоа што била вдовица и сиромашна, а отишол при богатиот, го причестил и го утешувал, надевајќи се дека ќе му остави некое ветување. По малку, пак дошле да го викаат свештеникот да ја причести и вдовицата зашто била пред умирање. Но тој горделив и среброљубив, не отишол. То-гаш неговиот ѓакон, кој бил добродетелен, кога видел дека овој не сака да отиде, го замолил да му одобри тој да ја причести за да не умре непричестена. Свештеникот му одобрил и тој отишол со светите тајни при вдовицата, која материјално била многу сиромашна, а богата со душевни добрини и ја нашол како лежи на една рогозина, без да има кој да и прислужува. Меѓутоа, Помошничката на сиромасите, пресвета Богородица, не ја оставила, но дошла при неа во друштво на девојки, од кои едни и ја бришеле потта, а други мафтале над неа со рипиди и ја разладувале. Кога тоа го видел ѓаконот, се зачудил, а Владичицата им се пок-лонила на светите тајни, потоа и другите се поклониле, па му рекле на ѓаконот да ја причести болната. Кога ја приче-стил, тие и ја зеле душата и ја однесле во рајот.

По ова, ѓаконот отишол при богатиот и видел како постелата му ја обиколиле црни кучиња, што никој не ги гледал, освен богатиот; викал да ги испадат за да не му додеваат; потоа видел еден Арап како во устата му ставил јадица и му ја истргал душата. Од ова многу се уплашил ѓаконот и паднал на земјата. Тогаш дошла при него пресвета Богородица и му рекла: „Не бој се, мој љубезен слуго, за тебе е приготвено царството небесно и не можат да ти се противат ѓаволите. Само чувај ги заповедитс на Мојот Син додека отидеш во небесниот рај, бесконечно да се радуваш со сите светии". Кога го чул тоа, ѓаконот отишол, га го раздал целиот свој имот на сиромаси и сам станал сиромав заради Бога, Кому прилега слава во веки. Амин.

ЧУДО 58.
За еден што света Богородица го излекувала од раните добиени поради мало хулење на Бога

Имало некој човек материјално многу сиромав, а со душевни добрини богат. Еднаш тој, одејќи по патот, си ја удрил ногата од еден камен и поради тоа толку многу се разлутил што на каменот му рекол: ,,Самиот ѓавол те донесол овде, а не човек!" Штом го изговорил тоа, Бог веднаш го казнил со чудна казна (како што ги казнува добродетелните луѓе на овој свет за да не им се повреди душата). Му се сторило како некој да му истурил врела вода врз главата и толку го заболело што ослепел и не можел да се подигне, па други го подигнале и го однесле дома. Таму тој долго време лежел и целото тело му се покрило со рани, од кои течеле големи нечистотии, па никој не се доближувал до него, освен домашните. Меѓутоа, и покрај тие болки, тој не си дозволил да негодува против Бога, но велел дека Бог ги накажувал оние што ги љуби. Постел, малку спиел и се молел за оние што го надгледувале. Бог го видел неговото трпение, па решил да го излекува. Прку ноќта, спроти Воскресение Христово, домашните отишле в црква, а тој останал сам во домот. Кога го чул клепањето за радосното Воскресение, ја наведнал главата и почнал да Му се моли на Бога. Молејќи се така, видел една благолепна жена, која, всушност, била света Богородица и која му рекла: „Поради твоите добрини и големото трпение, Бог те послуша и те помилува. Кажи им на твоите домашни да те однесат во црквата на света Богородица и да те остават пред нејзината икона да се молиш и ќе добиеш помош од Бога". Кога го направил она што му рекла пресвета Богородица, болниот наполно оздравел, си отишол дома радосен, им благодарел на Бога и на Мајката Божја.

ЧУДО 59.
За еден лепрозен што се излекувал и отишол во манастир

Некој добродетелен монах, по име Адам, живеел мнрно во еден манастир и никому не му правел зло. Тој имал голема љубов кон законот Божји и кон другите божествени книги, па кога читал сам или кога друг брат читал чуда или пофалби на света Богородица, толку се насладувал што многупати останувал без јадење, само да слуша поуки. Живеејќи така, се разболел и дошол до умирање. Тогаш еден брат го молел да му каже на кој начин се удостоил со таков Божји дар, а тој му одговорил: „Кога бев де-те и одев во училиште, имав на главата красти, од кои течеше смрдлив гној, така што не можеше да се трпи, па затоа многу тагував; многу потрошија моите родители по доктори и лекови, но ништо не ми помогна. Мегутоа, одејќи во училиште, поминував покрај една црква, посветена на света Богородица, во која секојпат се молев со вера и никогаш не пропуштав бдение. Една ноќ ми се стори дека клепаат за утринска служба Божја, па станав и отидов во таа црква, но ја најдов затворена. Па кога стоев пред неа и Му се молев на Бога, вратата се отвори сама и внатре видов голема светлина како многубројни свеќи да гореа. Јас влегов зачуден и видов седум светли девојки, од кои едната, која седбше на престолот, беше посветла и ми рече: „Зошто, чедо, не сакаш да си ја излекуваш главата од тие рани?" Јас и реков: „Сакам Пресветла, како и сите мои роднини што сакаат да ме излекуваат, но не можат". Потоа ми рече: „Ме познаваш ли?" - „Не Те познавам, Пресветла", и одговорив. „Јас сум Мајката на Исуса, ми рече таа, па знаејќи дека имаш обичај да доаѓаш тука и да се молиш, дојдов да те излекувам". Кога го рече тоа, ми даде знак со рака да се доближам до Неа и кога си ја стави пречистата рака на мојата глава, рече: „Во имја Отца и Сина и Свјатаго Духа да биде здрава таа глава и да не се разболува до смрт затоа што имала голема почит кон Мене". Потоа стана невидлива. „Јас оздравев, дојдов во манастир и сега со радост си одам од овој свет". Тоа го рекол богомудриот и починал во Господа.

ЧУДО 60.
За детето што не изгорело во огнот

Имало една благочестива жена, која била сиромашна со пари, но богата со добродетели и полна со љубов кон пресвета Богородица.
Еден ден таа сакала да оди на нива и да му однесе леб на мажа и. Бидејќи имала дете годиначе, а немала кому да го остави, се помолила на Мајката Божја и и рекла: „Владичице моја! Под Твоја закрила го оставам своето чедо, зашто немам друг освен Тебе. Ти си Мајка на сиромасите". Тоа го рекла со силна вера и отишла на нивата. Во меѓувреме една од соседните куќи почнала да гори, а од неа се запалила и нивната куќа. Кога чула жената за ова, заедно со маж и притрчале, исплашени за детето. Кога дошле, домот го нашле во ѕидини што стрчеле од пепелта. Тогаш жената, мислејќи дека детето и изгорело, горко заплакала и рекла: „О Владичице! Јас со вера ти го предадов детето, зошто не си го чувала? Ти си мајка милостива, не оставај го да загине". Говорејќи така, со плачење жената го барала детето во жарта и, кога го нашле живо, многу се зачудиле, бидејќи се друго било изгорено. Сите што чуле и го виделе ова чудо, Ги прославиле Бога и пресвета Богородица. По нејзините молитви Господ и нас да не спаси. Амин.

ЧУДО 61.
Bogorodica.Hristos.angel.jpgЗа прогледувањето на еден слеп

Имало некој благочестив и добродетелен човек, по име Дидим, кој од своето раѓање бил слеп, но имал голема љубов кон црквата, па не пропуштал ниедна Божја служба. Тој бил надарен со Божја благодат, често се препирал со неверните Евреи и секогаш ги победувал. Еден ден кога се препирал за пофалбата на Мајката Божја, Евреите посрамени, не можеле да му одговорат, па почнале да го укоруваат и да му се смејат, велејќи му: „Не ти е ли срам, слепче и безумниче, да и слугуваш на онаа што не може да те излекува? Ако е таа вистинска Богородица, ќе те излекува од тоа слепило штом имаш таква љубов кон Неа." Тогаш старецот им рекол: „По некој ден ќе ви дадам одговор за тоа". Потоа тој почнал да дава милостина на сиромасите и со пост и со усрдност се молел три дни и три ноќи на Семилостивиот Бог и на света Богородица да го просветат, та да се посрамат неверните и нечесните Евреи.

