логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Епископ  Велички Гаврил Светогорец

 

ЧУДО 21.
За Великата Атонска Лавра и за
чудесната вода на преподобниот Атанасиј

Bogorodica.v.Dimit.jpgКога свети Атанасиј ја градел „Великата Лавра" во 961 година, света Богородица била економ (како што е и денес). А тоа било вака.
Свети Атанасиј откако ги потрошил сите средства и не можел да го заврши манстирот, тргнал за Кареја да бара помош од богатите и да праша што да прави. По два часа пат, видел една пресветла жена, која го прашала: „Каде одиш, Атанасиј?" А тој се зачудил и рекол: „Која си ти што ме прашуваш?" - „Јас сум Мајката Божја", рекла света Богородица. „Прости ми, Владичице, рекол свети Атанасиј, но не верувам додека не видам некој знак затоа што има многу ѓаволски стапици". А таа му рекла: „Удри крстообразно со бастунот на каменот пред тебе и во името на Светата Троица и со благодатта на Оној што Сум Го родила ќе излезе вода". Тоа го направил свети Атанасиј и во тој час од каменот потекла чиста вода. Тогаш преподобниот паднал на земјата, се поклонил и барал прошка. Владичицата го прашала каде оди, а тој откако и одговорил, таа му рекла: „Оди во манастирот и ќе ги најдеш амбарите полни со жито и садовите со масло и вино, и се што ти е потребно понатаму, по благодатта на Мојот Син, ќе го имаш додека се заврши манастирот. И немојте да назначувате економ, затоа што Јас ќе се грижам за вашите потреби, а вие мирно да живеете и да се молите". Тоа го рекла и станала невидлива. Свети Атанасиј се вратил во манастирот и нашол се како што му рекла Владичицата. Слава Му на нашиот Бог во сите векови. Амин.

ЧУДО 22.
За Иверскиот манастир на Атон и
за Богородичната икона „Портаиса"

За време на цар Константин, кога христијанството почнало слободно да се шири, а идолските храмови да пропаѓаат, почнало градењето на манастири. Во тоа време имало еден добродетелен човек по име Петар, кој сакал да најде некое тивко место за да го напушти светскиот живот и да живее богоугодно. Затоа Му се молел на Бога да му открие такво место и на сон Ја видел пресвета Богородица, која му рекла: „Петре! Во Атонската Гора е твоето место, кое Сум го испросила од Мојот Син за мое наследство за да најдат засолниште оние што сакаат да се оддалечат од светските грижи. Јас сум го засакала тоа место и за кратко време ќе се наполни со монаси од сите страни и милоста на Мојот Син и мојата помош нема да отстапи од нив, но ќе ги закрилува и ќе ги чува и јас ќе Му се молам на мојот Син за нивното спасение". Кога се разбудил блажениот Петар, Им благодарил на Бога и на пресвета Дева Марија, па отишол во Света Гора Атонска, каде што херојски се подвизувал, се борел против ѓаволот и со молитвите на света Богородица се удостоил да има многубројни виденија и ангелски откровенија, та отпосле станал голем чудотворец и починал во Господа.

По неколку години, дошол и преподобен Атанасиј, кој ја основал „Великата Лавра". Во тоа време живеел и преподобниот отец Јован, родум од Ивер, од царско потекло. Тој имал големо богатство, но ја оставил славата и богатството, па отишол во еден манастир, каде што ја оставил раскошната облека и се облекол во сиромашка облека. А кога чул за Света Гора и за преподобниот Атанасиј, отишол кај него со желба заедно да се подвизуваат. По малку време, чул дека син му Ефтимиј дошол во Цариград, па отишол да го бара. И кога го нашол, отишле заедно при преподобниот Атанасиј и се собрале тројцата. Таму тие научиле од него секаква мудрост и блажен Ефтимиј станал втор Златоуст за Иверците. Тој превел многу книги од грчки на иверски јазик. Потоа дошол и се замонашил и Тернихеј, кој порано бил иверски војвода и се одликувал со големо херојство во борбите против непријателите, па извојувал и големи победи.


Во тоа време кога безбожниците разбрале за смртта на цар Роман, тргнале кон Цариград под водство на некој Силијар, кој опустошил голем број села и градови во Анадолија и немало кој да му се спротивстави, зашто синовите на царот биле уште малолетни. Царицата кога чула дека идат варвари, многу се уплашила и не знаела што да прави. Но кога се сетила за Тернихеј, рекла: „Ако не дојде иверскиот војвода, ние немаме друга надеж". Испратила писмо до свети Атанасиј и на Јована да ги моли да го ослободат Тернихеј. Тој не сакал да отиде, но светите отци го убедиле и отишол во Цариград. Царицата кога го видела, многу се израдувала, му ги покажала царските деца и рекла: „На твојата душа се, чесен оче, овие сирачиња". Тогаш Тернихиј застанал на чело на војската и ги пресретнал Персијанците, им нанесол страшен пораз и ги отфрлил далеку, па со голем триумф се вратил при царицата, која го пречекала со сета дворска свита, му укажале најголема почит, му нудела и многу злато, но тој одбил да земе, и и рекол: „Јас, царице, заради Бога оставив се, па сега ли да прибирам туѓо? Но, ако благоволи твојата држава, направи еден манастир во Света Гора како дар на мојот иверски народ како засолниште во нивното странствување". Царицата со радост ја примила неговата молба и испратила свои луѓе со многу злато, заповедувајќи им што поскоро да подигнат голем и убав манастир. Потоа му дала во негов посед земја, ниви, села и метоси за вечен спомен. Но да оставиме за светиот манастир, а да речеме нешто за иконата „Портаиса".

За времето на цар Теофил имало големо гонење на светите икони. Тој нечистив цар голем број православни верници прогонил и различно ги мачел. Заповедал да ги исфрлат иконите од сите цркви и испратил војници насекаде да бараат икони и да ги горат. Војниците, одејќи по ред, дошле и во Никејската област. Таму имало една богата и добродетелна жена, вдовица, која имала само еден син и подигнала црква во својот дом за да се моли во неа. Во таа црква имало една икона на света Богородица, која жената многу ја сакала и ја почитувала. Војниците, барајќи секаде, дошле и при таа богољубива жена. Но кога ја виделе пред прозорецот во црквата споменатата икона, многу се зарадувале, бидејќи се надевале дека ќе земат многу пари, па и рекле на жената: „Или дај ни пари или, според царската заповед, ќе те убиеме и иконата ќе ја изгориме". Но жената смирено им одговорила; „Утре ќе ви дадам достатно пари, зашто сега немам при себе". Тоа кога го чуле војниците, си отишле. Преку ноќта жената отишла со сина си в црква и таму паднале на колена, подигнале раце и очи кон небото и со солзи се молеле долго време. Потоа со голем страв и почит ја зеле светата икона и ја однесле на морскиот брег, каде што пак се помолиле и жената рекла: „Владичице моја, Богородице! Бидејќи имаш сила и моќ, како Божја Мајка, избави не од гневот на тој беззаконен цар и твојата света икона од водата". Го рекла тоа и ја фрлила иконата во морето. И какво чудо! Иконата не пропаднала во водата, туку останала над вода и тргнала кон запад. Кога го видела жената тоа чудо, Го пофалила Бога и пресвета Богородица и му говорела со солзи на синот: „Пресладок мој сине, сега ќе се види нашето благочестие кон Бога и стравопочитување кон иконата. Јас сум, чедо, слаба жена и не можам да бегам далеку. Ако ме фатат војниците, готова сум да страдам и да умрам за љубовта кон света Богородица. А ти влези во чамецот да не ти напакостат војниците". Тоа го рекла и се разделиле со плачење. Момчето отишло во Солун, а оттаму во Света Гора во иверскиот манастир, каде што се замонашило и живеело богоугодно до крајот на својот живот.

Била Божја волја момчето да дојде во тој манастир и да раскажува за се. Тој кажувал за иконата, како ја фрлиле во морето, како стоела право итн. Таа света икона долго време стоела на тајно место што го знаел само Бог.

По извесно време, во иверскиот манастир кога престојувале некои свети старци и кога зборувале за душевното спасение, наеднаш виделе огнен пламен во морето како столб што се издигал дури до небото. Кога го виделе тоа, почнале да викаат: „Господи помилуј!" Потоа се собрале сите браќа и со чудење гледале, но не можеле да ја разберат причината. И така столбот огнен светел многу дни и ноќи, што се гледало и од други манастири и скитови, па се собрале во Ивер да го видат тоа чудо. Кога отишле на брегот од морето, ја виделе над водата иконата на Бого-мајката. И колку тие со чамец се приближувале кон неа, толку повеќе таа се оддалечувала од нив. Тогаш игуменот на иверскиот манастир рекол да се соберат сите в црква и да се молат на Бога со солзи да ги удостои да ја примат таа света икона. И Бог не ги лишил од таа желба. Во близината имало еден монах по име Гаврил, кој бил родум од Ивер. Тој живеел мошне строго: бил испосник и богомолец, живеел во планината, а зиме слегувал долу. Се хранел со овошје и корења; облеката му била стара и искината; се однесувал скромно и просто како сите слични нему. Тој навистина бил земен ангел. Еднаш кога се молел на Бога, задремал и ја видел Света Богородица како светела со голема слава и му рекла: „Оди во манастирот и кажи им на настојателите дека ќе им ја дадам Мојата икона да им биде покровителка и помошничка. А ти влези во морето и оди без страв по водата, за да ја разберат сите љубовта што ја имам кон вашиот манастир, заради кој сум дошла овде да ви бидам помошничка". Тоа го рекла и станала невидлива. Тогаш блажениот старец отишол во манастирот и им кажал на настојателите, кои биле собрани во црквата. Запалиле свеќи и излегле со литија до морето. А Гаврил влегол во водата и одел како по суво. Кога дошол до светата икона, ја зел со радост и ја однесол во црквата, каде што устроија тридневен празник и останаа три дена и три ноќи на бдение, славејќи Го Бога и света Богородица. Отпосле на брегот подигнале мала црква за спомен. Иконата ја оставиле во Светиот олтар, но утредента клисарот кога отишол во црквата не ја нашол. И кога ја побарале, ја нашле на манастирската врата, од каде што ја зеле и пак ја ставиле на првото место. Но повторно ја нашле надвор. Тоа многупати се повторувало. Се збуниле браќата. Не знаеле што да прават. А Света Богородица му се јавила на старецот Гаврил и му рекла: „Оди и кажи им во манастирот да не ме вознемируваат зашто Јас не Сум дошла да ме чуваат, туку јас да ви бидам стража и чуварка, но не само овде, туку и на оној свет и на сите што живеат на таа Гора богоугодно и добродетелно; додека е мојата икона во манастирот, нема да оскудевате од благодатта и милоста на Мојот Син". Кога го чул ова богоносниот Гаврил, отишол во манастирот и му го кажал тоа на игуменот. Тој ги собрал браќата, им кажал за ова и направиле црква на манастирската врата во името на пресвета Богородица Портаиса, а вратата ја преместиле на друго место, како што може да се виде и денес како вистинско сведоштво. Оттогаш таму стануваат безброј чуда: болни се лекуваат, слепи прогледуваат, сакати проодуваат и болни од секакви болести наоѓаат лек. Од тие многубројни чуда да спомнеме макар едно за уверување на другите.

По некое време, безбожните Персијци собрале силна војска, па по море и по суво тргнале против Цариград. Нивниот командант Амир, кога разбрал дека во Атонската Гора има многу манастири, зел со себе 15000 војници и дошле под самиот манастир „Ивер" и го заобиколиле како диви ѕверови. Монасите кога виделе многубројни варвари и нивното непрестајно напаѓање, отишле во црквата и ја зеле иконата, заедно со другите скапоцености, па ги однесле и ги скриле во кулата, каде што им било скривалиштето, па и самите се сокриле таму. А варварите откако не нашле од каде да влезат, ставиле скала и влегле во манастирот, па го ограбиле. Потоа сакале да ја разурнат и црквата, но не можеле. Гледајќи го тоа монасите, плачеле и изговарале пророчки зборови: „Востани Господи, что спиши: Боже, приидоша јазичници в достојание Твое, оскверниша храм Твој светиј". А на света Богородица и говореа: „О Владичице! Такво ли е твоето ветување? Нели вети дека ќе ни бидеш стража, а сега не предаде во рацете на варварите! Но ти се молиме, ако сме згрешиле, не оставај не до крај, да не речат непријателите: каде е вашиот Бог да ве послуша?" Така говореа, но тогаш не ги послуша света Богородица, а ги предаде на непријателите. Меѓутоа, кој може да ги искаже нејзините чуда? Кога се смрачи, се крена голема бура во морето и ги потопи сите нивни бродови, а остана само еден, во кој се наоѓаше командантот Амир за да го разбере своето безумство и силата Божја. Монасите утредента, мошне зачудени, гледале покрај брегот искршени кораби и трупови на варварите. Тогаш Амир, гледајќи ја несреќата што го снашла, почнал да се удира по градите и да си ја кубе косата. Отишол при монасите и смирено им рекол „Молете се, служители Божји, да не загинам и јас". Им дал доста злато и рекол да соѕидаат високи ѕидови за да не може никој друг да им направи зло. Потоа монасите со тие средства подигнале високи ѕидови околу манастирот, кои стојат и денес. Не само тогаш, туку и многупати света Богородица го бранела овој манастир.
Еднаш кога биле во голема оскудица, света Богородица на сон му се јавила на игуменот и му рекла: „Зошто тажиш, чедо? Оди и ќе ги најдеш амбарите полни со се, па ќе ја видиш Мојата грижа за вас". Тој отишол и ги нашол амбарите полни и им раскажал на браќата за се, па Му благодариле на Бога и на пресвета Богородица. И многу други чуда правела, како и денес што прави. А најмногу заради Својата икона, која непрестајно го чува манастирот „Ивер"; тој е најбогат од сите светогорски манастири и во него многу патници и сиромаси се наситуваат. Манастирот трипати во годината има храмов празник. 1. Успение на Пресвета Богородица, 2. Богојавление и 3. Светол вторник (трет ден Велигден).
Подај им, Мајко Божја, мир и здравје на твоите раби и на сите православни христијани, просвети им го умот и срдечните очи да го видат патот на спасението. Удостој не и нас грешните да отидеме во Царството на Твојот Син, Христос и Бог наш, зашто државата Му е благословена и преблагословена од Безначалниот Отец и Светиот Благ и Животворен Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

 

lit.sv.dimitrija8.jpgЧУДО 23.
За оној што се одрекол од Христа со писмо

 

Во Италија имало некој богат човек, по име Агапиј, кој го потрошил целиот свој имот, водејќи грешен и блуден живот, па толку осиромашил што веќе дошло дотаму да се откаже од Бога. Се проколнувал себеси и отишол да бара некој маѓосник за да го праша дали може ѓаволот да го направи богат. Одејќи да бара маѓосник, го сретнал ѓаволот, во вид на војник и му рекол: „Јас сум тој кого го бараш ти. Ако сакаш со твојата крв да напишеш дека се одрекуваш од Христа и стануваш мој, ќе ти дадам што и да посакаш". А тој бедник, сакајќи да живее како порано, се одрекол писмено од Христа; потоа ѓаволот го обогатил и му дал се што посакал. Станал негов слуга и одел заедно со него.

Минувајќи еднаш покрај една црква, ја видел иконата на света Богородица. Помислил во себе какво големо зло направил и воздивнал од срце. Ѓаволот, знаејќи зошто воздивнува, толку многу го тепал што одвај останал жив, па му рекол: „Внимавај добро повеќе да не гледаш во иконата на света Богородица зашто таа многу зло ми направила и многумина ми ги одзела од раце. Ако не ме слушаш, ќе те усмртам со лута смрт: ќе го изгубиш овој убав живот и душата ќе ти ја однесам во вечна мака". Кога го чул тоа бедниот, многу се нажалил дека душата ќе му отиде во вечна мака, па размислувал како да се ослободи од ова ропство. Најпосле се сетил на зборовите од ѓаволот и си рекол: „Мајката Божја, ако многу души одзела од неговите раце, таа и мене може да ми помогне затоа што е Мајка на Семилостивиот Бог". Ѓаволот, не знаејќи што мисли тој, го повел покрај друга црква да виде дали пак ќе се обрне кон неа. Овој кога ја видел црквата отворена, се затрчал и влегол во неа, паднал пред иконата Богородичина, се биел во градите, воздивнувал од срце и со солзи се молел: „Владичице на целиот свет! Помогни ми и избави ме од рацете на ѓаволот; Ти многу можеш, Сецарице, помилуј ме и мене крајно окајаниот!"

Така се молел многу време со големо самоосудување и плачење. Гаволот, стоејќи пред црквата, правел голема врева и викал: „Јас доаѓам кон тебе, о неверниче, но Марија не ме пушта! Писмото што ми го даде ќе го чувам и ќе го покажам на страшниот суд, за да се виде дека ти своеволно си се одрекол од Христа". Тоа го рекол и станал невидлив, а Агапиј се молел со солзи за да му се опрости. Од многу труд и плачење умот му се занел и чул како Света Богородица му говори: „Чедо, ти си се одрекол од Мојот Син, зошто си влегол во Мојата црква и што бараш овде?"
А тој со големо смирение одговорил: ,,О пресвета Владичице, Мајко милостива! Нели за грешните пострадал Твојот Син? Јас знам дека сум голем беззаконик, но блудницата, блудниот син и други грешници кои те немале тебе за помошница, откако се покајале, Твојот Син им опростил; моли Го и мене да ме помилува и да ме прими, о Владичице! Ти можеш да бараш од Твојот Син што сакаш". Тогаш Света Богородица му рекла: „Затоа што се каеш од се срце, те примам. Но да не се покажеш неблагодарен кон таа голема благодат, туку да принесеш добри плодови од твоето покајание". Тогаш тој со благодарност одговорил: „И за друг дар те молам, о Владичице: да ми се врати писмото што ми го зеде ѓаволот!" А таа му рекла: „Во слава на Мојот Син, да ти биде и тоа". Тогаш се чул глас и фучење во воздухот и ѓаволот проговорил: „Ако си Мајка на правдата, не прави така, о Владичице! Не земај го овој што се запишал со својата крв". Света Богородица му рекла: „Врагу вистински, секогаш лажеш, но сега право говориш дека сум Мајка на правдата. Затоа сакам да донесам праведен суд и да го избавам од твоите раце созданисто на Мојот Син. Не е право ти да го имаш".

Кога го чул ова Агапиј, многу се зарадувал и се свестил, како од длабок сон станат и го нашол своето писмо во раката, поради што уште повеќе се израдувал тој и сите оние кои го виделе и го чуле ова големо Божјо чудо. Тоа се расчуло по целиот свет, па дошло и до ушите на блажениот Леон, кој бил во она времс архиепископ во Рим. Тој го повикал Агапиј за да го виде писмото. Потоа заповедал по сите цркви да се служи благодарствен молебен на Бога и на Мајката Божја. Тогаш мнозина големи грешници се покајале и се надевале на пресвета Богородица. Агапиј се замонашил и остатокот од животот го поминал во покајание, како шго му заповедала Богомајката, по чии молитви и ние грешните да се спасиме. Амин.

lit.sv.dimitrija13.jpgЧУДО 24.
За Теофил што писмено се одрекол од Христа

Во киликискиот град Аданон, во 537 година, живеел некој иконом по име Теофил, маж благочестив и добродетелен. Тој бил настојател на сите цркви и добро ги уредувал. Кога умрел владиката, граѓаните го молеле архиепископот да го хиротониса Теофила за нов владика, но тој од смирение не сакал да го прими тој висок чин. Потоа архиепископот хиротонисал некој друг за владика и му порачал да го почитува Теофила и да го чува добро.
Теофил долго време и служел богоугодно на црквата, но ѓаволот ја замразил неговата правда, па сакал да го погуби, во што и успеал. Некој злонамерен човек го наклеветил кај владиката и овој го намразил и го отстранил од црковната служба. Теофил тоа го поднесувал доста време, но, под дејство на ѓаволот, почнал да жали што го изгубил почесното место без причина. Гаволот го довел дотаму што овој намислил со магии да се врати пак на старата служба. За негова несреќа, имало таму некој Евреин маѓесник, при кого тој отишол и барал помош. Евреинот му рекол: „Јас ќе направам да си ја вратиш првата чест, ако ти му се поклониш на мојот учител и ако правиш она што ќе ти каже тој. Но варди се пред него да не се прекрстиш. И така двајцата отишле на едно осамено место, каде што Евреинот го повикал ѓаволот. За час се собрале многу ѓаволи и меѓу нив седел нивниот началник со голема гордост. Тогаш Евреинот му рекол на Теофила: „Поклони му се на мојот владика" и овој се поклонил. Тогаш Евреинот му рекол на сатаната: „Владико мој, овој човек го истерал владиката, па ти го доведов да му помогнеш". А ѓаволот рекол: „Ако се одрече од Христа, ќе го ставам на поголема чест од првата и ќе има се што ќе посака. Ти ја знаеш мојата сила". И така несреќниот Теофил му дал писмена потврда на началникот на ѓаволите, а тој го прегрнал и го бакнал, па му рекол: „Сега ќе ја видиш мојата сила". Тоа го рекол и станал невидлив.

Теофил отишол во градот со Евреинот и другиот ден го повикал владиката и го поставил на поранешното место и му рекол: „Прости ми за неправдата што ти ја направив". Се зачудиле сите што биле таму. Но, сето тоа било дело на ѓаволот. Тој преку ноќта на сон му се јавил и му рекол дека згрешил со Теофила и треба да го прими.

На овој начин Теофил добил поголема чест, но не бил смирен како порано, а се возгордеал и сите се плашеле од него и го почитувале. Владиката посебно го почитувал. Евреинот честопати одел кај него и му зборувал дека треба да го исполнува она што му го ветил на ѓаволот, бидејќи тој му ја дал таа почест. Меѓутоа, Теофил се свестил и почнал да мисли за вечната мака и говорел во себе: „Тешко и горко мене безумниот! Како се излагав и му станав слуга на ѓаволот за оваа привремена почест? Како не можев да го трпам тоа лишување и како не размислив дека ќе го изгубам вечното блаженство, јас крајно окајаниот? Небесниот Цар кога ќе ме осуди да горам во вечниот оган, кој ќе плаче за моето безумство и кој ќе ме спаси?" За тоа размислувал и плачел дење и ноќе и не смеел да Му се моли на Бога, а само плачел и викал: „Тешко тебе, безумен Теофиле! Како се избезуми и се одрече од Христа? Кој може да го земе ракописот од ѓаволот? Подобро беше да пропаднев жив во земјата или да паднеше оган од небото и да ме изгореше отколку што се одреков од мојот Спасител". По долго каење и плачење, тој почнал да се надева на Божјата помош и милост. Отишол во една Богородична црква. Паднал пред иконата на пресвета Богородица, плачел и воздивнувал од срце, велејќи: „Нема да станам оттука додека не видам знак на милосрдност од милостивата Мајка".

Таму тој плачел и не излегувал 40 дена, а помошта на Богомајката го крепела толку денови без јадење и не го пуштала ѓаволот да дојде при него. По 40 дена, заспал и ја видел Владичицата на целиот свет, закрилницата на грешните и изворот на милоста, која му рекла: „Ти си се одрекол од Мојот Син и како можам сега да се молам за тебе?" - „О семилостива моја Владичице, знам добро дека моето беззаконие е големо што се одреков од Христа, но знам дека Тој е неискажливо милостив и човекољубив и поради нас грешните страдал и спасил многу разбојници и митари. Мојот грев е поголем од сите, но се надевам на Неговата милосрдност и кон твојата закрила и помош прибегнувам. Те молам, дај ми мене, злосреќниот, утеха и не оставај ме така нажален. Се надевам, Владичице, дека со моето покајание ќе го разгневам ѓаволот, кој ме измами. Него јас го зарадував со моето безумие, а ги растажив светите ангели, но сега сакам да ги развеселам со своето покајание. Тој Бог, од кого се одреков, јас Го исповедам од се срце, верувам во спасението на светот и готов сум да ја пролеам и својата крв за Неговата љубов и за осведочување на моето исповедување. Го проколнувам ѓаволот и се откажувам од него. А тебе, Сецарице, те почитувам и пред Тебе се покајувам од целото свое срце, помогни ми!" Пресвета Богородица му одговормла: „Бидејќи се молиш со целата своја душа, јас ќе се молам да се прими твоето покајание". Тогаш Теофил се разбудил и почнал да плаче и да се надева на спасение. По три дена, ја видел света Богородица, која со весело срце му рекла: „Радувај се, Теофиле, затоа што Мојот Син ти го прима покајувањето и ти ги опростува сите гревови. Отсега натаму, до крајот на животот, да донесуваш плодови на покајание и да си споменуваш за таа голема благодат". Тој со благодарност рекол: „Уште за едно ти се молам, Владичице: да ми се даде писмото за доказ дека ми се простени гревовите". Светата Богородица му рекла: „Бој се од Бога".

Тогаш Теофил станал од наземја радосен. Потоа се молел уште три дена и пак му се јавила света Богородица и му рекла: „За да се увериш дека Бог ти го опростил гревот и си ослободен од ропството на ѓаволот, земи си го писмото". Тогаш се свестил и во рацете го видел писмото запечатено, онака како што му го дал на ѓаволот. Голема и неискажлива била благодарноста на Теофила. Тој благодарел и Го прославувал Бога и пресвета Богородица и на сите им раскажувал за Божјата милост и сила. Тоа кога го чул владиката и сите граѓани, се зачудиле и Го прославиле Бога, Кој прави такви чуда и покажува знаци.

Потоа Теофил се одрекол од овој свет, ја оставил светската слава и почести, па служел во Богородичната црква до крајот на својот живот; со строг пост и сеноќни бденија им се молел на Бога и на пресвета Дева Марија. Тој го наследил небесното царство и по смртта телото му останало нетрулежно и правело многу чуда. Ова го опишал неговиот другар Стихијан, за утеха на грешните.

 (Продолжува)

 Друго:

Посети:{moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная