Противотров за депресијата
Дури и младите се раздрмани од интензивни проблеми, внатрешни конфликти, душевни болести и неподносливи изолации. Убави, млади, образовани и богати луѓе се без насмевка – депресивни и песимистични. Ова е епоха на освојувања, откритија, профит и успех, но луѓето се чувствуваат осамени, без душевно здравје и без утеха и радост.