По ова, слепиот ги собрал сите еретици и Евреи во еден голем храм, каде што имало и многу христијани, па застанал пред иконата на Света Богородица и почнал со висок глас да говори за да го чујат сите, Рекол: „Владичице и Госпоѓо на сите твари, приснодево Богородице, како што си се удостоила да Го родиш нетрулежниот Бог, Кој направил безброј чуда на земјата, а по Себе Те поставил и Тебе да правиш чуда, направи и за мене со својата чудотворна моќ да прогледам, но не заради моја утеха, бидејќи како што сум трпел досега ќе трпам и отсега, туку за уверување  на овие што се тука - дека навистина си Го родила Синот Божји неискажливо, та да ја познаат вистинската вера и да го проповедаат твоето величие". Откако го изговорил тоа со чиста вера, тој прогледал, а сите присутни Го прославиле Бога, Кој прави прекрасни чуда со света Богородица и многу еретици поверувале во Христа. И така, овој ги просветил оние што биле слепи поради неверување во Христа, потоа поживеал малку и се преселил во вечниот живот.

ЧУДО 62.
За некој човек што бил избавен од морето

Епископот Викентиј пишува во книгата „Огледало на историјата" за некои поклоници што патувале по море за Ерусалим, па им се разбила гемијата и се наполнила со вода и не можеле да ја исцрпат. Тогаш гемиџиите виделе дека гемијата ќе потоне, па спуштиле еден чамец во морето и влегле во него заедно со еден епископ и некои богати, а еден, од брзање да влезе во чамецот, паднал во морсто и се удавил. Кога веќе се наполнил чамецот, владиката им рекол на оние што останале во гемијата: „Простете ни, браќа, што не можеме да ви помогнеме, но исповедувајте се еден на друг, за да ви ги прости Господ гревовите". Откако се опростиле помеѓу себе, гемијата потонала и сите се издавиле. А владиката и тие што биле со него плачеле и Му се молеле на Бога да им ги спаси душите. Потоа виделе како од морето се појавиле гулаби што летале кон небото и познале дека тоа се душите на оние кои се удавиле во морето; тие се радувале и жалеле што и сами не умреле со нив. Кога излегле на суво, неочекувано го виделе нивниот другар кој беше паднал во морето при напуштањето на гемијата. Многу се зачудиле и го прашале како излегол од морето. А тој им рекол: „Кога паднав во водата, се молев на Богомајката да ми помогне и да ме избави. Се молев со топла вера, без сомневање и во тој час крај мене се најде брзата Помошничка и ме изнесе на брегот". Кога го чуле тоа, сите Ги прославиле Бога и пресвета Богородица.

ЧУДО 63.
За чудното избавување на некои од морските бранови

Епископот Викентиј, во истата книга, пишува и за еден игумен што патувал по море заедно со неколку браќа, па се кренала голема бура и сите се уплашиле и почнале да се молат за помош, едни на свети Никола, други на свети Андреј и на други светители; секој кон кого имал љубов. Тогаш игуменот, кога видел дека никој не се моли на семоќната Небесна Царица, Која владее на небото, на земјата и на морето, им рекол: „Што правите, браќа? Зошто ги повикувате слугите, а ја заборавивте Царицата, која има сила повеќе од сите светии?" Кога го чуле тоа браќата, почнале да и се молат на Богомајката. Исто така и игуменот, кој бил болен и три дена не вкусил ништо, одвај станал, ја зел иконата на Мајката Божја и рекол: „Велико имја Свјатаја Троице, Пресвјатаја Богородице, помогни нам!"13 Кога го рекол тоа, виделе на врвот од гемијата голем светилник со многу светлост, од која се осветлила целата гемија и морето стивнало. Потоа сите здрави и живи стигнале во пристаништето каде што патувале, во слава на Бога и на света Богородица.
________________
13. „Големо е името на Света Троица. Пресвета Богородице, помагај ни."

(Продолжува)

 


 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная